Што одрекуваш поконкретно? Дека нема луксусз во МПЦ? Или дека луксузот не е ништо забрането според христијанството?[DOUBLEPOST=1394580630][/DOUBLEPOST]
Ај да видиме што се имаат "селските презвитери, кои едвај крпеле крај со крај":
Колкаво е богатството на МПЦ?
Во македонските цркви се слеваат огромни пари по разни основи. Но кога и да се отвори ова прашање во јавноста, тоа секогаш предизвикува остри и жестоки реакции од црквата. Зошто македонските свештени лица не сакаат да зборуваат на оваа тема. Дали религиските организации станаа економски институции?
Секогаш кога граѓаните ќе влезат во црковен објект и сакаат да извршат некој религиски обред за коишто им е потребен одреден предмет кој што ја означува симболиката на обредот до него стои ценовник за тој предмет или ценовник за соодветната религиска услуга, за соодветниот религиски ритуал. Токму тие ценовници ги иритираат граѓаните бидејќи канонски не можеш и не смееш да дадеш вредност за религискиот ритуал.
За венчавка, крштевка или погреб од 2500 до 6000 денари
Иако, според религиските норми, светите книги, никаде не се фаворизира плаќање за одреден обред, туку напротив се оди по правилото верникот да плати кој колку има, сепак во голем дел од македонските црковни храмови можете да најдете ценовник за извршување на одреден обред. На пример, чинот на венчавката кој ќе го изврши еден свештеник чини 4.000 денари, а со тројца свештеници околу 100 евра. За крштевка потребни се 3.000 денари, а за погреб – 2.500 денари. Дополнително иритирачки за македонските верници е што сепак ова е ценовник кој не е по правилото кој колку има и уште повеќе што и оние кои ќе платат за ова не добиваат фискална сметка. Токму неодамнешниот обид за фискализација и оданочување на црковните обреди од страна на државата наиде на жестоки реакции пред се од црковната јавност.
Од мерцедеси преку џипови до цитроени – возниот парк на владиците
Дополнителен фрустирачки момент кога станува збор за црквата е возниот парк кој го поседуваат македонските владици. Иако во последно време избегнуваат да се појавуваат во јавноста. Македонските владици низ земјава се возат во речиси нови автомбили (не постари од 10 години) но изгледаат поприлично луксузно. Според информациите кои за Фактор ги потврдуваат црковни извори, Поглаварот на МПЦ Охридска Архиепискппија, гг Стефан се возел во Мерцедес од висока класа, но и во џип Гранд чироки. Митрополитот Агатангел се возел во џип Тојота ленд крузер. Владиката Иларион имал исто така џип, но се откажал од него, го продал. Според нашите информации, Владиката Петар наводно се возел во Ауди А6 или А8, но имал и Берлинго. Владиката Наум имал Фолксваген пасат. Владиката Пимен возел Ауди А4, а владиката Методиј наводно има евтин стар американски џип. Во црковната ергела ги немало повеќе крајслерите, велат нашите црковни извори.
Речиси никој не знае со колкав имот располагаат македонските верски заедници
Со завршување на процесот на денационализацијата МПЦ-Охридска Архиепископија и ИВЗ немаат пресметки со што сé располагаат. Црковни извори велат дека досега е вратен и не толку мал дел од целиот црковен посед. Во голем дел имот се враќа и преку обврзници, што според црквата се намалува вистинската вредност на имотот на црквата. ИВЗ исто така располага со не така мал имот. Се претпоставува дека на крајот од денационализацијата двете најголеми верски заедници ќе бидат меѓу најголемите земјопоседници во Македонија.
Извор
Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!
МПЦ и поглавараот г.г. Стефан јавно тврдеа дека хотел Изгрев не е загубен, дека е нивна сопственост. Но, Вечер прв дозна дека, пред некој ден, тие за еден и пол милон евра го купија хотел Изгрев во Струга! Кој го продал хотелот ако е сопственик МПЦ, како што тврдеше г.г. Стефан?! МПЦ нема на сметка еден ипол милион евра свои пари за да го купи назад сопствениот хотел, чии пари се тогаш во трансферот?! Дури и да имала пари, МПЦ нема одлука на Синодот еден така голем износ да се потроши за купување на хотел кој е претходно веќе загубен заради сомнителни трансакции токму од МПЦ
По правосилно судско решение, и завршена управна постапка за сопственици запишани во Катастар, извршителот Марјан Деребан го ставил хотелот на лицитација, откако добил известување дека жалбата на германската ЛХБ банка како доверител е одбиена. И, сосема неочекувано за пошироката јавност, на лицитацијата се пријавила само МПЦ, и за хотелот Изгрев понудила 1,5 милион евра.
Вечер, а по него и други медуими, веќе пишуваа дека хотелот Изгрев не е сопственост на МПЦ туку, со сомнителни трансакции, Црквата го загубила хотелот заради долг кон Банки и лица од Струга. МПЦ ова го демантираше, дури пуштија и клетви кон новинарите дека се луѓе кои не ја сакаат Црквата, и затоа шират невистини. Што била вистината, гледаме и деновиве.
Доверители, покрај германската ЛХБ банка, беа Тутунска банка од Скопје и една приватна фирма на македонски Албанец од Велешта, Струга. Извршителот Деребан вели дека со овие 1,5 милион ќе бидат вратени главните долгови за кредитите кон Тутунска банка и кон фирмата Авел ДООЕЛ од Велешта, без да прецизира детали како и зошто само МПЦ се јавила на лицитацијата за хотелот. Немаше ни детали за потеклото на парите, дури еден и пол милион евра на МПЦ за овој трансфер.
Шокантно е тоа што никој во МПЦ од членовите на Синодот не знае, ниту дека МПЦ повторно го купила хотелот Изгрев, ниту пак е јасно од каде на МПЦ толкава сума пари, за да учествува во лицитација за хотел, за којшто архиепископот Стефан до скоро тврдеше дека хотелот е на МПЦ. Според досегашните изјави на г.г. Стефан, МПЦ сега сама си го купила сопствениот хотел, а милион и пол евра црковни пари (што значи наши, заеднички пари на сите верници) за ништо отишле во нечии раце. Владиците на МПЦ велат дека ваква точка на дневен ред на Синодот, да се најдат пари потрошат за хотел, воопшто не била ставена и дека архиепископот самоволно во координација со својот финансиски советник Димитар Белчовски, поддржан од браќата Миладинови, влегле во оваа идеја за повторно купување на хотелот Изгрев. Вечер дознава и дека пред три дена, на гости кај архиепископот г.г. Стефан, биле токму двајцата браќа Димитар и Ѓорги Миладинов.
Инаку МПЦ е сопственик на хотелот Изгрев од 2001 година. Набргу потоа, повторно без знаење и согласност на Синодот и без јавно објавен тендер хотел Изгрев е даден на управување на браќата Миладинови, заедно со хотелот Бисер, кој го доби како денационализација. Вечер пред две години прв ги објави скандалозните хипотекарни договори во кои, со црковен имот како залог од неколку банки беа подигнати кеш пари, неколку милиони евра, за кои никој во Синодот на МПЦ, до ден-денеска, не објасни каде завршија.
Извор