Производи кои ги сакавте, а веќе ги нема никаде за да ги купите

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Сеуште го памтам вкусот на еден јогурт кој веќе од мнооогу одамна го немам сретнато , а на времето кога постоеше прилично често го конзумирав. Јогуртот мислам дека беше од белградската млекара , и го имаше скоро секаде до пред околу 23-24-25 години . Пакувањето беше тетрапак од пола кило и тоа во две форми ( тространа пирамида и коцка т.е . паралелопипед ) , и ако добро се сеќавам беше во зелено-бела боја со слика на облаци или слично . Го спомнувам баш овој јогурт , затоа што до ден денес немам пробано толку добар јогурт како што беше тој . За жал денешниве јогурти ги прават или премногу густи ( со лажица да ги сркаш ) , или премногу течни ( водлести ) . Истото важи и за вкусот , или се прекисели или преблаги . За разлика од нив овој белградски јогурт за кој зборувам беше тамам и во густината и во киселоста . Баш ме интересира дали некој друг на форумов се сеќава на овој јогурт , и дали некој знае дали воопшто овој јогурт сеуште се продава во Србија .

:P
 
Некој да не знае како се вика.Сладолед леденко стил со вкус на лимон а во центарот имаше сируп од цреша или јагода.Амбалажата му беше жолто зелена ,формата му беше како правоаголник 15-20 беше.Не може да ми текне како се вика веќе подолго време.


lollipop_pirulo-mala.png

Лолипоп се вика. Или јас мислам дека така се вика... Го има на лето сегде, ама амбалажата е малку смената можеби затоа не си го сретнал.
 
Мало присетување за постариве


Краш експрес уште го има. Само амбалажите му се сменети.

Мене овие најмногу ми недостасуваат од времето кога бев дете:
koukou-roukou_1.jpg


Албумот со сликичките мислам дека уште го чувам

images
 
Мегле млеко со вкус на јагода и ванила имаше мислам. Нешто најубаво. Секаде никаде не сум ги сретнал, остана само обично и чоколадно
 
Многу одамна, пред 25+ години, имаше сокови на фруктал кои беа во тетрапак пакување со метален газер и капак. Таков вкус се уште не сум сретнал. Прекрасни беа ама штета што веке ги нема. Ај ке пробам ако има на интернет некоја сликичка.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 23:07 ---
овде има сликичка
http://www.pinterest.com/B2ed/yu/


Ненадминати по вкус :)

3f3b81c97bcd60803fd97601e362fd22.jpg
 


зошто повеќе го нема во продавниците ... од пред некој месец ... не овој на сликата, туку класичен ...
 
Сеуште го памтам вкусот на еден јогурт кој веќе од мнооогу одамна го немам сретнато , а на времето кога постоеше прилично често го конзумирав. Јогуртот мислам дека беше од белградската млекара , и го имаше скоро секаде до пред околу 23-24-25 години . Пакувањето беше тетрапак од пола кило и тоа во две форми ( тространа пирамида и коцка т.е . паралелопипед ) , и ако добро се сеќавам беше во зелено-бела боја со слика на облаци или слично . Го спомнувам баш овој јогурт , затоа што до ден денес немам пробано толку добар јогурт како што беше тој . За жал денешниве јогурти ги прават или премногу густи ( со лажица да ги сркаш ) , или премногу течни ( водлести ) . Истото важи и за вкусот , или се прекисели или преблаги . За разлика од нив овој белградски јогурт за кој зборувам беше тамам и во густината и во киселоста . Баш ме интересира дали некој друг на форумов се сеќава на овој јогурт , и дали некој знае дали воопшто овој јогурт сеуште се продава во Србија .


Знам дека не е овој, али на оваа пирамида мислиш? Ми текнува!!! И на кесите јогурт што ги пиев место вода :)
heruhype.jpg

Може и пред поише од 23-24 год :)

мене ми фали бурек, симит...кај мене ги нема. затоа на секое идење до мк качувам по 5-6 кила на секои 5-6 дена хахаха
 
Оние топчести ептен кисели мастики кои кога ги џвакавме правевме извитоперени фаци.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom