Дечко 80% од Македонците во Металург играле за Вардар и си заминале за поголеми плати
Како може да речиш дека Вардар ги уништил???
Не тропај глупости ќе ти се смее народот
Оф мори мјко, најде кој да зборува, па и ќе ми се смееле

Ако моите постови се за смеење, твоите се за плачење, па дури и лајкој ти ставиле, гревота

Ама со овој образовен систем -толку. Класичен пример.
Ај ко за таков пример, одново.
Прво, јас како неутрален ни ме боли за Металург, ни за Вардар. Ме боли за мак рамометот.
Второ-ко се објави веста дека Металург ги зел Борозан и ова крилово шо треба да дојди, јас бев прв кој тука критикуваше за таа политика, ама некој треба да прочита, неколку поста поназад е. Знајш шо е прочита, така?
Трето-сите сте се фатиле за играчите кои од Вардар заминаа во Металург. Зошто сите заборавате дека имаше и МРК Вардар и дека таму имаше играчи кои НИКОГАШ не добија шанса во Вардар, туку наместо нив се носеа Срби од 2 и 3 лига, кои беа барем 1-2 класи послаби од тие играчи? Кај е сега МРК?
Четврто-ако овие играчи заминале од Вардар во Металург за ПОГОЛЕМИ плати, значи дека некој го препознал и ЦЕНЕЛ нивниот квалитет и решил конечно да им даде шанса да бидат носители на играта на тој клуб, за разлика од оној другиот кој повеќе ценеше Срби од 2 и 3 лига, па истите тие играчи ја делеа минутажата со нив? Крај краева, им платиле на МАКЕДОНСКИ играчи, не на странци. Истите тие играчи, во периодот кој го минаа во Металург напреднаа 10 пати него дур беа во Вардар.
Петто-еве сега Вардар е многу побогат од Маталург. Зошто еве сега не ги врати назад ко има пари за побогати договори? Или побитно е да се собери целиот шкарт од Медведи со исклучок на Дибиров?
Некои работи не се за зборување- треба прво да се согледа реалноста, после да се лупа на тастаура без везе.
Позз