Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
1975120_10203425759188505_510573379_n.jpg
 
Да имам другарчиња на кои родителите им се во Украина, па се мислев да им предложам во Македонија да одат додека се смират работите.
jas iskreno pod hitno bi im dal 1 000 000 pasosi na isto tolku ukrainki edno so ke ima so da se klecka drugo drugo ke se nakotime a + i siptarive ke stanat 5% taka da ne e losa varijantava a
 
Imase nekakov ultimatum demek do 6 sabajle ako ne se trgnat ukrainskite vojski od krim li ne znam od kade kje sledelo napad od ruska strana ? imase takvo nesto ?
 
Навистина имаат долга заедничка историја, скоро 900 години.Почнува како Киевска Русија од 13 век, па потоа доаѓаат Полјаците и Литванците кои го окупираат овој дел од Руската земја. Продолжува вековна борба помеѓу католиците Полјаци и православните Руси.Најпознати од таа братска историја се Козаците од областа Запорожје и Дон, кои војуваа со Полјаците на запад и Татарите на Југ. И така векови војување меѓусебе во СССР се формира братска Украина која во втората светска војна ги активира католиците како СС единици против Русите.
Ова „братство„ ме потсеќа на изјавата на еден Турски политичар дека Македонија и Турција ги врзува 500 години заеднички соживот...
Гледајќи ја историјата наназад, беше прашање на време кога Украина ќе се подели и Русите ќе се поврзат со родната земја. Никогаш немало заеднички живот, сето ова тлеело многу долго.
Еве , вчера после Харков се крена и Доњецк и Запорожје- се јавија Козаците. Русија засега ќе се укотви на Крим и ќе чека Козаците од истчните области да ја преземат власта. Украинците немо ќе гледаат, ако тргнат со оружје, знаат дека ќе изгубат многу повече од Источните и јужните области.
НАТО и ЕУ само ќе лаат, патетчно најавуваат санкции, гледај само циркус кога ќе го затворат Русите гасот, ќе видат ЕУ што се санкции(веќе во Британија најавија поскапување на гасот)
За жал, сепак обичните Украинци остануваат колатерална штета на овие геостратешки политики...
Мислам дека си грешка дека немало заеднички соживот, тоа и сега се покажува каде повеќе од 60% се за сојуз со Русија, инаку да беше обратно сигурно ке успееше договорот со Јанукович, и да и мене највеќе ми е криво и жал за обичниот народ Украински кој ке пати од овие случувања и според мене решението требаше да се бара уште на почетокот на протестиве, а тоа е Јанукович да излезеше со полиција и маме да им се наебе на "демократскиве" демонстранти и потоа дај им предвремени параламентарни избори па што се одлучи тоа, инаку вој метод беше неизбежен бидејќи со стока мораш со ќотек инаку ако им допуштиш, као што им беше допуштено ке ти го разрушат пола град и ке убиваат полицаијци и ке завземаат згради и шта ти ја знам.[DOUBLEPOST=1393920859][/DOUBLEPOST]
Абе се разбира дека голем дел од работиве што ги пишуваш се точни, ама не сите зошто има и друга приказна на работите не е само оваа тука.Така да тебе тоа ако не ти е јасно тогаш воопшто не пишувај на темава.
абе се е точно од погоре што напишав, инаку да не беше ке имаше друга ситуација, и работите ги аналзиирам и од ББС и од СНН и од Русија Тудеј и имам 3-4 пријатели кои што мислам најдетално ми објаснуваат за ситуацијата, така да пробувамд а ти кажам цело време дека Украинците се за со Русија, а мал дел од фашизоидните демонстранти се за со ЕУ, бидејќи да не беше така сигурно ке успееше договорот за предвремени парламентарни избори.
 
Мислам дека си грешка дека немало заеднички соживот, тоа и сега се покажува каде повеќе од 60% се за сојуз со Русија, инаку да беше обратно сигурно ке успееше договорот со Јанукович, и да и мене највеќе ми е криво и жал за обичниот народ Украински кој ке пати од овие случувања и според мене решението требаше да се бара уште на почетокот на протестиве, а тоа е Јанукович да излезеше со полиција и маме да им се наебе на "демократскиве" демонстранти и потоа дај им предвремени параламентарни избори па што се одлучи тоа, инаку вој метод беше неизбежен бидејќи со стока мораш со ќотек инаку ако им допуштиш, као што им беше допуштено ке ти го разрушат пола град и ке убиваат полицаијци и ке завземаат згради и шта ти ја знам.[DOUBLEPOST=1393920859][/DOUBLEPOST]
абе се е точно од погоре што напишав, инаку да не беше ке имаше друга ситуација, и работите ги аналзиирам и од ББС и од СНН и од Русија Тудеј и имам 3-4 пријатели кои што мислам најдетално ми објаснуваат за ситуацијата, така да пробувамд а ти кажам цело време дека Украинците се за со Русија, а мал дел од фашизоидните демонстранти се за со ЕУ, бидејќи да не беше така сигурно ке успееше договорот за предвремени парламентарни избори.
Не се баш 60% помалку се... ај еве нека се и 60% за русија дури и тие не се за сојуз со Русија туку само за поблиски врски. Второ што е со останатите 40%. Демократија не е само 51% од гласовите. Киев не е проруски и треба да има влијание пак во политиката. Очигледно е дека цел Киев и Западна Украина не е за да се оди по ист пат како истокот. Во ниеден случај не треба да се оди на сила и да се убиваат демонстранти и да се прават нереди.
Незнам точно како дојде Јанукович на власт ама не се показа како голем демократ и обединувачка фигура напротив ја раздели Украина и предизивика хаос во кој го изгубија Крим.
Проблемот со Украина е тоа што се поделени луѓето и не се сакаат дури може да се сметаат и за 2 различни народи иако не се самоопределуваат така.
 
Во белградска Политика е објавен коментар од Радоман Јовиќ, амбасадор во пензија кој вели дека ова што се случува во Украина е направено да се тестира одлучноста на Путин да ги брани виталните интереси и безбедноста на Русија
Тој вели дека ова се најнови методи на специјално војување кој се долго планирани и поготвувани и кој треба да ги заменат старите методи на државни удари, разни отпори и разни пролети и револуции во боја
Во таа цел:
Најнапред е жртвувана Грузија за да Путин се почуствува победник
Систематски од ден на ден одвлекувано е вниманието од најблиското соседство на Русија. Дозволено му е на Путин да „ победи “ во Сирија.
Потоа, непосредно пред Зимските олимписки игри, организирани се бројни терористички акции во Русија. Со тоа е свртено вниманието на руските безбедностни силли на ЗОИ.
Во таква ситуација неколку илјади добро платени и логистички опремени екстремисти предизвикаа нереди во Украина
Понатаму авторот ги анализира последиците од овие случувања.
http://www.politika.rs/rubrike/Sta-da-se-radi/Kijev-kao-Berlinski-zid.sr.html
 
За оние кои се прашуваат зошто има проруски настроени, причината е едноставна-реваншизам и одмазда. Основен човеков порив.

Ситуација- велесила А прави лицемерна политика и постојаното задевање и силување кон твојата држава. Државата е слаба, нажалост не може ништо да стори за да се одбрани. Ако зуцне може да и се случат 300 непогоди од велесила А. Од друга страна се појавува велесила Б која е против велесила А. Државата во непогода, односно мнозинството народ гледа со симпатии кон велесила Б да покаже заби кон велесила А, нормално со надеж дека на велесила А ќе и бидат скршени забите, и ќе и се врати мило за драго, ако не и повеќе. Можат да и простат на велесила Б што и таа велесила има свој валкан веш.

Затоа нека не не чуди ако виетнамци, анголци, македонци, срби, авганистанци, алжирци итн се ситат на секој удар кон САД, Британија, Франција, aко ударот доаѓа од Русија. Или пак полјаци, чеси, унгарци и литванци како се ситат на секој удар кон Русија, ако ударот доаѓа од САД.
 
Дали знаете дека сме на раб од Трета светска војна, на некои луѓе не им јасно тука гледаат оскари. Нуклеарна војна...
 
Не се баш 60% помалку се... ај еве нека се и 60% за русија дури и тие не се за сојуз со Русија туку само за поблиски врски. Второ што е со останатите 40%. Демократија не е само 51% од гласовите. Киев не е проруски и треба да има влијание пак во политиката. Очигледно е дека цел Киев и Западна Украина не е за да се оди по ист пат како истокот. Во ниеден случај не треба да се оди на сила и да се убиваат демонстранти и да се прават нереди.
Незнам точно како дојде Јанукович на власт ама не се показа како голем демократ и обединувачка фигура напротив ја раздели Украина и предизивика хаос во кој го изгубија Крим.
Проблемот со Украина е тоа што се поделени луѓето и не се сакаат дури може да се сметаат и за 2 различни народи иако не се самоопределуваат така.
Избори брат, кој има 51% од гласовите тој ке владее, без разлика дали 49% од малцинството им се допаѓа тоа или не, тоа е лошо во оваа праламентарна политика, додека тие 49% ако не се согласуваат можат да чекаат други избори и да убедат уште 2% да гласаат за нив и да ја променат политиката, тоа се така прави во денешно време, додека викаш дека не требало ќотек, а додека демонстрантиве беа наоружани и тепаа полиција и го разрушија цел центар тоа е дозволено?
 
Дали знаете дека сме на раб од Трета светска војна, на некои луѓе не им јасно тука гледаат оскари. Нуклеарна војна...
Пријателе, не се возбудувај толку. На раб од нуклеарна војна сме од првата успешна проба со атомска бомба. Ова сега не е ништо во однос на Кубанската Криза. Ова сега се вика правење притисок преку медиуми.

Чилоут.
Впрочем, освен ако немаш некаде спремно нуклеарна скривница со доволна залиха од храна и вода (и енергија) за минимум неколку години... џабе ти е нервирањето. :cool:
 
Да се е во ред само првата нуклеарна велесила и се заканува со економски санкции на втората нуклеарна велесила, а Путин е тип кој што потклекнува под закани.
 
Да се е во ред само првата нуклеарна велесила и се заканува со економски санкции на втората нуклеарна велесила, а Путин е тип кој што потклекнува под закани.
Добро.
 
Не знам дали некој спомна дека вчера во ОН, Русите извадија документ датиран во минатата сабота, со кој документ Јанукович бара воена помош од Русија. Со ова практично се дава целосна легална легитимност на било каква интервенција на Русија во Украина. (правете разлика дека кажав легална легитимност, а не морална легитимност)

Втора работа, завршија вежбите на руската армина во областите блиску до Украина. Ова може да се толкува како почеток на смирување на работите од страна на Русија. Интересно е што за ова нема ништо во западните медиуми.
http://rt.com/news/russia-military-drill-putin-734/
 
Според Будимпешкиот меморандум од 1994 нема никаква легалност во нарушување на територијалниот интегритет на Украина.
Не дека било кој ќе ја сопре Русија, но дефинитивно ќе скршат доста меѓународни прописи и правила со евентуално анексирање на Крим.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom