Презиме - моето, твоето или двете?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде ли се појави потребата за кастрирање на мажот. Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да се промени презимето во тоа од мажот, да докажете еве пред сите дека го сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред родителите (пошо реално освен ним на никому дриг не му е гајле за презимето)?

Земањето на туѓо презиме е доказ за љубов?!? Во тој случај, јас можам цел свет да го сакам. Што се нема да прочиташ... :icon_lol:
 
Јас би си го задржала своето презиме секако. Дали ќе го додадам на сопругот или не, има време ќе одлучам. Дури и децата кои ќе ги имам, би сакала да го носат моето презиме, независно дали ќе го имаат и презимето на таткото.
Good luck with that.
 
не се будалите со две презимиња бе. Мене ме нервира едново што го имам што е долго и посложено не па уште едно. Или твоето или неговото. Децата нека си го имаат неговото и крај. И во Шпанија дури каде што ги зема детето двете презимиња се користи само едното.
 
Тука нема никаква врска љубовта туку традицијата, а кај нас тоа би значело дека жената кога ке се мажи влегува во друга фамилија и станува член на таа фамилија и со самото тоа го превзема презимето на таа фамилија. Ако е и покултурна или има осет и поштовање тогаш и на мајката и таткото на мажот ке им се обраќа со мамо и тато. Ако одиме во ситници и по некое непишано правило( затоа реков традиција) тогаш целиот имот го наследува машкото дете од фамилијата, додека женското како што реков оди во друга фамилија и таа се стекнува со имотот на машкото од другата фамилија. Ете затоа женското го превзема презимето на машкото и затоа децата го носат презимето на машкото или на другата фамилија а не по основа чие е детето. Како што реков традиција која е тесно поврзана со нецепкање на имотот. Сигурно си чула за зборот домазет и како тоа се доживува кај машката популација. Секако некогаш важеле други правила но и денес во овие модерни времиња не гледам причина да се менува традицијата иако нема некоја посебна врска со имотноправните односи.

Традиција? Тоа што нешто се случувало долго време и е традиција, ама баш ич не значи дека истото е правилно.
Тоа ти е логичка грешка позната под името аppeal to tradition и не претставува никаков аргумент.
Инаку, жената кога се мажи не влегува во фамилијата на сопругот, туку тие заедно формираат ново семејство, различно од нивните првобитни семејства, така што твоето инсистирање свекорот и свекрвата да се нарекуваат мамо и тато е целосно неосновано и смешно.
Тоа што јас сум влегла во брак со некого не значи дека неговите родители автоматски станале и мои, па сега треба мамо и тато да ги викам. Што се однесува до почитта, секако дека ќе ги почитувам, исто како што очекувам и тој да ги почитува моите, ама почитта Владе, се покажува поинаку, не со "мамо" и "тато". Познавам милион снаи кои пред други се лигават со тоа мамо, а меѓу четири ѕида очи си вадат.
Освен тоа, мислам дека би било навреда за моите родители кои ме родиле, израснале и се жртвувале за мене, да ословувам некој друг со мама и тато.

Мада од нашите претходни дискусии твоите ставови за ова ми се познати и знам дека нема да ги промениш, ниту па јас ќе ги променам моите, само сакам да ти посочам дека традицијата не е аргумент, по таа логика ти не смееш да бидеш атеист, туку мора да веруваш во Господ, да одиш во црква и да оставаш пари по икони, затоа што тоа било традиција и твоите предци го правеле.

И за крај, сакам да посочам дека за мене лично, не се работи за самото презиме како такво, не мислам јас дека сум од некоја кралска лоза па сега морам по секоја цена да го зачувам презимето, туку поентата ми е дека сакам јас да бидам таа што ќе одлучи како ќе се презива, а не идниот сопруг да ми поставува некакви ултиматуми или да одлучува место мене.

Од каде ли се појави потребата за кастрирање на мажот. Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да се промени презимето во тоа од мажот, да докажете еве пред сите дека го сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред родителите (пошо реално освен ним на никому дриг не му е гајле за презимето)?

Од каде ли се појави потребата машкоста да се докажува со презиме? Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да и се дозволи на жената сама да избере како ќе се презива, да докажете еве пред сите дека ја сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред другарите (пошо реално освен на другарите кои ќе ве реметат дека сте папучари, на никој друг не му е гајле за презимето).
 
Не се работи за покажување машкост. За ерген од солидна фамилија презимето е многу важно за кариерата, а истатака и заради други причини. Од невестата е очекувано да го прими презимето од мажот па нема да има некои проблеми во секојдневен живот. Ако сакаш да си успешен не смееш да се изолираш од општеството и да си ексцентрик. Оттаму и потребата за еден гест од идната жена, нормално ако таа сака во текот на животот да носи скапи прстени, минѓуши и бунди.
 
Се разбира дека е така.
Во случај таа да доаѓа од посолидна фамилија, да биде поуспешна од него и да има пофенси презиме, тогаш мажот треба да стори еден гест, да го земе нејзиното презиме и тој да биде оној што ќе носи скапи прстени, минѓуши и бунди. :confused:
 
Од оваа дистанца гледам скоро се е од интерес, љубов скоро и да нема, освен кон лагоден живот. Кога нема пари луѓето за гуша се фаќаат. бизнис, трговија со имоти и имиња, власништво над внуците...
Традиција?
Зашто воопшто да се склучува брак ако не веруваме во црква или традиција? Повторно ми личи од интерес.
 
Претеруваат со тие две презимиња. Да е некое уникатно или сака да се фали дека потекнува од позната фамилија нека го задржи.
Ама комбинации од Стојанова-Јованова-Иванова-Николова-Петрова смешки е секој трет го има тоа презиме.
За некоја година може и прекари и број на бивши дечковци ќе си додаваат.:D

Мојата го зема моево презиме, мислев дека ќе го додаде и нејзиното затоа што е од фамилија со единствено презиме во градот. Ама паметна била бе :P :icon_lol:
 
Од каде ли се појави потребата за кастрирање на мажот. Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да се промени презимето во тоа од мажот, да докажете еве пред сите дека го сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред родителите (пошо реално освен ним на никому дриг не му е гајле за презимето)?

Ако мажот го доживува тоа како кастрација, значи бил п+чка уште пред тоа.
 
Единствено полошо од Ана Петрова Станковска е Ана СтанковскИ . Нека се сузбие таа лоша мода со презимињава, или нека си ги држат моминските или нека ги зимаат од младоженецот, само нека не ги касапат презимињата со некој петпарачки феминизам и докажување поенти некои.
 
Се разбира дека е така.
Во случај таа да доаѓа од посолидна фамилија, да биде поуспешна од него и да има пофенси презиме, тогаш мажот треба да стори еден гест, да го земе нејзиното презиме и тој да биде оној што ќе носи скапи прстени, минѓуши и бунди. :confused:
не заради фенсито ама заради поуспешноста -стан и кола во старт, нешто опипливо :cool:
 
Ај сега уште еднаш: Зошто е глупо детето да ги носи презимињата на двајцата родители? Невообичаено - можеби, глупо... македонскиот менталитет е глуп!
Значи пробајте уште еднаш, овој пат со добри аргументи.
 
Женско дете ако ги носи презимињата на двајцата родители исто како да е мажена. :D
А па кога ќе се мажи ако додаде и трето презиме....
 
Ај сега уште еднаш: Зошто е глупо детето да ги носи презимињата на двајцата родители? Невообичаено - можеби, глупо... македонскиот менталитет е глуп!
Значи пробајте уште еднаш, овој пат со добри аргументи.
девојче немора да значи дека на запад се што прават е нај нај а ние најзатуцани...
па нема посмотано од тоа коа ке видам 2 презимиња :tapp:
кој е бенифитот од 2 презимиња?
голем стап (n)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom