Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ме интересира вашето мислење, имамо шансе со Вуко Борозан за подобра сезона?
Ме интересира вашето мислење, имамо шансе со Вуко Борозан за подобра сезона?
Божем си го гледал некогаш па знаеш како игра
@fkpromaja друже не знам како очекуваш за некој да ти каже збор-два за типов кога доаѓа од тим како Карловац. Кај очекуваш некој да ги следел мечевите на Карловац?
Има уште 3 години договор мислам, така да тешко да си оди.Што бидна со изјавата на Червар од почетокот на сезоната дека оваа му е последна сезона и се враќа во домовината?
Шо се случува со Нелоски? Почна пак да тренира или не?
Инаку, ако си отстои Лино на зборот, в година да форсира млади играчи би било добро. Треба да му се кажи чао на паразити како Мандиќ, Кеџо, Топиќ (уште е тука овој или не?), Мојсоски да добие улога на тренер во младински погон за да се подмират сметките со Номче, па Мијатовиќ, Димоски.
Да се дава многу поголема шанса на Пешески, Костески, Крстески, Нелоски???, Талески и некои дуги од младинскиот погон.
Ако носат нов играч, уште еден пикер им фали и готов тим.
Металург има одличен состав, а позиционо мислам дека би било вака
Голман-Станиќ, Митрески, младинец-Ако на Станиќ не му збрчи нешто во глата би било топ. Нека му се продолжи договорот на уште 2 години, нека земи и плус пари, само да брани ко шо треба. Митрески е и повеќе од достојна замена.
Пикер-Да се донеси нов, екстра класа некој и Маркоски и Пешевски. Добро покриена позиција.
Лево крило-Манасков и Ојлески, плус младинец. Нема потреба да се менува.
Десно крило-Георгиески секако игра најголем дел од утакмиците, па зато со еден Коестеки и плус уште еден млад играч од Јуниор-топ.
Бекови-Вугринец, Мојсо, Борозан???, Циндриќ, Миркулоски, Атман, Пецако, плус 3-4 младинци.
Одлично покриен тим.
Само сакам в година младинците да добијат далеку поголеми шанси. Во интервјуто Лино то го вети.
Секоја година ќе биде вгодина? Мислам рече дека ќе форсира млади оваа година. Веќе кога не му дава шанса на Никола, можеше Пешевски да го пушта во Сеха повеќе да го одмори Димовски. Исто Талевски според мене требаше повеќе шанса да добива.Шо се случува со Нелоски? Почна пак да тренира или не?
Инаку, ако си отстои Лино на зборот, в година да форсира млади играчи би било добро.
Дали искрено мислиш дека со младинци може да стигне до осмина/четврт финале? И зашто сте против странци,не е екипата репрезентација па е грев да има странци.Млади да,али прво за СЕХа на тренинг па кого биде биде.
Реално без странски топ врвни ракометари ништо не се прави,дома и нема некој бог знае квалитет,да не летиме у облаци безпотребно.
Незнам како стои табелата, ама ако Металург нема веќе шанси за финал 4, нека ги пушти децата, макар на 2-3 утакмици.