Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.371

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Машките Ваги се многу феминизирани бе, да не речам ко педерчиња делуваат :) И да не е геј, веднаш ти остава таков впечаток :icon_lol:
Зошто феминизирани? Баш би сакал да прочитам...
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Мислам дека Pokahontas-84 не сакаше да навреди, туку мислеше на тоа дека секогаш се средени, многу внимаваат на изгледот, облеката, козметика, шампончиња, парфемчиња, често одат во салони, се чупаат, депилираат, како жени се тинтраат и негуваат, затоа рече „феминизирани и ко педерчиња“. :) Не дека е лошо маж да се тинтра, ама машките ваги знаат да претераат, па затоа така изгледаат од страна. ;)
--- надополнето: 14 декември 2013 во 12:27 ---
Зошто феминизирани? Баш би сакал да прочитам...
Мислам дека Pokahontas-84 не сакаше да навреди, туку мислеше на тоа дека секогаш се средени, многу внимаваат на изгледот, облеката, козметика, шампончиња, парфемчиња, често одат во салони, се чупаат, депилираат, како жени се тинтраат и негуваат, затоа рече „феминизирани и ко педерчиња“. :) Не дека е лошо маж да се тинтра, ама машките ваги знаат да претераат, па затоа така изгледаат од страна. ;)
 
M

Muranyi

Гостин
Машките Ваги се многу феминизирани бе, да не речам ко педерчиња делуваат :) И да не е геј, веднаш ти остава таков впечаток :icon_lol:
Пффф, сфашта, што се не ќе прочита човек. Со колку машки ваги имаш искуство во животот?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Хороскопот ви открива каков родител сте

Овен

Овенот како родител е строг, но праведен. Генерално, напорно делува на детето, но тоа треба да го послуша бидејќи тој е секогаш во право. Од детето бара да биде упорно, за да ги постигне најдобрите резултати. Понекогаш престрого ги воспитува своите деца, но во исто време ги тера да бидат индивидуалци. Родителот роден во знакот овен не смее премногу да се нервира и да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите амбиции не се амбиции и на детето. Овните треба да бидат малку попретпазливи, за да бидат совршени родители.

Бик

Родителите родени во знакот бик постојано ќе стравуваат дали нивното дете е гладно, жедно, дали нешто му треба и слично. Доколку во повозрасни години детето не обезбеди материјална сигурност, родителот бик постојано ќе му помага на сите начини. Никогаш нема да дозволи некој од неговото семејство да нема нешто или да живее во сиромаштија, освен ако е порочна личност.

Близнаци

Близнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е подетинест, дали родителот или детето. Секогаш ќе имаат време да позборуваат со своите деца, колку и да се зафатени. Инсистираат децата да им бидат образовани. Некои претставници на овој знак ќе се одречат од имање деца, а нема ни да влегуваат во брачна заедница бидејќи знаат колку се несериозни.

Рак

Родителите родени во знакот рак се едни од најосетливите знаци, па постојано ќе се грижат. Дали детето е гладно, да не му е ладно или да не му треба нешто, ракот се грижи дури и кога сè е како што треба. Најмногу внимание обрнува на чувствата на детето, неговите интереси, како и на домот во кој тоа живее, дури и откако еден ден ќе се отсели. Секогаш е тука да помогне и да даде добар совет.

Лав

Родителот роден во знакот лав е најдобар другар на своето дете, но и најголема поддршка во неговиот живот. Детето на лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а лавот ќе ја буди таа енергија и ќе го зајакнува неговиот карактер преку постојани пофалби. Лавот го „бруси“ своето дете за да го направи подобар човек. Тој своите чувства не ги искажува преку зборови, туку преку гестови и подароци.

Девица

Родителот роден во знакот девица е комплициран. Сè мора да биде совршено, а неговото дете да биде непогрешливо и најдобро. Доколку се случи да не се согласува со детето, тој демонстративно ќе си замине и ќе се чуди зошто тоа не е такво како што тој го замислил. Доколку вие сте родител-девица, немојте премногу да го притискате детето да учи и да работи. Секој живее во свој свет и има свој живот. Дајте совет, ама не претерувајте.


Вага

2-horoskopot-vi-otkriva-kakov-roditel-ste-kafepauza.mk_.jpg

Родителот роден во знакот вага најмногу се грижи за манирите и убавото однесување на своето дете. Нема да дозволи непристојно однесување, ниту такво облекување. Се грижи за иднината на своето дете, а најмногу за тоа да е во врска и еден ден да стапи во брак, бидејќи за него тоа е многу важно. Ќе ги научи своите деца на толеранција и да ги прифаќаат разликите кај другите.


Скорпија

Родителот со знак скорпија сè гледа и сè знае. Никој од него не може да сокрие ништо, бидејќи тој следи сè и проверува, додека не е целосно сигурен дека ја знае целата ситуација. Тој не дозволува детето да биде разгалено и да не се однесува како што треба, па поради тоа честопати е напорен родител. За него децата никогаш не прераснуваат во возрасни личности. Дури и кога тие ќе имаат свое потомство, во неговите очи засекогаш остануваат деца за кои тој треба да се грижи. Најважно му е детето да му биде обезбедено.

Стрелец

Родителот роден во знакот стрелец ќе му допушти на своето дете целосна слобода, а поради тоа детето многу ќе го почитува. Без забрани, со исполнување на сите желби, родителот во овој знак е секогаш весел и ги води децата на патувања и секаде со себе. Факултетот ќе биде многу важен за овие родители, како и спортот и другите активности.

Јарец

Можеби звучи дека јарецот секогаш е најстрогиот знак, но овој пат тоа воопшто не е лоша работа. Знае како да се постави, да ги стави работите на свое место и да има авторитет, а тоа е најважно во процесот на воспитување деца. Секогаш е добар советник и не се меша, освен кога неговото дете ќе побара. Бара дисциплина и одговорност.

Водолија

За секое дете, најдобар пријател е родителот-водолија. За разлика од стрелецот, водолијата не му попушта на своето дете. Тие се ригорозни и ладни и доколку забележат дека нивните деца не ги слушаат, следуваат санкции. Сепак, на овој родител брзо му поминува лутината и попушта после некое време. Детето мора да постави одредени цели и да ги исполни.

Риби

Родителите родени во знакот риби секогаш се прават дека ништо не гледаат, а забележуваат сè околу нив. Тие знаат да ги чувствуваат потребите на детето и не го притискаат, туку го оставаат да биде свое. Ова може да доведе до совршено воспитување или до сосема спротивен ефект. Најчесто го насочуваат детето на некакви активности, но доколку тоа не покажува некој интерес, нема да го притискаат. За нив мирот во куќата е најважен.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ај нешто повеќе ако може за девица со подзнак стрелец? :D
Ма да честопати сум го критикувал хороскопот, ама ајде, да се обидам еднаш вака ако може некој нешто да ми каже па да видам некои работи....
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Ај нешто повеќе ако може за девица со подзнак стрелец? :D
Ма да честопати сум го критикувал хороскопот, ама ајде, да се обидам еднаш вака ако може некој нешто да ми каже па да видам некои работи....
Подзнак Стрелец

Ако вашиот подзнак е стрелец, вие сте родени оптимисти, секогаш им приоѓате на луѓето со великодушност и без предрасуди, а основни критериуми во односите со другите ви се чесноста и искреноста.
Животот го живеете следејќи го вашиот авантуристички дух и желбата постојано да учите нови работи. Токму комбинацијата од тие ваши карактеристики ви дава поттик да ризикувате и да достигнувате огромни успеси, особено во претприемништвото. Нетрпеливоста може да биде вашата најголема пречка кон успехот.
Во себе носите големи идеи и постојано барате пространство во кое ќе можете да ги реализирате тие идеи. Поради тоа, не сакате да ви бидат поставувани ограничувања. Ја сакате личната слобода и секогаш меѓу вас и другите држите некакво растојание, со кое се осигурувате дека нема да попаднете во потчинета состојба.
Вие сте неуморни, па постојано барате некакви предизвици. Таа ваша динамика продолжува низ целиот ваш живот. Самите вие сте извор на нови и нестандардни идеи и секогаш има што да кажете. Луѓето ги импресионирате со вашата богата општа култура, добри импровизатори сте, но работите ги кажувате само површно, а не навлегувате во нивната суштина.
Многу сте љубезни и не ги сакате оние, кои само ја искористуваат вашата љубезност. Отворени сте и чесни со тенденција понекогаш да бидете премногу искрени особено во ситуации кои бараат по дипломатски приод.
Не сте склони да се приврзувате емоционално за долго време, а оние врски кои ја ограничуваат вашата лична слобода не траат долго. Од една врска барате провокација или нешто ново поради тоа што го сакате разнообразието. Двојноста во вашата природа ве прави непостојани и емоционално несигурни, но во истото време цврсти и независни.
Ве воодушевуваат луѓе со моќ и висок статус во општеството, сакате да се дружите со нив со цел да го зголемите вашиот личен напредок – основаната цел во вашиот живот. Со цел да оставите добар впечаток кај другите, вие може да го преувеличувате вашето знаење и важност.
Жените со подзнак стрелец се подобри пријатели, отколку партнери и покрај тоа што нивната неуморна природа може да доведе до многу сексуални авантури. Пријателството е многу важно за нив, а нивниот темперамент не е склонен кон домашен живот.
Мажите со подзнак стрелец се упорни трагачи по идеалната жена. Во нивната природа е да бидат лојални и да не ги комплицираат работите.
 
Член од
28 декември 2013
Мислења
27
Поени од реакции
31
@Смрт за зони и пајак воз

месечината е од брзо движечките планети, па, чувството марс-месечина ти доаѓа како неколку секунди... емотивно (тро пасив-агресив однос) да реагираш на нешто, зависно од тоа, што аспект таа конјукција во транзит прави на твоја натална планета (ваљда ме разбра,ако не...јбг. :sneaky: ).
Многу побитно ќе е да си провериш на 1 јануари, што прави марс кој е во опозиција со уран кои се па во square со плутон, меркур и млада месечина (која значи почеток на нешто,лошо/добро,што да е) во твојата карта :свиркам:.
Конфигурацијата е t-square :icon_lol:
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Дај кажете нешто за девица со подзнак лав, само да не е она од фемина -_-
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013

Да да се снајдов, еве краток превод за тие шо ги мрзи да преведуваат.

Ах! Конечно! Девица којa сака внимание ! Овие се веројатно со најголема самоувереност и наметливот од сите девици. Тие се исто така, повеќе фокусирани и одлучни од другите девици , а тие се подобри во добивање на дното на нештата. Измешани интензивноста , робусноста , а можеби и впечатливото присуство на господарскиот Лав со продуктивната Девица создава "направете го тоа точно за прв пат " став кој ја надополнува корисната Девица доста убаво. Но, важно е за овие девици да се направи свесен напор да бидат пофлексибилни. Тие не би можеле да се справат со разочарување и, наоѓаат потешкотија да се расположат и да продолжат понатаму , и е веројатно добра зделка на pridefulness во нивното однесување. Сепак, лавовото "Можам да се справам со тоа, дај ми го мене " ставот ја подобрува продуктивноста Девицата. Тие се секогаш најдобриот залог на организацијата да иницира проект, и великодушноста на лавот е погодна за г-ѓа nitpicky девица. . Тие се обично подготвени работници, но тие исто така се гордеат со себе и сакаат признавање- нешто не секогаш точно на скромната девица . Овие девици се исто така сакаат примање признанија за нивните достигнувања. Тие ја завршуваат задачата во рекордно време, уживаат во аплауз , а потоа одат дома да уживаат во плодовите на нивните подвизи и љубовта на своите блиски.

Но расипувањето на лавот е скоро секогаш тенденцијата да се изгуби во центарот на вниманието, и Девицата е склона да ја пропушти големата слика ,во потење на nitpicky детали. Значи, ако овие девици не направат екстра- специјални напори да се зголеми нивната самосвест , тие се наоѓаат себеси очигледни и несвесни за тоа како тие се сватени. Ова не е да се каже дека не се веќе продуктивни, приврзани , или дарежливи - овие основи секогаш ќе бидат камен темелник за девицата и лавот.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вага

Оваа година вагата ја чека успех на сите полиња. На емотивен план ќе ви се реализираат огромен број работи, кои порано стоеле во сенка. За вагите, 2014 година ќе биде година на трансформација, како за нив, така и за нивната околина.

Затоа треба да бидете доследни на себе и да ги прифатите предизвиците кои ве очекуваат. Веќе нема да имате оправдувања за недостаток на енергија, бидејќи веќе во март започнува силното влијание на ѕвездите врз вашата комуникативност, шарм и врз талентот за дипломатија. Бидете храбри и самоуверени, но и не заборавајте на вашата разиграна особина да уживате во животот.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
За нас вагите :pipi:

Вага

Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда,забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижлива личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачајте со неа да не завршите со плачење. Верен пријател до крај. Памети се што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна, безнадежно романтична, сака долги врски.

Тоа сме ние :ROFLMAO:
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.101
Поени од реакции
13.647
Амммм...а нешто за овца во подзнак лавица (у љубав со девица подзнак шкорпија)? :P за кинески хороскоп, тука да прашам? Има тема? На мобилен ни срчот не работи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom