Не дека го бранам Велбек или го споредувам со РВП или Руни зошто обично овде кој ги стави во иста реченица одма сваќа дека се споредуваат...Велбек годинава кога играше како шпиц, како класична 9ка во најголем дел од натпреварите постигнуваше голови, додека кога беше поставен бочно немаше можност за такво нешто, а нормална причина е што на крилна позиција веројатноста да постигнеш погодок е помала од позиција на класична 9ка ради х причини (да не ги набројувам сега).
Но не ми беше тоа муабетот. Овде само за Велбек се зема критериум промашена шанса, а тој критериум не е во случај за Руни,РВП,Чичарито...Зошто е така? Ме интересира тоа баш. Не сакам одговор РВП ни донесе титула лани и простено му е него промашување. Ете против Олимпијакос една круцијална шанса имавме во тек на цел меч, РВП погодувал и од потешки ситуации, а тој се испонаша аматерски. Зошто тие што даваат критики за напаѓач не го зедоа во предвид тоа промашување (кога се зема критерум промашена шанса), а да беше пример Велбек со истата реакција овде ќе имаше реферати и мислења по 10 страни. Ете можеби тоа промашување на РВП може да биде многу важно при можна наша елиминација во ЛШ. Зошто пример никој не го прокоментира промашениот зицер 1 на 1 на Чичарито против Сандерленд во 88+ минута во 1/2 финалето на Карлинг Купот на ОТ кога со 2-0 немаше ни да се играат продолженија и ќе бевме во финале? Ако земате за критериум промашена шанса, земете ја за сите и тогаш објективноста е друга. Не сакам уште еднаш со ова да испадне споредба и да се развие дискусија од тип Велбек vs. Руни/РВП. Јасна е предноста на Руни и РВП од аспект на квалитет пред Велбек и затоа се во преден план пред него. И друго нешто...нормална работа е и напаѓач да згреши, и напаѓач да промаши, се случувало празен гол да промашува и Роналдо и РВП и Руни...не е тоа нешто ново. Затоа јас не ги коментирам и поединачни промашувања зошто 1-2 или 5 промашувања на РВП мене не можат да ме убедат дека не е класа напаѓач, како што исто толку промашувања не можат да ме убедат дека нема големи подобрувања кај Велбек од оваа сезона со Велбек од минатата сезона каде е 20 пати подобрен и има повеќе од солиден придонес со оглед на тоа колку играл на природна позиција.