Традиција? Тоа што нешто се случувало долго време и е традиција, ама баш ич не значи дека истото е правилно.
Тоа ти е логичка грешка позната под името аppeal to tradition и не претставува никаков аргумент.
Инаку, жената кога се мажи не влегува во фамилијата на сопругот, туку тие заедно формираат ново семејство, различно од нивните првобитни семејства, така што твоето инсистирање свекорот и свекрвата да се нарекуваат мамо и тато е целосно неосновано и смешно.
Тоа што јас сум влегла во брак со некого не значи дека неговите родители автоматски станале и мои, па сега треба мамо и тато да ги викам. Што се однесува до почитта, секако дека ќе ги почитувам, исто како што очекувам и тој да ги почитува моите, ама почитта Владе, се покажува поинаку, не со "мамо" и "тато". Познавам милион снаи кои пред други се лигават со тоа мамо, а меѓу четири ѕида очи си вадат.
Освен тоа, мислам дека би било навреда за моите родители кои ме родиле, израснале и се жртвувале за мене, да ословувам некој друг со мама и тато.
Мада од нашите претходни дискусии твоите ставови за ова ми се познати и знам дека нема да ги промениш, ниту па јас ќе ги променам моите, само сакам да ти посочам дека традицијата не е аргумент, по таа логика ти не смееш да бидеш атеист, туку мора да веруваш во Господ, да одиш во црква и да оставаш пари по икони, затоа што тоа било традиција и твоите предци го правеле.
И за крај, сакам да посочам дека за мене лично, не се работи за самото презиме како такво, не мислам јас дека сум од некоја кралска лоза па сега морам по секоја цена да го зачувам презимето, туку поентата ми е дека сакам јас да бидам таа што ќе одлучи како ќе се презива, а не идниот сопруг да ми поставува некакви ултиматуми или да одлучува место мене.