Производи кои ги сакавте, а веќе ги нема никаде за да ги купите

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Смоките Макс нели беа на Велија???

Незнам, тогаш сум бил премногу мал за да се замарам чиви биле како биле. :D
Само знам дека ако ми остане 15-20 денари обавезно си купував по некое пакетче :giggle:
 
Имаше едни благи, порано на школо ги купувавме. Округли беа, црно жолти. ТУТКУ се викаа. 10-15 денари им беше цената. Ги нема нигде сега. До пред некоја година ги гледав во продавниците. Сега нигде не можам да ги видам.
Како бе ги нема нигде, сто пати сум купил последниов период, само помала е амбалажата сега.

А ме интересира, Хуба Буба мастиките ги има уште? Не сум заприметил...
Ги има...

И Црните.

tempo_vanilla3d10_05_2011_10_41_22.jpg%3Fw%3D300%26h%3D126
Црните сеуште се продаваат. Во неделата сигурно 2-3 пати купувам темпо :)
 
карамелите во портокалова книшка што беа (неможам да најдам слика)

едит: најдов, еве

1173856_524133867657642_1031150104_n.jpg


Во валандово ретко се наоѓат овие, за во другите градови незнам
 
Ова:X3:

images


Леле колку само ги сакав, колку само беа највкусни на цел свет, колку уживав во нивниот вкус. Мислам дека немаше ден а да ги пропуштам. Се би дала да можам уште еднаш да се потсетам на мојот омилен вкус од детството.
 
Имаш едни овошни јогуртчиња, ги јадев кога бев прва година на факултет, значи пред околу 6 години. На нив пишуваше visnja vanilija, и беа најубави во свет. Ги купував од Верото (или Тинекс беше?) во Аеродром, близу Вучко.

Откога ги снема нив, открив едни од Еуфорија со чоколадни топчиња, ги имаше во Тинекс и во Веро. Еве веќе два месеци и нив не можам да ги најдам :(
 
Еурокремот во кофичка, со верверичка на амбалажата! Уште му го памтам вкусот.
 
Многу одамна, пред 25+ години, имаше сокови на фруктал кои беа во тетрапак пакување со метален газер и капак. Таков вкус се уште не сум сретнал. Прекрасни беа ама штета што веке ги нема. Ај ке пробам ако има на интернет некоја сликичка.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 23:07 ---
овде има сликичка
http://www.pinterest.com/B2ed/yu/
 
Некој да не знае како се вика.Сладолед леденко стил со вкус на лимон а во центарот имаше сируп од цреша или јагода.Амбалажата му беше жолто зелена ,формата му беше како правоаголник 15-20 беше.Не може да ми текне како се вика веќе подолго време.
 
Како бе ги нема нигде, сто пати сум купил последниов период, само помала е амбалажата сега.


Ги има...


Црните сеуште се продаваат. Во неделата сигурно 2-3 пати купувам темпо :)

Де бе се знаеш кај има :D Од кај купуваш темпо?
 
Сеуште го памтам вкусот на еден јогурт кој веќе од мнооогу одамна го немам сретнато , а на времето кога постоеше прилично често го конзумирав. Јогуртот мислам дека беше од белградската млекара , и го имаше скоро секаде до пред околу 23-24-25 години . Пакувањето беше тетрапак од пола кило и тоа во две форми ( тространа пирамида и коцка т.е . паралелопипед ) , и ако добро се сеќавам беше во зелено-бела боја со слика на облаци или слично . Го спомнувам баш овој јогурт , затоа што до ден денес немам пробано толку добар јогурт како што беше тој . За жал денешниве јогурти ги прават или премногу густи ( со лажица да ги сркаш ) , или премногу течни ( водлести ) . Истото важи и за вкусот , или се прекисели или преблаги . За разлика од нив овој белградски јогурт за кој зборувам беше тамам и во густината и во киселоста . Баш ме интересира дали некој друг на форумов се сеќава на овој јогурт , и дали некој знае дали воопшто овој јогурт сеуште се продава во Србија .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom