Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Секои оскари има по еден филм што не го гледам... Досега за American Hustle само двајца се изјаснија дека филмот е добар. Дали сакате да го ставам сега за дискусија или да почекаме па да одиме на посигурно со love/hate филмот The Wolf of Wall Street? Затоа што како стојат работите, Hustle е само hate :D
Кој е вториот што смета дека Хаслот е добар филм ? (мислам на форумов, пошто Академијата си се изјасни, а Академијата > Кајгана :D :D )
 
Мене од сите што ги изгледав, Далас, 12 години роб, Д бест офер, Волкот и Хастл, најмалку ми се допадна хастл, ама сепак е добар филм. 12 години роб и The Best offer најдобри, за нијанса послаби филмови Далас и Волкот. Капетан Филипс и Гравити уште ги немам изгледано.
 
The best offer излезе класа од филм 12 години роб и далас најдобри и гравити исто

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
ABC News имаа bracket на кој луѓето гласаа кој според нив е најдобар филм што освоил Оскар за најдобар филм. Нормално како и секаде низ интернетот се појавија хејтери што сметаат дека луѓето што имаат различен вкус од нивниот треба да се самоубијат и дека Форест не ни требало да освои филм за таа година покрај Палп-от и Шошонкот. Од друга страна, не дека некој ме прашува али јас се сложувам со мнозинството дека Форест требаше да си го освои оскарот. #WeThePeople :нинџ:
 
Кој е вториот што смета дека Хаслот е добар филм ? (мислам на форумов, пошто Академијата си се изјасни, а Академијата > Кајгана :D :D )
Абе Академијата 4-5 номинации на Beast of Southern Wild му даде, па филмот беше нов левел на досада... :)
 
Beasts of Southern Wild не е за секој. ( :D ) И мене ми беше ептен досаден дури и заспав првиот пат кога го гледав, ама па имам другар што сече вени на филмот. Искрено можам да видам зошто би му се допаднал на некој и покрај тоа што јас тоа воопшто не можам да го сфатам.
 
Можам да сфатам зошто телевизииве даваат турски серии а не даваат сопранови на пример. Поефитини им се а повеќе луѓе ќе ги гледаат турскиве. Ама не знам зошто не искористат што идат Оскари па со јак рекламирање да даваат 6 филма што добиле награда за најдобар филм. Еве на пример Сител ги даваат Оскарите во недела од 23:30. Па мавнете една кампања "Оскарска недела" и од понеделник до недела во терминот од 23:30 (ајде не смее да се пипне прајм тајмот на турските серии) давајте филмови што освоиле награда за најдобар филм. Сигурно не се ептен скапи. Никој не ви бара Арго да го давате. Во понеделник некој од 1955, вторник 1968, среда 1973, четврток 1985, петок 1993, сабота 2001. Преку ова ќе кажеш дека гледачите можат да видат како се сменвуале годините пред големото финале-Оскарите во Недела. Сигурно ќе има луѓе што ќе го гледаат.. башка еднаш ќе го купат филмот можат истите и другата година да ги даваат а и следново лето и зима поради тоа што тоа е "на барање на гледачите". Мислам глупо е јас да имам подобри идеи од луѓе што заработуваат за ова.
 
Kill Your Darlings - добар, но не подобар од On the Road. И двата филма се надоврзуваат со еден лик Џек Керуак, иако во овој поновиот го гледаме во споредна улога, сепак можам да правам споредби поради сличната содржина, формирање на современо движење, поети, секс, хомосексуалност и слично. Глумата беше одлична, посебно младиот Кар изглуми фантастично. Од мене има 7.
 
Pa davaa Sopranovi.. mislis imase ista gledanost kako turskite? Imavme friends, lost, twin peaks, csi.. od sve, a sve sobereno nemase gledanost ko Seherezad.
Да де, затоа и реков дека сфаќам зошто даваат турски серии наместо серии што се светски признаени.

Kill Your Darlings - добар, но не подобар од On the Road. И двата филма се надоврзуваат со еден лик Џек Керуак, иако во овој поновиот го гледаме во споредна улога, сепак можам да правам споредби поради сличната содржина, формирање на современо движење, поети, секс, хомосексуалност и слично. Глумата беше одлична, посебно младиот Кар изглуми фантастично. Од мене има 7.
Што знам, мене овој повеќе ми се допадна од On The Road. Цело време филмов си го споредував со On The Road, и се чудев зошто филмовите се напревени во сличен стил, дури од после дознав дека еден од ликовите е уствари писател на On The Road :ROFLMAO:
 
Мислам глупо е јас да имам подобри идеи од луѓе што заработуваат за ова.
Не секогаш подобрите идеи носат поголем профит. Финтата е што нема ни приближно да заработат тие луѓе ако откупуваат права за оскаровски филмови. Кај нас се знае од што се заработува и како. Турски серии (порано шпански) преку цела година, за време на празници српски филмови од 60тите и тоа е тоа.
Мене лично проблемот со слаба понуда на телевизија не ме засега воопшто. Не сме ние публиката која седи пред телевизор. Единствено го уклучувам за фудбал и тоа е тоа. Сите другари со кои сум правел муабет на оваа тема го кажуваат истото.
Еве за споредба, го даваа Шошанк (не ми текнува на која тв, мислам Телма) пред некое време. Пола дијалог не беше преведен и снимката беше катастрофа.
 
Во право си за се ова што го кажа, ама мислам дека кога би давале поквалитетна програма повеќе од твоите и моите другари би гледале ТВ. Порано А1 кога даваа добра програма беа најгледана телевизија во Македонија.

А инаку, да жално но вистинито е се од ова што го кажа :) (Само како што тргнало ни спорт нема да има по нашите канали)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom