Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Еврејскиот календар е месечев, се води/пресметува според месечевите мени кои вкупно траат цца 28 денови.

Црковниот календар, јулијанскиот, е сончев календар и се пресметува според бројот од денови во еден месец од цца 30, односно една сончева година, 365/366.

Великден никако не смее да падне пред еврејската пасха или на самиот ден од еврејската пасха, туку само после неа. Затоа Великден паѓа во распон од почетокот од април до почетокот од мај.

Еврејската Пасха („пасха„=„премин„) е празник за сеќавање на денот кога Мојсеј ги извел Евреите од египетското ропство-премин од ропство во слобода.

Великден е рисјанската Пасха, кога Христос воскресна-премина од смрт во живот.

Црквата не смее да има ништо заедничко со јудаизмот па затоа „бега„ од нивниот пасхален празник.
Автоматски споено мислење:



„Каменот„ не е Црквата, туку Е Христос, а „ѕидарите„ се Евреите, кои Го отфрлија Христа, не Го препознаа како ветениот Месија, пророкуван уште од старозаветните еврејски пророци,

Како што Евреите си ги убиваа пророците, Го убија и новозавениот Месија-Христа, оти и Он не им беше по мерак...
Пак не ми е сватливо, некако не го резонирам. Што има врска кога на евреите им е пасха, кога сака нека им биде, дали пред или после нашиот Великден, сеедно и сеедно по кој календар и како евреите го сметаат датумот на нивниот празник. Моментот е дека ние Великден не го славиме на денот кога се случил настанот како историски факт, што според мене би бил исправен пристап, туку го славиме во зависност од тоа кога на евреите им било пасха. Кој би бил проблемот ако го славиме како историски факт на точно определен ден кога се случил т.е кое е оправданието да го славиме како подвижен датум?
 
Пак не ми е сватливо, некако не го резонирам. Што има врска кога на евреите им е пасха, кога сака нека им биде, дали пред или после нашиот Великден, сеедно и сеедно по кој календар и како евреите го сметаат датумот на нивниот празник. Моментот е дека ние Великден не го славиме на денот кога се случил настанот како историски факт, што според мене би бил исправен пристап, туку го славиме во зависност од тоа кога на евреите им било пасха. Кој би бил проблемот ако го славиме како историски факт на точно определен ден кога се случил т.е кое е оправданието да го славиме како подвижен датум?

Има врска, и тоа каква...

На пример:
- фарисеите постеа во понеделник и четврток, рисјаните постат во среда и петок (цел: да се разликуваме од јудеите),
- Евреите слават старозаветна Пасха, рисјаните слават новозаветна Пасха (цел: да се разликуваме од јудеите),
- Евреите „као„ се држат до Стариот Завет, а рисјаните даваат предност на „новото„ на Новиот Завет (цел: да се разликуваме од јудеите),
- на првиот Апостолски собор во 48-мата г. од н.е., Апостолите составија одлуки со кои конечно се раскинува врската и традицијата од/со јудаизмот и неговото практикување од страна на тогаш покрстените Евреи (цел: да се разликуваме од јудеите).

Празниците кои се слават во помесните православни Цркви не се астрономско-календарска егзакност, туку имаат улога на „постетувачи„ на историски настани и ликови, кои Црквата ги смета за битни.

Подвижоста на Великденскиот празник не е поврзана со точниот ден од Христовото воскресение, оти тоа не е најбитно, туку е битно дека на Велика Сабота слегува Светиот Дух на гробот Христов, Кој Е доказ и потврда за точноста од денот во кој се слави Христовото воскресение.
 
Каде и кој свештеник Јован (!!!) го пишувал Откровението?...
Јован старешината

„Еусебио цитирајќи го Папиј споменува двајца со тоа име,апостолот и старешината.Стилот на изразување е различен од евангелието и Јован 1,2,3.
Дионисиј од Александрија го подржува таквото толкување.

Во Откровение, „Грчкиот“ е доста архаичен и се користат многу стари еврејски изрази, додека евангелието има доста пообликуван стил, јасен и литературно уреден.


Патем кажано, Св.Ап. Јован вели дека видел град со одредени негови атрибути, не дека видел симболика...
Православната црква ги прифаќа толкувањата на Свети Андреј Цезариски и на други светци, а тие гласат

„Ап.Јован го напиша Евангелието во мир и благодат, а Откровението го доби во изгнанство, исполнет со божествени виденија и во состојба на духовен занес. Затоа зборот му е поинаков — не човечки, туку обземен од тајната на она што го видел.“

Јас не се согласувам со него за авторот, конкретно ги подржувам толкувањата на светците пред него, како Еусебио и Дионисиј.
Зошто? Бидејќи доаѓаат од цитати на Папиј, кој е еден од најстарите црковни писатели.
Едноставно, има преголеми разлики за да може да се заклучи дека е истиот човек.

Многу луѓе имаат визии и соништа, кои најчесто се толкуваат симболично и имаат некоја поука.

Во Генесис и Ексодус има такви примери каде што соништа и визии се интерпретираат ..
Автоматски споено мислење:

Ви братчиња неможете да се договорите меѓу себе што е тачно а што не у Библију, дали некој с'нуваја,халуцинираја или симболично зборија.
Чекај сега, нели според тебе Пророкот ништо не знае?

Како тоа ние треба да се договараме?
Што имам јас со него да се договарам?

Овие интерпретации доаѓаат од изучување на ракописи, ако имаш некое прашање и нешто те интересира, може да бидеш угостен на INTF(Institut für Neutestamentliche Textforschung)
Се наоѓа во Универзитетот во Мунстер

Наравно дека скоро цела книга е метафорички напишана, зар стфарно веруете у бајковити работе што некој ги диктираја и пишуваја пред 2 до 3 милениуми тоес и у двата зевата.

Mark 8:22-26​

„Jesus Heals a Blind Man at Bethsaida​


They came to Bethsaida, and some people brought a blind man and begged Jesus to touch him. He took the blind man by the hand and led him outside the village. When he had spit on the man’s eyes and put his hands on him, Jesus asked, „Do you see anything?“
He looked up and said, “I see people; they look like trees walking around.”

Once more Jesus put his hands on the man’s eyes. Then his eyes were opened, his sight was restored, and he saw everything clearly. Jesus sent him home, saying, “Don’t even go the village.”

Дали знаеш како се нарекува оваа состојба?
Конкретно кога он вели „I see people, they look like trees walking around“?

Зшто некои работе по потребе се избацуеф од Библију?
Бук оф Енок?
Елиенс?
:icon_mrgr:
Бидејќи е псевдоепиграфско?
Напишано некаде од 3 век п.н.е фо 1 век од наша ера..?
Логички малце?

И ај да не иду офтопик, зшто православие се решило за закоп, а некои други за кремирање, а устфари ваш месија, син божји ставен и пештеру?
Турлитава.
Кремирање е римски пагански обичај, има доста историски наоди за тоа.

Додека Исус е закопан по еврејски обичаи и тогаш сеуште Христијанството не се појавило.. Логички можеби?

Што сега Исус на крст бил распнат, дали тоа значи дека и ние истото треба да го правиме?

Типот на прашања кажуваат какви ти се намерите, ниту се поврзани , ниту имаат некоја смисла..

Во формална дебата, тоа значи „loaded questions“ , форми на прашања кои содржат претпоставка на вина(во овој случај)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom