Тука нема никаква врска љубовта туку традицијата, а кај нас тоа би значело дека жената кога ке се мажи влегува во друга фамилија и станува член на таа фамилија и со самото тоа го превзема презимето на таа фамилија. Ако е и покултурна или има осет и поштовање тогаш и на мајката и таткото на мажот ке им се обраќа со мамо и тато. Ако одиме во ситници и по некое непишано правило( затоа реков традиција) тогаш целиот имот го наследува машкото дете од фамилијата, додека женското како што реков оди во друга фамилија и таа се стекнува со имотот на машкото од другата фамилија. Ете затоа женското го превзема презимето на машкото и затоа децата го носат презимето на машкото или на другата фамилија а не по основа чие е детето. Како што реков традиција која е тесно поврзана со нецепкање на имотот. Сигурно си чула за зборот домазет и како тоа се доживува кај машката популација. Секако некогаш важеле други правила но и денес во овие модерни времиња не гледам причина да се менува традицијата иако нема некоја посебна врска со имотноправните односи.
Традиција? Тоа што нешто се случувало долго време и е традиција, ама баш ич не значи дека истото е правилно.
Тоа ти е логичка грешка позната под името аppeal to tradition и не претставува никаков аргумент.
Инаку, жената кога се мажи не влегува во фамилијата на сопругот, туку тие заедно формираат ново семејство, различно од нивните првобитни семејства, така што твоето инсистирање свекорот и свекрвата да се нарекуваат мамо и тато е целосно неосновано и смешно.
Тоа што јас сум влегла во брак со некого не значи дека неговите родители автоматски станале и мои, па сега треба мамо и тато да ги викам. Што се однесува до почитта, секако дека ќе ги почитувам, исто како што очекувам и тој да ги почитува моите, ама почитта Владе, се покажува поинаку, не со "мамо" и "тато". Познавам милион снаи кои пред други се лигават со тоа мамо, а меѓу четири ѕида очи си вадат.
Освен тоа, мислам дека би било навреда за моите родители кои ме родиле, израснале и се жртвувале за мене, да ословувам некој друг со мама и тато.
Мада од нашите претходни дискусии твоите ставови за ова ми се познати и знам дека нема да ги промениш, ниту па јас ќе ги променам моите, само сакам да ти посочам дека традицијата не е аргумент, по таа логика ти не смееш да бидеш атеист, туку мора да веруваш во Господ, да одиш во црква и да оставаш пари по икони, затоа што тоа било традиција и твоите предци го правеле.
И за крај, сакам да посочам дека за мене лично, не се работи за самото презиме како такво, не мислам јас дека сум од некоја кралска лоза па сега морам по секоја цена да го зачувам презимето, туку поентата ми е дека сакам јас да бидам таа што ќе одлучи како ќе се презива, а не идниот сопруг да ми поставува некакви ултиматуми или да одлучува место мене.
Од каде ли се појави потребата за кастрирање на мажот. Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да се промени презимето во тоа од мажот, да докажете еве пред сите дека го сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред родителите (пошо реално освен ним на никому дриг не му е гајле за презимето)?
Од каде ли се појави потребата машкоста да се докажува со презиме? Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да и се дозволи на жената сама да избере како ќе се презива, да докажете еве пред сите дека ја сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред другарите (пошо реално освен на другарите кои ќе ве реметат дека сте папучари, на никој друг не му е гајле за презимето).