За шо друго не е во право?
За играта(ако имаше такво нешто?за тоа шо игравме најбавен ракомет?за одбраната?
Баш има право да коментира зошто голем дел од оваа селекција поминале низ неговите раце....
За се е во право,од А до Ш ....
Можеби делува малку препотентно во анализите,но таков си е човекот....
И од каде го извади Шундо во муабетот?,па и тоа дека бил пулен на Стефановски хаха...

Шундо е завршена приказна...
Сега предмет за анализа е Обрван,а не Шундовски....
Барем за разлика од другите експерти,тренери се потруди човекот да направи анализи,да имаше некој од РФМ да погледа малку од тактиките можеби ќе личевме на нешто...
Ама џабе,шо има да се слушаат нашите тренери,според експертите од РФМ секогаш е подобро да си донесиме некој од страна,па ќе се вадиме со познатите изговори
ТОЛИКО СМО МОГЛИ,ШТА ДА РАДИМО....
Ајде ќе си потрошам уште 40 минути за го изгледам клипот иако спремам испити и по ред...Одбраната. Ок, за тоа е во право дека одбраната мораше да биде поагресивна отколку што беше, ама не на бројот на исклучувања, туку по бројот на фаули. По бројот на исклучувања сме поблиску до врвот. Во Србија имавме одлична одбрана, ама тогаш и Темелков играше, а и нашите одбранбени беа во врвна форма. Оваа сезона и во Металург се случува Марковски, Јоноски и Манасков да извисат, особено Велко и Манасков. Голем удел во лошата одбрана има и губењето на концентрација, затоа што се случуваше да бидеме 6-7 минути без примен гол, за потоа да се раздвижи одбраната и да примиме 4-5 брзи гола. Причина за губењето на концентрација гледам во тоа што голем број од репрезентативците не играат квалитетни натпревари на секои 2-3 дена, како многу нивни репрезентативни колеги. За подобро сигурно дека можеше, ама со оваа форма на играчите не верувам дека некој друг значително ќе ја подобреше одбраната. Не верувам дека некој друг ќе го променеше и форматот од 6-0 затоа што овие репрезентативци се веќе навикнати на таа одбрана. Од време на време се менуваше 5-1. Резиме, иста поставеност имавме како и порано со тоа што играчите ни се во полоша форма и во одбрана бевме подобри само во Србија каде што се погодија многу фактори. Мораше да се игра поагресивно и посконцентрирано, особено со 6 спрема 5 кога бевме.
Правење контри и играње модерен ракомет...Јас не знам дали некогаш сме играле модерен ракомет, па сега сакаме пак. Со овие играчи и Вилбек да дојде не можеме да играме модерен и брз ракомет. Нападот беше подобар отколку на светското, квалификациите за олимпијадата, па и од европското во Србија. Имаше поразновидна игра, ама толку се можностите. Ангеловски имаше вкупно 5 асистенции, Пецаковски 3. Зарем нив им е поинаку кажувано од Прибак кој за помалку натпревари од нив имаше 10 асистенции и тоа 8 од нив сигурно му беа на крилата?? Толку е можноста со овие играчи. Ангеловски и Митков претходно не заигруваа, сеа добија солидна минутажа. Митков со својот капацитет не е ни за во македонска лига да игра. Ни фалеа Мојсовски и Филип Лазаров. Техничките грешки беа сведени на помалку од 10 по натпревар и тоа со фатен играч во рацете како Митков, неуигран Прибак, Манасков во лоша форма и Ангеловски кој е најсклон кон технички грешки. Порано ти текнува?? Со Чиле, Катар и Бразил имавме по 15 технички грешки на натпревар. Нема подобрување тука??? Играта во напад беше далеку од катастрофа, јас не знам вие како очекувате да играме модерен ракомет со овие играли. Добрите тренери и во фудбалот се приспособуваат на играчите со кои располагаат, а не сеа Јоновски и Митков ќе ги учиме на модерен ракомет. Ние Исланд ќе сме биле, не ме јеби..Они со ваква мртва игра се жалеа дека физички било тешко. Кој од кој понеспремен физички, ние брзо ќе сме играле. Не можеме ние да се споредуваме со тие репрезентации, туку можеме само со нашава репрезентација под други селектори. За нападот 6 на 5 како што ме држи памтењето немавме голем проблем затоа што се случуваше да дадеме 2 гола, ама и да примиме 2 гола. Нападот и акциите не беа лоши затоа што со вакви играчи правевме еден куп зицер ситуации, ама реализацијата беше катастрофа. И со Унгарија уште во прво имавме еден куп зицери пропуштени. Не виде дека сите голмани против нас имаа над 40 посто одбрани? Па сигурно имавме најмалку исфорсирани шутеви во споредба со минатите натпреварувања, ама многу лоша реализација. Зарем Обрван треба да му каже на Манасков кај да шутне? Селекторот на репрезентацијата треба да го учи тоа?? Го радува Бранче и Пецаковски што се опуштиле, ама Прибак навистина бил изгубен. Пишав и погоре, Прибак за помалку натпревари со посилни екипи имаше повеќе асистенции од овие двајца. Бранче се опушти, ама доверба му даде Обрван, не некој наш селектор. Единствена грешка беше што Јоновски беше редовно игран на лев бек во пријателските, а тука настапи само на дел од првата и втората утакмица. Прибак беше слабо игран на пријателските, не знам зошто.
Се согласувам со него во врска со психата, истото го имав пишано и на некој од претходните натпревари. На сите им е во прилог тоа што можат да играат растеретено, само на нишите не им е. Они обезбедија топ 10 пласман и место да играат мотивирано и растеретено, да не се се плашат да кикснат, они топ 10 пласманот изгледа го сфатија дека треба да си кренат нозе у вис и да не играат. Епа според мене шансата не беше против Исланд, шансата требаше да ја бараме против Унгарија, ама очигледно беше дека не им се игра.
Тренерот. Зарем Обрван и сите странски и искусни селектори не ги знаат тактикиве?? Лесно е да се каже вака, ама тоа треба да се примени. Савески, Темелковски, Шундовски, Магдинчев, Доне, да не се подобри од Обрван?? Тогаш да не владеела некоја искреност, како што ми збори тука Стевче?? Не тогаш нашиве селектори немале никаков авторитет. Е во тоа е разликата, а не во некоја си искреност. Обрван не е мало бебе, па со него да се зафркаваат. Си ја знае работата, има тежок карактер, има и солиден успех направено со Загреб каде што влегоа мислам во 8 најдобри со слаб тим. Значи не е тука проблемот во федерацијата која им има створено секакви услови за овие квалификации или во Обрван, проблемот е во нашите ракометари. Јас грешка гледам во тоа што слабо ги ротираше Манасков и Борко, иако многу ротираше на другите позиции. Изгледа преголеми се егата на Кире, Наумче, Борко, Димовски, Ангеловски, па најдобро ќе ни одговарал само македонски селектор. Патем, што не се пријави Стефановски како кандидат за селектор? Или што не води некој клуб? Има знаење, а најверојатно и некој авторитет, ама мислам дека човекот си има некој бизнис. Муабетот за Шундо ми е дека во анализите за минатите натпреварувања, со игра послаба од оваа, а со подобри играчи, Стефановски ниту еднаш не кажа дека играта ни била катастрофа. Плус он самиот кажуваше тогаш дека се слушал со Шундовски. Може не сум у право, ама тоа ми е останато во сеќавање.
И што е со натурализирањето на играчите?? Интересно е што и Стефановски, како и Кире ги имаат оправдувано натурализирањата на Вугринец и Прибак, пред да почне првенството и пред Мојсо да се повреди. И сега Обрван и федерацијата и за тоа што го смениле мислењето им се криви?? Сите се согласуваме дека веќе ако се натурализира играч, тоа требаше на лев бек. Лично јас сум и против натурализирање, ама сеа не го коментираме тоа. И што е сеа поентава со квалитетот на Вугринец и Прибак? Епа не може никој да ми каже дека Прибак и особено Вугринец не се во најмала рака на нивото на поранешните натурализирани играчи што сме ги имале. Ако е поентата да се форсираат млади играчи, и тогаш можело да се форсираат такви место натурализираните. Кога сме кај тоа, Кире уште од тогаш се бунел за нив, така да не му е ништо ново, ама сега има многу поголем авторитет од порано.