- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.424
- Поени од реакции
- 35.818
По примерот на многуте натпревари низ речиси сите подфоруми за забава и култура (натпревар во готвење, натпревар во цртање, натпревар по фотографија, натпревар за игри...) еве можност и за тие на кои музиката им е на прво место да покажат и докажат кој има подобар вкус. Правилата за натпреваров се следните:
1. Исто како и на сите други натпревари на форумов, и тука нема да има никакви материјални награди.
2. Целта на натпреварот е - забава, и споделување на добра музика. Ова го напоменувам за да не бидат премногу сериозно сфатени натпреварите.
3. Музиката што ја споделувате на треба да биде ваше дело (иако добредојдени ќе бидат и авторски композиции на членовите на форумов, доклоку постојат такви). Значи може да споделите и да учествувате во натпреварот со која композиција сакате!
4. И тука песните ќе се споделуваат по теми. Темата за првата недела ја задавам јас, секоја наредна ќе ја зададе победникот на претходниот натпревар! Темите може да бидат секакви - од музика од некоја определена држава, преку песни од определен жанр, песни со некоја посебна намена (како на пример: најдобра спортска химна, или најдобра песна од Евросонг, или најдобра cover верзија, најдобра изведба од талент шоу, најдобра песна од еден конкретен изведувач...) итн.
5. Песните кои не одговараат на зададената тема, ќе бидат автоматски дисквалификувани од натпреварот.
6. Секоја тема се задава во недела, и споделувањето на видеата ќе трае се до следната недела, кога започнува гласањето. Гласањето ќе трае до следната сабота, кога ќе бидат објавени резултатите, и ќе може да започне новиот избор.
7. Разликата на овој натпревар од останатите ќе биде во начинот на гласање. Тука нема да се отвора нова тема со анкета за гласање (барем нема да биде така во прво време, во овој натпревар. За понатамошните натпревари нека одлучат самите победници или пак модераторите на подфорумов на кој начин ќе се гласа) туку гласањето ќе се одвива по евровизиски принцип: 12 бодови за најдобрата композиција, 10 бодови за второпласираната, 8 за третопласираната, па по редослед 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1 бод, до десеттото место. Што значи - секој ќе треба да гласа за најдобрите 10 композиции, според него.
8. Можност за гласање ќе имаат само учесниците на натпреварот (само оние кои имаат пријавено песна).
9. Гласањето ќе се одвива преку scorewiz - онлајн алатка за креирање на табели со гласови по евровизиски принцип. Линкот за гласањето ќе биде поставен пред самиот почеток на гласањето, во недела. Начинот на гласање е многу лесен - се што треба да направите е да ги подредите насловите на вашите омилени 10 композиции по саканиот редослед (од најдобрата, кон најлошата) и воопшто не одзема време.
10. Во случај доколку бидат пријавени повеќе од 30 композиции во еден натпревар, истите ќе бидат поделени во полуфинални групи од по минимум 15 композиции, за да се олесни процесот.
11. Секој учесник ќе треба да гласа само во она полуфинале во кое ќе се најде неговата песна.
12. Гласањето во полуфиналињата ќе трае до среда, а најдобрите 10 композиции од секоја полуфинална група ќе се најдат во финалето за кое ќе може да се гласа од четврток до сабота.
13. Не смее да се гласа за својата сопствена композиција!
14. Оние учесници кои нема да гласаат, ќе бидат дисквалификувани, без оглед на тоа колку бодови и кое место го освоиле. Доколку според ова - победникот на натпреварот биде дисквалификуван заради тоа што не гласал, второпласираниот ќе биде тој кој ќе ја одбере следната тема за натпреварување.
15. Секој учесник може да учествува со само една пријавена композиција во еден натпревар.
16. Пред да гласате, ве молам преслушајте ги сите испратени песни.
17. Ги молам победниците на секој натпревар, кога ќе ја отвараат новата тема, за следниот натпревар да го цитираат ова мислење со правилата за натпреварот во воведното мислење!
18. Ве молам без лобирање и ви посакувам добра забава!
Се надевам дека сите правила се доволно јасни, што значи, можеме да го започнеме Kajgana Song Contest #1!
________________________________________________________________
Имавме натпревар на форумов за Ex Yu музика, сега има натпревар за македонска поп музика, па затоа решив првата тема на KSC да биде нешто ново:
ТЕМА: МАКЕДОНСКА НОВОКОМПОНИРАНА ФОЛК МУЗИКА
Песните можете да ги поставувате во темава се до недела, 9 март 2014. Тогаш почнува гласањето, кое ќе трае се до сабота, 15 март 2014. Коментарите за испратените песни се исто така добредојдени во темава. Па среќно на сите!

Последно уредено: