- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.888
- Поени од реакции
- 14.441
Можеби е рано за да се отвори темава, но на интернет прокружија и првите слики и информации за новиот албум, па бидејќи најверојатно ќе се најде во продажба кон почетокот на април, треба да се загрееме посовреме. Според првичните информации албумот ќе има 72 страни со вкупно 640 сликички, односно по 19 за секоја репрезентација плус најверојатно стадионите како и секоја година и светкавите од првата страна. Америчката верзија ќе содржи 7 сликички во едно пакетче, но според досегашната традиција, на нашиот пазар најверојатно ќе се задржат пакетчињата со по 5 сликички внатре. Лично очекувам цената на сликичките да порасне на 30 денари, а ќе биде топ ако се задржи досегашната од по 25.
Кајганџии, дали како и на секој голем фудбалски настан ќе ја продолжите традицијата на собирање сликички? Дали ќе одите на тоа да го пополните цел или пак ќе го купите само за пополнување на резултатите? И нормално, најбитното, информации и договарања за размена се задолжителни на темава
.
Модераторот нека ја премести темава во подфорумот за Светското, кога истиот ќе биде отворен