Чекај бе друже нели ти не беше од ФА, неутрален гледач беше? Некако се ти знаеш за секоја можна група по нешто. И се некако за ФА збориш во суперлативи, а сите други не чинат.
Нели им забранивте на вашите членови да коментираат на кајгана, пошто секакви фаци тука коментирале?

Навивале 1000 души од срце, јака муда. Ако вчера не сме имале добро навивање, не значи дека секогаш било така. Колку пати сте биле боранија жива, кога плачевте како сте немале лидер, како сте требале на свинскиот Коки да се угледаат вашите воџи. И ние и вие сме имале одлични изданија, само што вашите изданија можете да ги броите од последните 5 години, додека Комити тоа го правеле 15 години пред вас.
Се мани се наоѓаат кога се Комити во прашање. Од ваму се читало од онаму не, па како сакаш странично да се прочита бе лепи?
Може ли да прочиташ парола ако си во ист ред со нејзе? Дали исто ќе се читаш од најгорни редови и од доле на теренот?
Зависи од кој агол гледаш така ќе се чита.
Сликано од право (како што е и вашиот клип) се чита одлично.
Прошлото дерби на кое присуствуваа и двете групи Комити имаа феноменално навивање, особено кога згрмивме после 15-те минути бојкотирање, таа јачина на навивање сите групи од Македонија да се соберете нема да ја достигнете.
Кај ти се тие 1000 луѓе што навивале со срце на клипот твој?
Или далеку е ако салата не ти е на три минути од дома?
Па се фалат имале подобра организација. Имате кога сте 100 души на трибина +50 ради поставеноста околу влезовите која визуелно ви ја зголемува бројката. Немаме ние сјајна организација ама оди во нагорна линија. Групата смени целосно раководство, се работи одлично и нормално дека не може се да биде најсјајно одеднаш.
Сум ви го прочитал вашиот форум и за исти работи плачете како и нас. И вие не смеете ништо да им речете на фаците што се по 35-40 години. Сакале гага маици, не седеле со вас на трибина итн

Исти курац кај нас, тие што стојат горе се некои постари фаци кои за жал се навивачки заостанати некаде во 90-тите.
Како викавте, кога ви бил последниот организиран состанок во групата?

Податок кој стварно покажува дека организацијата ви е на највисоко ниво.
Не се лажи себеси, сите групи опстојуваат ради група помлади поединци кои работат 24/7 за доброто на групата, на трибина на дерби одат уште еден куп изгубени фаци покрај оние 200-300 души што групите ги имаат како реална бројка на навивачи, дечишта и изгубени фаци кои одат со глава во ѕид иако врска немаат и имаш уште стари фаци од 90-тите кои мислат дека е уште времето на Ѕинго. Ниту ние сме понапред ниту вие, ниту било кој друг.
Сите се тиња, со мое мислење дека нашето време допрва престои, вие некако дојдовте до врвот и од тогаш ништо ново, само стагнација и огромен пад во бројката.