Филмот е Пауло Коелјо look-a-like приказна и е доста површен, во секој аспект. Освен што визуелно изгледа перфектно! Еве ја и мојата „рецензија“, ако ти менува нешто:Да се гледа или не ?
The.Secret.Life.Of.Walter.Mitty.2013.720p.WEB-DL.H264-PublicHD
The Secret Life of Walter Mitty
![]()
The Secret Life of Walter Mitty - онака... Не е којзнае колку лош за да се хејта, иако е предвидлив - must say that. Ама не е ни којзнае што. Морам да ги пофалам колоритноста, одличната фотографија, Бен Стилер како актер (ме изненади, да бидам искрен - очекував многу полошо од него), па дури и Бен Стилер како режисер (мислев дека е некоја шега кога видов дека филм на Бен Стилер е кандидат за Оскар). А она што од филмов го заклучив:
[некој може да ги смета за спојлери, иако не се. Во секој случај внимавајте]
-постоела приказната за Алхемичарот и пред Пауло Коелјо;
-богатството е до нас, не е во Обединети Арапски Емирати;
-животот е прекраток да го потрошиш на соништа;
-морам некогаш да појдам во Исланд! Мо-рам!
[/некој може да ги смета за спојлери, иако не се. Во секој случај внимавајте]
Немам што повеќе да додадам.
IMDB оценка: 7,7 Моја оценка: 7/10
Ако ти е за тепање време, гледај го, инаку - бриши од хард диск!