Катастрофа се Ѓорче, можи играта му е подобрена со Мане, ама само 2 утакмица е кај нив, на играчки кадар се чорба, па после Гостивар и Напредок со една нога и овие газат за 2 лига !
Ги пикнавме во шише цел меч, центаро не го поминаја, само реализацијата кај нас е најголемиот проблем, нема кој да заврши, кој да дај гол, иначе акции врзваме, ама таа пуста реализација не кочи..
За голот на Ѓорче КАТАСТРОФАЛЕН кикс на Пашето, колку е само несигурен овај голман, една утакмица убо брани после 3 треси се на голот, со Вардар во Скопје одличен беше овде овај кикс шо го напрај како за Ваташа да брани, па од ко памтам месечари голмани имаме во екипата, освен Павловиќ и Ников кој беа стабилни. Чист поклон му даде Пашето, уште во 1 минута топката беше вратена до него на крајот од 16 метри, на десната нога му дојде топката (а тој е левичар, слаб е на десна) и наместо да исфрли во аут негде ако неможи тој лагано си ја мана, топката стигна до Адем кој имаше празен гол и си погоди за 0:1.
Одма ги стегнавме не мрднаја, тие цела екипа се вратија назад и тешко беше да се дај гол, шанси имаја Воденичаров и Љамче, ама голманот на Ѓорче се разбрани во тој момент, нешто на среќа фаќаше ама добри топки спречи. Се гледа дека со оваа формација шо ја извај денес со 5 средина и 1 напад тешко оди, ништо не напрај во првото Воденичаров. Љамче па само тој имаше 4-5 удари на гол, но на сите шутираше слабо и немаше проблем за голманот. Во второто влезе одма Чаки за Батецот играта доби на брзина со него, пораздвиженот, подруго е со 2 шпица. Воденичаров пак имаше шанса во второто, од слободен нафрли Љубенов, во гужвата Воденичаров ја погоди пречката. Според мене најдобро изиграја Ковачев и Христов ! Секоја чест за овие двајца како 10 години да играт во Пелистер, Ковачев е столб во одбраната, еден од најдобрите штопери во лигата ако не и најдобар, Ники пак го има сегде низ теренот машина е, помага и во напад и одбрана најмногу трча од сите на теренот на секоја позиција е тој, лавовски се бори секоја чест за бугарите
Драгарски исто така стабилен денес, Динчев ако на пријателските беше најслаб, 2 утакмици со ред изигра на ниво! Денес бевме без Елмазовски незнам од кој причини, требаше да паузира Владица поради 5 жолти но играше, можи нема да игра сега во недела. Плус незнам шо видовте толку добро во Владица денес која 5-6 пати му бегаше топката од ноѕе во аут, како да не беше сигурен во себе денес, а за трчање то му е работа оти игра бек.
За голот на Ковачев мајсторија од слободен, 23/4 метри и Пелистер има свој Пирло
А за пеналот немам коментар, како во регионална лига да играме по селата, се караја кој да го изведи пеналот
Пеналот беше напревен над Воденичаров и оправдано си ја зеде топката за да шутира, ама дојде Чаки му се вмеша му ја земаше топката за тој да мава, резили
После неколку тргачења Чаки си ја зеде топката, но Христов му ја собра и оправдано му ја даде на Воденичаров кој беше сигурен, ако не се лажам на пријателските имавме 2 пенали и 2та ги даде Воденичаров значи, сконцентриран е за пеналите и е сигурен изведувач, не знам шо глумеше Чаки за пеналот...
Навивањето катастрофа
си заминале сите од училиште и на фудбал, поќето малишани беа, едни А други Б викат, а бевме солидна бројка.
За во Недела очекувам пак да ги плесниме сега без да примиме гол