FIFA World Cup Brazil 2014 - Panini Sticker Album

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Можеби е рано за да се отвори темава, но на интернет прокружија и првите слики и информации за новиот албум, па бидејќи најверојатно ќе се најде во продажба кон почетокот на април, треба да се загрееме посовреме. Според првичните информации албумот ќе има 72 страни со вкупно 640 сликички, односно по 19 за секоја репрезентација плус најверојатно стадионите како и секоја година и светкавите од првата страна. Америчката верзија ќе содржи 7 сликички во едно пакетче, но според досегашната традиција, на нашиот пазар најверојатно ќе се задржат пакетчињата со по 5 сликички внатре. Лично очекувам цената на сликичките да порасне на 30 денари, а ќе биде топ ако се задржи досегашната од по 25.






Кајганџии, дали како и на секој голем фудбалски настан ќе ја продолжите традицијата на собирање сликички? Дали ќе одите на тоа да го пополните цел или пак ќе го купите само за пополнување на резултатите? И нормално, најбитното, информации и договарања за размена се задолжителни на темава:D.

Модераторот нека ја премести темава во подфорумот за Светското, кога истиот ќе биде отворен :).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.769
Поени од реакции
14.041
Брат ми вчера ми кажа дека веќе го имало албумот да се купи видел во тинекс ама рано е уште нека помине уште еден месец бар и забавата може да почне :)
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Реално претерана е цената 30 ден. за пакетче од 5 сликички. Вака ако продолжат да накачуваат СП 2026, 50 ден. ќе биде пакетче, а интерес за собирање се помалце гледајќи ги новиве генерации и нивната незаинтересираност.
П.С. почнав да тргам секој ден по малце на страна за кога ќе искочат официјално да ги дадам сите наеднаш :cool:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Зошто нема под играчите датум на раѓање и моментален клуб? Секогаш сум барал низ албумот со кој играч сум роден на ист ден. :place:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.867
Поени од реакции
11.487
Зошто нема под играчите датум на раѓање и моментален клуб? Секогаш сум барал низ албумот со кој играч сум роден на ист ден. :place:
Ја па гледав кој е најлесен, кој е најтежок, кој највисок, кој најнизок. :D Како и да е, јас престанав веќе да собирам ова, едноставно премногу пари одат, иако ми било секогаш мерак. Отварањето на пакетчињата, радувањето ко ќе ти се падне некој играч од твојот тим или кога ќе ти се падне некоја светкава :D. А најфејл моменти беа кога лошо ќе ја залепам сликичката...ко ќе се паркираш укосо на две паркинг места.
2006 цел го собрав, 2010 мислам почнав ама се откажав при почетокот...ама и они претераа со бројот на сликичките. Од секакви глупости се ставаа, не знам дали ви текнува на ЕУРО 2008 мислам беше, само 16 селекции, а имаше околу 500 сликици. А и порано 20 денари беше пакетчке, бар 2002 ми се чини кога ми беше прв албум.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Зошто нема под играчите датум на раѓање и моментален клуб? Секогаш сум барал низ албумот со кој играч сум роден на ист ден. :place:
јас барав се додека еден ден не видов дека сум на исти ден со Раул Албиол. Од тогаш страв ми е :D

блесава работа што чини 30 денари, сигурно има и едно 5-6 фудбалери што ќе се паднат дупликат по 100 пати :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Јас па барав кој стадиум највише собира, па правев компарации со стадионите во Македонија, профи сум нели :cool: Од овие албуми на Панини Светското 2010 ми беше последен, ама тогаш веќе бајги пораснати бевме и само јас собирав па го немаше оној филингот како на пример за Светското 2006 кога сите се мењавме, па на час вртевме да видиме кои ни фалат кои не, па некоја професорка ќе ни ги земеше и немаше да ни ги даде без родител, времиња... Него гледам нема ич некаков интересе кај помалите генерации воопшто за албуми, порано знам хит беше и за Лига на Шампиони албумот, а Светско и Европско беа делириум, сега да не прочиташ вака ќе незнаеш дека излегло... :(
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Па глеате дека ни имиња на играчите нема, дека сето тоа (заедно со висина/тежина/возраст) е сместено на самата сликичка. Си ебале мамата. Ќе мора сеа да го напуниш.

Времиња беа тоа, кога немаше компјутери, интернет, мобилни... сите ЕП/СП албуми од 1998 до 2004 ги листав по мал милион пати. Прво ги подредуаш по број на собрани играчи (од која репрез. имаш најмногу), па возраст, па од кој клуб има највеќе итн...

Инаку ја имав обичај да купувам по малку во текот на еуфоријата и после у септември по трафикиве ги шиткаа за 10/15 денари тие што им останале, купувај по цели пакети тогаш по пола цена. :нинџ:

п.с. на втората слика од првиот пост јасно може да се види доле како пишува дека ќе има online албум.

http://www.fifa.com/stickeralbum/

Capture the spirit of the 2014 FIFA World Cup Brazil™ and collect your favourite players with the Panini Online Sticker Album!

From 15 April, the search begins to complete yours.

Save the codes found and see you soon!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
За да се нафатиш да го збираш треба да си скапано богат или да е по 10 ден пакетче и да има ко во америчката верзија, 7 сликички.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На Гуарин од ПЕС да не му ја извадиле сликава. :facepalm:
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Зошто нема под играчите датум на раѓање и моментален клуб? Секогаш сум барал низ албумот со кој играч сум роден на ист ден. :place:
Има од левата страна на сликичката датум на раѓање

П.С тие што купувате српски ТИП ќе има во петок заедно со весникот и албум за светсково
 

Kajgana Shop

На врв Bottom