Samsung Galaxy S IV

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Зошто не и ја признале меѓународната гаранција?
Зошто живееме во МК
не признаваат освен ако не е од тука купен, језда и таа гаранција може да ти ја поништат поради милион причини
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Наследникот на s4, Galaxy s5 ќе биде преставен денес во 20:00 часот. :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
- Fingerprint sensor
- IP67 certified - dust and water resistant
- Water resistant up to 1 meter and 30 minutes :cool:

Има шпекулации дека позади ќе биде од алуминиум
 
Ф

Флеш

Гостин
- Fingerprint sensor
- IP67 certified - dust and water resistant
- Water resistant up to 1 meter and 30 minutes :cool:

Има шпекулации дека позади ќе биде од алуминиум
Чиста глупост .... ќе нема никаков сензор или водоотпорност .... Позадината е скоро иста како Ноут 3 по изглед ....


Еве ви и ОФИЦИЈАЛНО !!! ....

http://www.youtube.com/watch?v=fbwEaql90Ac&feature=youtube_gdata_player
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Чиста глупост .... ќе нема никаков сензор или водоотпорност .... Позадината е скоро иста како Ноут 3 по изглед ....


Еве ви и ОФИЦИЈАЛНО !!! ....

http://www.youtube.com/watch?v=fbwEaql90Ac&feature=youtube_gdata_player
Па пишав дека е шпекулации, а ќе видиме по презентацијата што ќе има. Ова гo пишуваше на gsmarena
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
С5 беше презентиран, и денес доживува невидено тролање на интернет... хаха... катастрофа невидена.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
С5 беше презентиран, и денес доживува невидено тролање на интернет... хаха... катастрофа невидена.
памтам дека таква реакција беше и за S IV па се убија од продавање. Така ќе биде и за овој. Ама на изглед ич не ми се свиѓа
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Galaxy S5 !!! Екстра телефон. Ќе руши рекорди. Телефонот е ОДЛИЧЕН во сите полиња.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
памтам дека таква реакција беше и за S IV па се убија од продавање. Така ќе биде и за овој. Ама на изглед ич не ми се свиѓа
Па и ЈУГО се продава што има тоа врска. И голф се продава, па најјака кола е во свет? И хамбургерот зашто се продава поише од кавијар е бољи? :)


Се на се Samsung патетично разочара со новиов S5. Нема иновација, нема квалитет на изработка, нема софтверски решенија, и уште одозгора нудат ризични промени, знаејќи го Самсунг човек да се чуди. S4 на пример, со милион дефекти телефон на суво, а овој ќе работел и под вода... хаха... да не се улави случајно?

Се што сменија е некаква јадна селска имитација на iPhone. И тоа имитирано ама со задоцнување од 2-3 години или пак со глупа изведба...

- нано сим (2 години подоцна)
- фингерпринт ридер (6 месеци подоцна, со тоа што треба да го држиш телефонот со едната рака, а со другата да го „лизгаш“ прстот преку хоум копчето, катастрофа) - да не збориме дека безбедносната репутација на Андроид и на Самсунг е таква што ЕДВАЈ ДА ТИ СЕ ЧЕКА да ти го скенираат отпечатокот (којзнае кај ќе заврши уште истата секунда)
- GOLD боја (ова па колку е за плачање.... барем голдот кај iPhone е изведен умешно, умерено, без bling-bling сељачење - а ова кај S5 на што личи? ШУТКА!)
- Овие извадија 5S - чекај да мислиме како да го викаме нашиов - А-ХА! ми текна - S-5!!! (иновација на кило! )


А од друга страна не ставаат 64битен процесор - тоа чекајте го во 2015та...


Што убаво пиша едно другарче: УБИЛА МЕ ТУЏА СРАМОТА!
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
- Овие извадија 5S - чекај да мислиме како да го викаме нашиов - А-ХА! ми текна - S-5!!! (иновација на кило! )
За се' се слагам што пиша погоре, ама за ова болдираново, нема врска. Каква иновација очекуваш тука ?? Како Apple за iphone така и Samsung си користи низа од редни броеви за S серијата уште од почеток. Не знам што копира тука Samsung од Apple. Не дека цепидлачам, но ми нема логика твојот коментар во врска со ова. :)
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ништо посебно, selling point? - Нема. Дојде период кога луѓево веќе за ефтини пари, можат да имаат телефон кој работи релативно брзо, па според мене ќе има голем пад на продажба на телефони и ќе се намали бројот на луѓе кои купуваат flagship секоја година. Додека не дојдат на ред телефони / таблети со foldable screens, ко на видеово:


 
Член од
21 август 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Само сакам да оставам мое мислење во врска со темава.
Некој гратис да ми даде, не би користела ниту s3 ниту s4, s5 или каква и да е варијација на овие самсунг „паметњаковци“... НЕ ВРЕДАТ ПЕТ ПАРИ.
Имам праисториски ајфон 3гс кој, откако му ја извадив душата буквално,го користам единствено за апликациите кои ми се неопходни и консултирање вајрлес, додека за основните работи за кои ми е потребен мобилен, што значи примање и воспоставување повици и текстуални пораки си имам соодветно нокиа телефонче, од старите со основни функции, кое е беспрекорно.
Не сакам на некој да му расипувам филм или да излезе дека правам лоша реклама, но навистина, размислете пред да лупнете толкава сума за нешто што би го користеле една година преку сила. Мајка ми користи s3 и воопшто не е задоволна.
Пребарајте и информирајте се подобро пред да набавите било каков смартфон. Добронамерен совет.
Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom