Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.885
- Поени од реакции
- 89.769
ЈУВЕНТУС - ИНТЕР
DERBY D'ITALIA

Дојде и тој ден кога 215 пат (сметајќи ги сите натпреварувања) ќе се сретнат можеби најголемите тимови во Италија. Се разбира ова не би било дерби, ако позади него не постојат многу контроверзии, нетрпеливост меѓу фановите, и очигледно нетрпеливост меѓу двата клуба.
Но да почнеме од почеток. Ова ќе биде 185 пат како овие два тима ќе се вкрстат во Серија А. Првиот натпревар помеѓу овие два тима е одигра во далечната 1909 година, каде Јувентус ја има обезбедено првата победа со резултат од 2-0: Досега во Серија А, Јувентус има подобар учинок од Интер и тоа со...
Јувентус
Победи 81 Нерешени Натпревари: 46 Изгубени Натпревари: 56
Интер
Победи: 56 Нерешени Натпревари: 46 Изгубени натпревари: 81
Како што кажав ова дерби има поминато низ многу контроверзии низ времето. Првата нетрпеливос помеѓу овие клубови се јавува во далечната 1961 година, кога тогашниот претседател на Интер, Анџело Морати ги обвинува ФИГЦ за фаворизирање на фамилијата Ањели и неговиот тим Јувентус. Со таа цел, Интер тогаш во знак на протест излага да игра со младинците на тимот, и губи од Јувентус со 9-1 резултат, каде што Омар Сивори, подоцнежниот освојувач на Златната Топка за таа година, им дава на Миланскиот тим 6 гола.
Втората позначајна контраверзност датира од не така одамна, во 1998 година. Тогашниот судија Пиеро Чечарини, не досудува пенал по дуелот со Јулиано и Роналдо, кога вториов паѓа во шеснаесетникот, судијата решава да продолжи играта, и веќе во следната контра досудува пенал за Јувентус. Алесандро Дел Пиеро го промашува пеналот, но сепак на крај Јувентус го добива тој натпревар со 1-0, каде и подоцна станува и Шампион на Италија.
(00:37 Конте оди да го брани соиграчот
)

И третата контроверзност беше во сезоната 2008-2009 каде што пред тој дуел навивачите на Јувентус го нападнаа автобусот на Интер фрлајќи јајца кон него. Предходно Жан Клод Блан и Мариела Ширеа апелираа до домашните навивачи да не праваат проблеми пред дербито, но изгледа молбата не помогна. Главна цел на навивачите на Јувентус тогаш беше тинејџерот на Интер, Марио Балотели, пред се заради неговата боја на кожа. Но и на натпреварот не беше премногу различна ситуацијата. Мурињо беше исклучен во првото полувреме заради приговори кон судијата, додека пак во второто полувреме играта се разжешти, а натпреварот кулминираше со дуелот/тепачката помеѓу Тиаго Мота (дебилот) и еден од најголемите џентлмени што стапнал на терените Џанлуиџи Буфон. Искрено незнам дали некогаш Џиџи во својата кариера доживеал да биде изнервиран до толку од некој играч, па да мора со тепање да го реши спорот... Сепак на крај Јувентус го доби тој натпревар со 2-1, но Интер таа година го освои Скудетото.
Мислам дека доста беше Историја, време е да се навратиме на овогодинешниот дуел, прв за 2014 година. Јувентус моментално е прв на табелата со 6 бода пред Рома, додека Интер не е во форма и се наоѓа на петтото место, каде грчевито се бори со останатите екипи за излез во Европа. Последниот дуел на Јувентус беше со Лацио во Рим каде што одигра нерешено 1-1, додека Интер ја пречека последнопласираната Катанија, и на “изненадување” на сите, дуелот заврши нерешено. Но ова дерби не познава моментална форма, и состојба на табела. Доказ за тоа е последниот дуел кој се одигра во Торино, кога тогаш Јувентус имаше 49 натпревари без пораз, но тогаш налета на Интер. Миланскиот тим тогаш издвојува победа од 1-3 и се врати во Милано со полн плен. Што се однесува за овој натпревар можните состави на двата тима со кои ќе излезат на зелениот терен се...
Јувентус 3-5-2
Сторари: Барѕаљи, Бонучи, Келини: Лихтштајнер, Видал, Пирло, Погба, Азамоа: Тевез, Љоренте
Интер 3-5-2
Хандановиќ: Хесус, Роландо, Кампањаро:Џонатан, Кузмановиќ, Таидер,Алварез, Нагатомо: Паласио, Милито
Дополнително “Масло на огнот” ќе претставува и неодамнешната несудена трампа помеѓу Гуарин и Вучиниќ, каде што Интер во последен момент го запре трансферот на овие два играчи. Нормално по 2-3 дена двата клуба џентлменски се изругаа во јавноста пред новинарите.
Дербито се игра во Недела со почеток од 20-45 часот на големиот празник на Интерашите 02.02. Другиот празник им е на 21 Март, кога свечено со комшиките го одбележуваат денот на дрвото, ама сега тоа не е важно... : )
Нека победи подобриот тим!!!