Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Што обично прашуваат на интервју, јас сега на 5ти имам преку skype, ако можеш сподели некој совет.

И јас имав интервју преку скајп. Мислам дека полесно се поминува така бидејќи немаш директен контакт лице во лице со работодавецот па не може да ти ја насети тремата. Интервјуто траеше 2-3 минути. Те прашуваат како се викаш, што сакаш да работиш (голем плус е ако покрај желбата кажеш дека си флексибилен и за друга работа) и дали имаш прашање некое за нив. Битно насмевка на лице, колку и да имаш трема. Среќно :)
 
Со една работа заработив бруто 8000 долари.

За 3 месеци? Гладуваше? По паркови спиеше? Не ми се верува , мој најдобар другар лани едвај преживеал , работел ко црнец али пари никако не му стигале и ако не му била повратна картата ке немал да се врати + фатил 1500 долари некое лото :pos:
 
убаво ти вика човекот БРУТО ...Што значи пари кои му се на последниот чек а не нето колку му останале
храната и сместувањето немаат врска со платата..толку заработел а колку му останале тоа е друго
Секој индивидуално некој ќе оди на шопинг, друг ќе шета, некој ќе штеди пари и ќе ги потроши тука првиот месец зошто ќе изиграва Џек...секој како му одговара
 
Епа излеа другар ти кажал само колку фатил на лото, а колку искоцкал не кажува, ваљда затоа не му стигнале :ROFLMAO:
 
Незнам колку искоцкал ама испил одприлика 70% од што заработил :icon_lol:
 
Гледам дека има и претходно прашања за Edgartown, Massachusetts, ама на ниту едно нема одговор, па ајде и јас да си ја пробам среќата. Има ли некој некаква информација за ова место? Како е, што е, се наоѓа ли лесно работа и сл?
 
убаво ти вика човекот БРУТО ...Што значи пари кои му се на последниот чек а не нето колку му останале
храната и сместувањето немаат врска со платата..толку заработел а колку му останале тоа е друго
Секој индивидуално некој ќе оди на шопинг, друг ќе шета, некој ќе штеди пари и ќе ги потроши тука првиот месец зошто ќе изиграва Џек...секој како му одговара
Што губиш време да му реплицираш, како прво нема логика неговиот пост. Затоа што некој негов другар работел во Монтана или Дакота 30 саати неделно за 7 долари и не можел да најде втора работа, готово, пропаѓаат приказните за сите останати 2-3000 македонски студенти секое лето.
 
Тука си малку грешка

За Дакота конкретно работат по 100 саати неделно и имаат по милион работи колку сакаат и плаќањето е најмалку 9 на саат
Јас немам слушнато човек кој бил во Дакота да се врати со помалку од 10-12.000 ама за Северна Дакота зборам за Јужна точно е плаќаат многу помалку
 
Не ми беше тоа целта, еве нека не биде Дакота, нека биде Вајоминг или Ајдахо, само онака груб пример дадов. Не може он да ми кажува мене, и не само мене туку сите да ги поистоветува со тој негов другар што се заебал.
 
Тука си малку грешка

За Дакота конкретно работат по 100 саати неделно и имаат по милион работи колку сакаат и плаќањето е најмалку 9 на саат
Јас немам слушнато човек кој бил во Дакота да се врати со помалку од 10-12.000 ама за Северна Дакота зборам за Јужна точно е плаќаат многу помалку

Еве сега си слушнал некој шо бил во Северна Дакота а се вратил со помалку, и тоа 4 пати помалку. Ама сепак не жалам.
 
Која година? Кој град и кај работеше?
Не заработи доволно или се потроши:)?
 
Која година? Кој град и кај работеше?
Не заработи доволно или се потроши:)?

Дикинсон, 2012. Работа беше тешко да се најде, имаше многу студенти. Во септември дури најдов 2 работа, кога си отидоа студентите, а и потрошив, да штедев ќе бев во благ плус, со една работа толку :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom