Ликот на Метју ни Зозе Мурговски неможе да го преведе на македонски ;-)
Да, на Англиски е она вистинското, ама еве ја почнав да ја преведувам, и пак ми се потврди дека сценариото е совршено и уживанција за преведување
Гледаш во нивните очи, дури и на слика. Не е важно дали се мртви или живи. Можеш да ги прочиташ. И знаете што се гледа? Ја пречекале со отворени раце. Отпочеток не, но таму некаде во последните моменти. Непогрешливо олеснување, затоа што биле исплашени и сега за првпат виделе колку е лесно да едноставно се пуштиш. И во таа последна наносекунда, виделе што се. Дека се поврзано со нас е една драма, ништо друго освен лош спој на веројатност и слепа волја.
И конечно можеш да се препуштиш, веќе не мораш толку грчевито да се држиш до тоа... Да сфатиш дека сиот твој живот, сета љубов, сета омраза, сето сеќавање, сета болка, е едната иста работа. Истиот сон, сон кој сте го имале во заклучена соба. Сон дека сте личност... И како во многу соништа... на крајот се појавува чудовиште.
И да, Метју растура, добива повеќе внимание веројатно поради репликите напишани за него, ама според мене и глумата на Вуди е на исто ниво, прејак тандем...