Секогаш кога гледам дека велите дека на Истокот и на Западот им е гајле за Украина, во Африка умира по едно дете. Новото шаховско поле е во Украина.
Брату дали ти си информиран во врска со тоа дека поранешните припадници на „БЕРКУТ“ дека добиле руски пасоши во рускиот конзулат на Крим?Дали ти е позната нивната изјава пред камери што кажаа во врска со тоа кој штитеа на Мајдан?
Пукаа радикали на Мајдан и фрлаа молотови коктели, секако, ама откако беше наредено чистење од страна на Јанукович.За тоа има и документи.....
Еве ти фотка од плакат на Мајдан со кој на протестантите им се укажува разлика меѓу Беркут и внатрешната војска на Украина (тамошна обична полиција).
Дали си информиран дека Беркут единицата е фактички платеничка војска? Го штитат тој што ја плаќа. Секаде имаш примери на ваква војска. Радикали а? Сега се радикали, нели беа антирусофили? Проевропски настроени граѓани? Епа заради таквите радикали денес Кримскиот полуостров не е под јурисдикција на Киев.
Ти знаеш ли колку проруски Украинци има во Украина? Кој ги прави оние проруски демонстрации од Одеса до Харков со руски знамиња и кој бара припојување на источна и јужна Украина кон Русија?
Тоа се руси внесени од зад урал. Нема шанси да се Украинци. Тоа би бил одговорот на Борг.
Кога сме веќе кај Атина, една интересна дилема ми се јавува... протестите во Атина зошто не ги подржа САД? Во најмала рака траат шеес пута повеќе од Украинските.
Затоа што во Атина веќе има демократија, после граѓанската војна таму беше воведена демократија. Сега Украина, Белорусија и Русија се недемократски. Зашто би поддржувале демонстрација во држава која им служи како база за Блискиот Исток. Зашто кипар е во ЕУ? Има добра положба за Блискиот исток.
Јанукович е гомно најголемо ете тоа е. Златни чешми и шољи а нродот умира за јадење. Гнаса!!! Требеа да го обесат, говедо корумпирано.
Кој и да дојде на власт е истото. Спомни ја и тетка Јулија. Затоа што и таа не е подобра од Јанукович, и од било кој на власт насекаде на светот. Го поставија Јушченко за претседател по портокаловата, како потоа јанукович го избраа на демократски избори?
Во секоја револуција кравари народот. По прва брачна ноќ, и по револуција, ретко се добива очекуваното.
Па на Крим има веќе касарни на руски војници не треба тоа да те чуди.Згора на тоа Крим е во непосредна близина на Русија.А и Украина не е застаната сè уште на нозе после протестите што очекуваше ти, одма воена реакција после првото нарушување на воздушниот простор или територијалниот интегритет.Јас ти ги кажувам истористите факти, ти џабе што тврдиш тука дека тоа нема да остане така кога историјата говори сосем трето.
Чекај бре, па само во Киев имаше демонстрациии од големи размери, не во цела Украина. Не видов во Дњипропетровск, Лвов, Виницја, Одеса, Харков, Чернигов. Зашто бре Русија не се меша на OccupyWallStreet?
Исто како што ве штитат вас американците од 1998 г. па наваму.
Па несреќата на балканот е тоа што русите стигнаа први, и знаеме како стигнала до Берлин и Балканот, само после целосно капитулирање на германците можеа, тие битки што ги добија се заслуга на континуираното безкрајно повлекување а од друга страна германците држеа фронтови со целиот останат свет.
Германија капитулира на 9ти мај 45-та. Типично западно мислење, не е ни чудо што во цел свет само Русија ја слави победата над фашизмот. Половина од жртвите во ВСВ се од СССР. Никогаш немој да го споредуваш Источниот фронт со западниот.
После Сталинградската битка, Германците знаеле само за назад. Ама џабе. теле се учи, вол не.
Jас разбирам зошто шипциве се про-американски расположени, aма никако не можам да разберам зошто македонците сте про руски.
Сфаќам инат, револт и се тоа, ама дали имате било каква индикација (освен нели халуцинацииите на Миленко, Латас и слични) дека Русија на било каков начин, со било што се завзела или би се завзела за Македонија и македонскиот народ денес, вчера и било кога. Зошто мислите дека кога би биле под Руска сфера би било поинаку и дека они магично би ги средиле нашите животи и проблемите со шипците како Америка што им го среди со нас:...
За разлика од западот, Русија и НР Кина први не признаа под уставно име. Американците не признаа баш тогаш кога се одржуваше референдумот за територијална организација. Британија и Франција не не имаат признаено. Кога гледаш што прават американците, Русите се цвеќе за мирисање. Русите барем интервенираат во близина на нив. Не ги поддржуваат Баскијците, или ги опремуваат со оружје.
Дзабе филозофии стискајте прсти да не се спука ако се спука ке се расцепи Украина на 2 3 дела и никогаш нема да биде цела.
Ако се спука, има да се разработи американската воена индустрија, како после Перл Харбур, или после 9/11. Ништо чудно и 9/11 да беше дело на САД, само да имаат алиби да војуваат во името на борба против тероризмот.
Таман мислев дека го нема Реалниот Гркофил, еве го. Ајде сега според колку е близу Варшава од Калининград, потоа колку е радиусот на дејствување на Искандер. Или потсети се на 2008-ма.
Дали знаете дека сме на раб од Трета светска војна, на некои луѓе не им јасно тука гледаат оскари. Нуклеарна војна...
Буци трета светска војна веќе има, ние сме производ на неа, рамковна Македонија. Студената војна трае со децении. Се води на локално ниво, без директни судири на силите.