Kajgana Song Contest (KSC) #1

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Темава за пријави е, или дискусии? :)
Пошто не верувам дека некој ќе создаде „цела песна“, може ли само рефрен или скратена верзија? :)
 
Темава за пријави е, или дискусии? :)
Пошто не верувам дека некој ќе создаде „цела песна“, може ли само рефрен или скратена верзија? :)
Не е поентата да се создаде песна - правилата во почетното мислење јасно кажуваат се. ;) А темава е за се поврзано со првиот избор: дискусија, пријави и гласање. Вториот избор ќе си има нова тема. Непотребно развлекување е кога би било поинаку.
 
Не е поентата да се создаде песна - правилата во почетното мислење јасно кажуваат се. ;) А темава е за се поврзано со првиот избор: дискусија, пријави и гласање. Вториот избор ќе си има нова тема. Непотребно развлекување е кога би било поинаку.
Ме збуни со делов:
„Музиката што ја споделувате на треба да биде ваше дело“ - не знам дали си утнал буква, или си голтнал збор... Може да биде и „музиката што ја споделувате не треба да биде ваше дело“, а може да биде и „музиката што ја споделувате на темава треба да биде ваше дело“.

Значи само линкови си пастираме без да креираме нешто? Не ми е интересно така, не учествувам :(
 
Ме збуни со делов:
„Музиката што ја споделувате на треба да биде ваше дело“ - не знам дали си утнал буква, или си голтнал збор... Може да биде и „музиката што ја споделувате не треба да биде ваше дело“, а може да биде и „музиката што ја споделувате на темава треба да биде ваше дело“.

Значи само линкови си пастираме без да креираме нешто? Не ми е интересно така, не учествувам :(
Typo. Сум згрешил буква. :P Треба да стои како болдираното: „музиката што ја споделувате не треба да биде ваше дело“. Иако, не е исклучена можноста и да си ставите ваша композиција, доколку постои таква. ;)
Се работи за еден вид игра која ги поттикнува учесниците да слушаат музика, да пребаруваат по youtube, на spotify, myspace или last.fm. Затоа и ја ставив првата тема како тема, зошто знаев дека нема којзнае колкав број на слушатели на форумов. Значи предизвикот е да најдеш песна која сметаш дека ќе ги задоволи вкусовите на останатите членови и за која мислиш дека ќе гласаат. (Ете на пример: ако некој од победниците постави тема: Музика од Јужна Африка, мислиш дека сите ќе се затрчаат и ќе постават линк од прва? Јас мислам дека сепак музиката од таа држава, како и еден куп други не е доволно позната на луѓето на форумов, и дека за да може некој да учествува во темата, ќе треба да преслуша неколку композиции на youtube прво.) Можеби не е играва којзнае колку креативна, како што се другите избори по форумов, ама сметам дека de facto ќе ги мрдне од нултата точка работите на подфорумот Музика. Знаеш колку се теми се отворени во тој подфорум кои пружаат квалитет, а никој не ги рецка? Останале со едно, или само со по неколку мислења. А има и еден куп такви теми во кои гледам како се едни исти ликови се трудат и споделуваат музика. Затоа сметам дека ваквиот начин ќе ги придвижи конците на подфорумот. ;)[DOUBLEPOST=1393883432][/DOUBLEPOST]До сега - 9 пријавени за првиот избор. Заборавив да напоменам во правилата дека е потребно да има минимум 11 пријавени песни за да може да започне натпреварот. Ефто и Секула тим, ајде бе, не го прифаќате предизвикот? @Forrest Gump @M-1 , @Anon , @Röddást , @PewDiePie , @Crazy in Love , @Hank Moody , @Juve-Fan и остали? :P
 
Последно уредено:
Иако морам да кажам дека и мене не ми е многу јасно што како,еве оставам песна

 
Е сеа...ќе го родам фолкот. Нема везе терајте па ако добијам инспирација ќе се убацувам чат пат.
 
Добра кореографија имам со песнава.:D
 
Последно уредено:
Не постирав прв песна во темава, сакав да видам колкумина од вас ќе ми ги „земат“ оние песни кои јас ги сакам. До сега се тројца такви, ама не кажувам кои се уште. ;)

Е сега, од тие песни што останаа, се мислев помеѓу:

-Наум Петрески - Има ли песна
-Наум Петрески - Лична Јовано
-Зуица Лазова - Утринска коба
-Росана и Горан Тодоровски - Те познавам
-Горан Тодоровски - Пусти мерак, Ратке
-Марјан Коцев - Љубовен танец
-Марјан Коцев - Бекрија љубовџија
-Марјан Коцев - Ти, ти, само ти
-Нели ти реков - Запри дожду
-Мишко Крстевски - Запри, запри виолино
-Васил Атанасов - Кој не раздели
-Пепи Бафтровски - Ако згрешам нека изгорам
-Зоран Ванев - Ангела
-Блага Петреска - Свени ми, свени, невене
-Ирена Спасовска - Фустан од пајажина
-Блага Петреска и Гоце Арнаудов - Пеам да не заплачам
-Блага Петреска - Ти ме предаде
-Ленче и Горан Кукиќ - Те сонив ли, душо моја
-Никола Костадиновски - Сон си сони мома Трена
-Ефто Пупиновски - Туѓа си бескрајно
-Ефто Пупиновски - Лихнида кајче веслаше

Повеќето од овие песни ги најдов деновиве, случајно, додека пребарував песна за изборов. И сите ми се допаднаа. Ако некој сака да учествува, а не знае што - еве нека ги преслуша барем овие. Сигурен сум дека ќе најде нешто што му се допаѓа. На крај одлучив сепак да се натпреварувам со оваа:

 
Идам андреграунд со песна што ретко кој ја знае и сигурно нема да победи :D Текст убија. Песниште, сериозен сум :)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom