Истражувачите знаат со децении дека марихуаната може да биде од огромна корист за пациентите кои страдаат од ХИВ / СИДА , поради нејзината способност да го стимулира апетитот и да се спречи губењето на тежината. Сепак , една нова студија открива дека ова магична билка може да стори повеќе отколку само им даде на пациентите чувство на глад , марихуаната всушност може да се справи со болеста во нејзиното јадро.
Анализа објавена во списанието “AIDS Researcher and Human Retroviruses” од страна на тим на истражувачи од Државниот универзитет во Луизијана укажува на тоа дека дневна диета со THC може да има значително влијание врз прогресијата на ХИВ.
Истражувачите велат дека по примањето на дневната доза на THC на мајмуните , за период од 17 месеци , на заразените примати се приметени намалување на оштетеното имунолошко ткиво во стомакот - вообичаеното место каде што се појавува инфекцијата.
"Сето тоа допринесува со малку повеќе информации околу потенцијалните механизми кои може да одиграат голема улога во модулацијата на инфекцијата ", вели водечкиот истражувач д-р Патриша Молина, шеф на Одделот на училиштето за физиологија .
Овие наоди се во согласност со студијата од 2011, предводена од д-р Молина што укажува дека мајмуните кои се лекуваат со ТХЦ , доживуваат намалување на инфекцијата, како и подобри шанси за опстанок.
Во тоа време, тие беа неочекувани резултати, појаснува д-р Молина .
" Кога почнавме да работиме на студијата, мислевме дека ќе се зголеми вирусното оптоварување, мислевме дека ке се намалат лимфоцитите многу подраматично, но ние не го видовме тоа. Ако ништо друго, со користењето на ТХЦ може да имаме некои корисни имуномодулации , особено во раните фази на инфекцијата . "
Со години назад, има многу скептицизам во врска со употребата на марихуана кај пациенти со ХИВ / СИДА. Ова најмногу се должи на шпекулациите дека канабиноидите прават ограничувања на функцијата на имунолошкиот систем.
Сепак, медицинските експерти велат дека сега се ентузијасти за да научиме нешто повеќе, за како марихуаната, посебно нејзиниот ефект врз CB2 рецепторите , може да се користи како третман за спасување на живот за оние кои страдаат со ХИВ / СИДА.
Информациите во оваа статија се обезбедени од страната на Leaf Science.
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 23:54 ---
Los Angeles Medical Cannabis Cup 2014
Хајлајтс на денот Недела 09.Феб.2014