Фан Клуб: Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Мислам дека беше во Оризари{Кочанско} што сакаше едно време да го спонзорира Осогово.
Филип Ристевски мислам беше,ако зборуваме за истиот
Не,не овај е од Битолските села...:icon_mrgr:локален(екс)гастабајтер....
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Како што ни беше кажано, во тек е разгледување на сите пристигнати понуди, имено тие се отвораат една по една и се разгледуваат. Ова го прави надлежна општинска комисија на чие чело е г. Слободан Бончаноски. И ова разгледување на понудите ќе трае уште најмалку 2-3 дена, најдоцна до понеделник.......

Пак понеделник. До овде читав и го исклучив
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.557
Поени од реакции
6.212
ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ НА ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ
Голема трагедија за македонскиот спорт. Во сообраќајна несреќа синоќа загина спортскиот директор на македонската фудбалска федерација и поранешен репрезентативен голман, Петар Милошевски. Ова е неговото последно интервју во кое за MacedonianFootball.com говореше за македонскиот фудбал.

Како се чувствувате во новата улога на спортски директор откако теренот го заменивте со канцеларија?

Јас пораснав со националниот тим. Уште кога бев тинејџер во Пелистер, јас бев дел од младинските репрезентации на Југославија, а потоа и на Македонија. Имам чувство дека целиот мој живот сум со репрезентацијата. Ова е нова улога за мене и малку ми е тешко, но работите кои ги научив додека играв ми се од корист и моето долго учество во репрезентацијата ми помогна во новата улога.

Фудбалот отсекогаш бил најпопуларен спорт во Македонија, но во последно време ја губи популарноста од ракометот и кошарката. Стадионите се празни, а националниот тим не може да привлече публика. Има ли ФФМ некаков план за подобрување на моменталната состојба?

Репрезентацијата не ги прави играчите. Тие растат и се развиваат во клубовите. Проблемот е што немаме силни клубови, посебно клубови кои трпеливо ќе работат во развојот на млади фудбалери. Наспроти тоа, имаме тимови кои тренираат 13, 14, 15-годишни деца и потоа ги пуштаат да си заминат.
Ни требаат клубови кои ќе развиваат млади фудбалери, потоа ќе ги промовираат во првиот тим и ќе си ја вратат инвестицијата со продавање на комплетни играчи. Тоа е причината заради која немаме силна репрезентација.
Но тоа не се случи преку ноќ. Ова е резултат на лошите услови низ долги години наназад и мислам дека ќе ни требаат уште многу години за нешто да се подобри.Во моментов сите селектори во федерацијата немаат голем избор за фудбалери. Приморани сме да се фокусираме на откривање млади фудбалери кои растат и се развиваат во странски клубови и да ги доведеме во Македонија.
Ме радува фактот што Шкендија и Вардар имаат сериозни инвеститори и планираат да ги развиваат клубовите на долги патеки. Се надевам дека и другите клубови ќе привлечат спонзори, посебно мојот Пелистер. Тој клуб има богата традиција и е најинтересен македонски клуб за инвестирање.
Да се надеваме дека младинските академии ќе профункционираат заедно со првите тимови. На тој начин првенството ќе ни се подобри и ќе имаме повеќе репрезентативци од нашата лига.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Нека почива во мир,голем чоек....:(
Навистина штета шо ни бегаат трагично најдобрите луѓе...
Стадионот со вештачка трева шо се напрај во Битола е најмногу по негова заслуга,ако не беше тој да зависеше од индијанците наши и ова ќе го немавме.....
 
Последно уредено:

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.303
Поени од реакции
8.278
Голема штета што го загубивме Петар тој беше единствениот Битолчанец во ФФМ од кога паметам немало друг и многу пати помагаше на клубот жално и за неговата фамилија :( некогаш дури ме фаќаат паранои и се ми се чини дека сме проколнати како град и клуб со сите наши загуби ...

п.с.најверојатно ќе се одложи цело коло и ќе се прави испраќање какво што заслужуваше нашиот Петар !
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.557
Поени од реакции
6.212
Голема штета што го загубивме Петар тој беше единствениот Битолчанец во ФФМ од кога паметам немало друг и многу пати помагаше на клубот жално и за неговата фамилија :( некогаш дури ме фаќаат паранои и се ми се чини дека сме проколнати како град и клуб со сите наши загуби ...

п.с.најверојатно ќе се одложи цело коло и ќе се прави испраќање какво што заслужуваше нашиот Петар !
Нема да има одлагање...А инаку дека сме проколнати то е факт :(...
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Одложена е за во вторник во 14:00.
Од клубот побарале оти сакале недела да присуствуват на погребот на Петар.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
По нецелосното 22 коло од 1 МФЛ се знае распоредот на Фк.Пелистер до крајот на сезоната ...

23.коло Пелистер-Македонија.ѓ.п.
24.коло Напредок-Пелистер
25.коло Пелистер-Гостивар
26.коло Ренова-Пелистер
27.коло Пелистер-Металург
28.коло Пелистер -Еуромилк
29.коло Вардар-Пелистер
30.коло Пелистер-Работнички
31.коло Турново-Пелистер
32.коло Пелистер-Брегалница
33.коло Шкендија-Пелистер
тешко ќе биди,имаме во гости баш со фаворитите[DOUBLEPOST=1394984343][/DOUBLEPOST]По нецелосното 22 коло од 1 МФЛ се знае распоредот на Фк.Пелистер до крајот на сезоната ...

23.коло Пелистер-Македонија.ѓ.п.
24.коло Напредок-Пелистер
25.коло Пелистер-Гостивар
26.коло Ренова-Пелистер
27.коло Пелистер-Металург
28.коло Пелистер -Еуромилк
29.коло Вардар-Пелистер
30.коло Пелистер-Работнички
31.коло Турново-Пелистер
32.коло Пелистер-Брегалница
33.коло Шкендија-Пелистер
тешко ќе биди,имаме во гости баш со фаворитите
 
Последно уредено:

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Нека си изнајман некоја викендичка овие од Ѓорче за до недела, поевтино ќе ги фати отколку пак да идат со автобус :D
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.325
Поени од реакции
5.303
Добар распоред, подобро и што сме 4 место!
На првите 3 кола не гледам некој проблем да извадиме максимум, не гледам некој тешки гостувања освен со Вардар и Шкендија, со другите ќе можиме на гости! И секако дома ни се потешки со Еуромилк и Работнички.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.303
Поени од реакции
8.278
Подобар распоред не можевме ниту да имаме сега се зависи од фудбалерите како ќе изграат се надевам дека другарите од Пелистер и Македонија.ѓ,п. нема нешто да изматат и следните кола четири кола ќе имаме само победи а со тоа да останиме во горниот дел до табелата ...
Утре очекувам тежок натпревар после загубата на Петар но се надевам дека ќе се надминат фудбалерите и ќе не израдуваат со победа само колку сега жалам за некој загубени бодови без потреба од судиите и ќе имавме барем уште 7-10 бодови повеќе ...
Освен повредата на Благојче сите фудбалери се во комбинација и се надевам дека ќе играме по офанзивно иако немаме класичен шпиц

Како додатна инфузија се надевам дека конечно ќе ги објават имињата на понудувачите за купување на клубот а со тоа да се зголемат и апетитите и мотивацијата кај сите во клубот и околу него !
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Мислам дека не треба да ги подценуваме противниците. Да видиме најпрво утре, во улога на фаворити, како ќе се покажиме. Гостинските ни се сите тешки со исклучок на Напредок, кој не сакам да го подценувам, бидејќи ни зеде драгоцени 2 бода. Дома со Работнички и Металург. Распоредот не е лош, ама можеше подобар :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom