Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Едно вработување чини минумум 10.000 евра, со 6 милиона евра може да се отворат до кај 600 работни места.
Сепак за Кочани и 600 се добра бројка, да не испадне дека само нешто мрчам.
Шест милиони евра и нови 1.500 вработувања е бенефитот кој ќе го добие општина Кочани во следните неколку години благодарение на инвестицијата од американската компанија „Амфенол“ која отвори погон за производство на делови за автомобили.
Ниту едното ниту другото не ми „ мириса “ на нешто добро. Дали ќе се вработат 600 или 1500 или 70 што е најверојатно, спред мене не е суштината. Суштината во тоа што грото пари се субвенции од Македонија
Она што ќе се произведува се нарекува конфекционирање на каблови. Кабловите и спојниот материјал ќе се увезуваат од којзнае од каде. А и производите ќе се продаваат кој знае каде. Ние ќе учествуваме со „ добрата квалификувана работна сила, “ која ќе прима плати какви што прилегаат за вакви работи, помалку од 6000 денари.
Се на се една промашена работа
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.999
Поени од реакции
1.286
Кога се отварало зошто се отварало, кога не се отварало зошто не се отварало, прост македонски народе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.213
Ниту едното ниту другото не ми „ мириса “ на нешто добро. Дали ќе се вработат 600 или 1500 или 70 што е најверојатно, спред мене не е суштината. Суштината во тоа што грото пари се субвенции од Македонија
Она што ќе се произведува се нарекува конфекционирање на каблови. Кабловите и спојниот материјал ќе се увезуваат од којзнае од каде. А и производите ќе се продаваат кој знае каде. Ние ќе учествуваме со „ добрата квалификувана работна сила, “ која ќе прима плати какви што прилегаат за вакви работи, помалку од 6000 денари.
Се на се една промашена работа
Многу јасно дека целиот материјал или најголемиот дел ќе доаѓа од којзнае каде и уште понормално дека цело производство ке оди којзнае каде. Ние нити имаме технологија, нити кадар нити квалитет да конкурираме за дел од тие полуготови материјали , а уште помалце имаме што да им правиме на готовиот прозивод. Во иднина можи некој ке делни некој дел од колачот, но сега засега толку ни се можностите.
Од друга страна вработеноста вака така се зголемува. Дали покривала дел владата или фирмата небитно, битно е некој од невработен станал вработен и на почетокот на месецот зема плата и ја троши, му течи стаж, осигуран е здравствено и пензиски.
 
Сепак сметам дека со сите тие субвенции што им ги подарува Македонија на коекакви светски пробисвети, можеше нешто повеќе да се направи, да се вработат повеќе луѓе и со поголеми плати
А можеби и грешам?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.213
Сепак сметам дека со сите тие субвенции што им ги подарува Македонија на коекакви светски пробисвети, можеше нешто повеќе да се направи, да се вработат повеќе луѓе и со поголеми плати
А можеби и грешам?
Како тоа ?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.213
На пример да вложуваа во енергетика, биомаса, јаглен мислам дека подобро ќе поминевме
Во енергетика се вложува, ако мислеше на брани, соларни и ветерници, јаглен колку што сум во тек нема којзнае колку. Ние храна немаме за нас, не пак за биомаса да произведваме. Но небитно, едноставно кажано не сме конкурентни на отворен пазар освем за сурови производи. Брендови кои се познати надвор од нашите граници на прсти се бројат. За стручен кадар и технологија ич да не збораме. Све теоретичари. Е затоа се носат странски компании кои веќе имаат пазар за своите прозиводи но им требаа ефтина работна рака. Е тоа имаме колку да сакаш. Тие компании си носат технологија, машини и репроматеријали од друго место пошто кај нас можат само ефтини пиперки и домати да земат а да се квалитетни. По некое јагне можи и толку. Стручен кадар и не им треба пошто и нема потреба, а и тој што им треба донесен е од странство.
Е тоа е вистината. Некои си се влезени во филм дека ние сме технолошки развиена држава. Реалноста е дека ние сме аграрна држава која не е способна нити тоа да го преработи во финален прозивод и да го продаде надвор. За друго да не ни правиме муабет.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тие компании си носат технологија, машини и репроматеријали од друго место пошто кај нас можат само ефтини пиперки и домати да земат а да се квалитетни. По некое јагне можи и толку. Стручен кадар и не им треба пошто и нема потреба, а и тој што им треба донесен е од странство.
Е тоа е вистината. Некои си се влезени во филм дека ние сме технолошки развиена држава. Реалноста е дека ние сме аграрна држава која не е способна нити тоа да го преработи во финален прозивод и да го продаде надвор. За друго да не ни правиме муабет.
Која технологија ? Конфекционирање на каблови? Што збориш Пријателу Мој?
Сигурно нив не им требе ништо. Тие дошле да ќарат кај нас бидејќи ќе добијат субвенции.
Инаку не се согласувам со тебе дека Македонија е аграрна земја.
Македонија никогаш не била ниту денес е ниту може да биде аграрна земја од едноставна причина што нема доволно врнежи.
Ако сакаш да ме демантираш најди низ историјата период кога водечка дејност било земјоделие, сакаш античка Македонија, Сакаш Римската империја, Сакаш Визинтаија, Сакаш Отоманска империја кога сакаш
Нема таков перид. Главна дејност во Македонија било рударство
 
Ф

Флеш

Гостин

Па делумно не се согласувам со тебе дека Македонија не е земјоделска земја ... Тутун,ориз,памук,калинка,ајдаре,чадар итн .. меѓу најдобрите сме биле и на Балканов и надвор од него ... Рударство,тоа точно ... но да не се заборави и науката ... има доста, само малку сте информирани ... :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Па делумно не се согласувам со тебе дека Македонија не е земјоделска земја ... Тутун,ориз,памук,калинка,ајдаре,чадар итн .. меѓу најдобрите сме биле и на Балканов и надвор од него ... Рударство,тоа точно ... но да не се заборави и науката ... има доста, само малку сте информирани ... :)
Можете да мислите што сакате но врнежи во Македонија има околу 500 мм годишно
А Холандија има 10 пати повеќе
Затоа немаме млеко. За млеко требе трева. А кај нас од почетокт на јуни се се суши
И она што го добиваме од домашни крави е со увозна сточна храна
Треба да се прилагодиме ко тоа што можеме и што имаме предности
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.213
Која технологија ? Конфекционирање на каблови? Што збориш Пријателу Мој?
Сигурно нив не им требе ништо. Тие дошле да ќарат кај нас бидејќи ќе добијат субвенции.
Инаку не се согласувам со тебе дека Македонија е аграрна земја.
Македонија никогаш не била ниту денес е ниту може да биде аграрна земја од едноставна причина што нема доволно врнежи.
Ако сакаш да ме демантираш најди низ историјата период кога водечка дејност било земјоделие, сакаш античка Македонија, Сакаш Римската империја, Сакаш Визинтаија, Сакаш Отоманска империја кога сакаш
Нема таков перид. Главна дејност во Македонија било рударство
Ајде и рударсто нека е, мада главна индустриска гранка ни е земјоделството.
Битнот е како ние тоа го извезуваме. Како готов производ или како суровина. Тука е маката.
За конфекционирање на кабли можам да ти кажам пошто работев таму. Самото конфекционирање и не е нешто посебно, затоа сме ние тука. Ефтина работна снага.
Но забораваш дека пред тој кабел да се конфекционира прво треба да задоволи некој квалитети и стандарди. Треба да се сечи и дуплира и труплира на одредена должина . Сигурно не мислиш дека рачно се прави тоа. И има уште еден куп чекори додека тој обичен кабел стане финален производ и се монтира во кола како мерцедес , бмв или ауди. И најбитно од се зошто ауди или мерцедес воопшто би купил од тебе сноп од кабли кога со оваа фирма работи со години и е задоволен.
Сега ме сфаќаш зошто се потребни надворешни компании или сеуште мислиш дека и да ги имаш тие машини и незнам што, ке тропниш кај мерцедес и ке им речиш да не сакате да ви шитнам кабел за тој модел. Не оди баш тоа така, за жал.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:41 ---
Па делумно не се согласувам со тебе дека Македонија не е земјоделска земја ... Тутун,ориз,памук,калинка,ајдаре,чадар итн .. меѓу најдобрите сме биле и на Балканов и надвор од него ... Рударство,тоа точно ... но да не се заборави и науката ... има доста, само малку сте информирани ... :)
Изгледа и тие од надвор се малце информирани.
Или процентуално колку се тие компании кои извезуваат техника и технологија а колку се што извезуваат домати и пиперки. Онака како за споредба.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Па делумно не се согласувам со тебе дека Македонија не е земјоделска земја ... Тутун,ориз,памук,калинка,ајдаре,чадар итн .. меѓу најдобрите сме биле и на Балканов и надвор од него ... Рударство,тоа точно ... но да не се заборави и науката ... има доста, само малку сте информирани ... :)
Афион,друже...Афион.Ако по нешто сме биле познати,тоа е афионот.Традиција,квалитет,па дури и квантитет во некои периоди.
Имаше некаде по интернетов објавено истражување направено на почетокот на 20-ти век,кое покажува дека нашиот афион бил неколку пати поквалитетен од авганистанскиот.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сепак сметам дека со сите тие субвенции што им ги подарува Македонија на коекакви светски пробисвети, можеше нешто повеќе да се направи, да се вработат повеќе луѓе и со поголеми плати
А можеби и грешам?
Продукцијата секогаш е мотор на една држава. Секоја држава која нема продукција според мене спаѓа во кругот на банана држави , тоа се виде со економската криза кате што сите јужначки држави издишаа како балони, затоа што имаат нездрави економии и огромен дефицит. За разлика од нив држави кои се силни во производството станаа уште појаки. Значи од трговии купи продај или од администрации не се живее , а не се живее ниту од банки , некој треба нели да произведе нешто за да се врти капиталот. Е сега со оглед на тоа дека Македонија нема капацитет сама да произведе конкурентни производи единствен спас ни беше да бараме инвеститори за да произведуваме и да го намалиме трговскиот дефицит. Она што навистина е жалосно е што и покрај тоа што некој од фирмите веќе подолго се во Македонија а сеуште нема наши фирми кои ќе можат да произведуваат за нив, иако доста често нивните менаџери спомнуваат дека за нив најпрактично е кога дел од потребните материјали би ги купувале од фирми во Македонија. И тука е шансата на нашата индустрија ама како што гледаш тоа не го користиме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Продукцијата секогаш е мотор на една држава.
Ниту во времето на СФРЈ, Македонија , релативно, не беше со јака индустрија.
Од тоа време ми е жал само за еден капацитет - тоа е фабриката за автобуси.
Автобусот е извозен производ
Тоа што го извезуваш треба да биде најдобро и најефтино во светски рамки
Еве како тоа го направи Лихтенштајн:
Главен извозен производ не Лихтенштајн се вештачки заби и забарски прибор и машини
Лихтеншатјн има извоз од 3,2 милијарди евра а увоз од 2,2 милијарди
http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Liechtenstein

Кај нас нема таков напор од државата. Ако конфекционираме каблови никаде нема да стинеме.
Треба да има една , две три извозни гранки, на пример - автобуси, бебешки колички, инвалидски колички, колички за купување на пазар... И за тие неколку гранки државата треба да створи услови да сме најефтини и најдобри и успехот е загарантиран
А вака со дотирање пробисвети кои отвараат погони за конфекционирање на кабли во кој наводно ќе се вработат 1500 а стварно 50 души никаде нема да стигнеме
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Афион,друже...Афион.Ако по нешто сме биле познати,тоа е афионот.Традиција,квалитет,па дури и квантитет во некои периоди.
Имаше некаде по интернетов објавено истражување направено на почетокот на 20-ти век,кое покажува дека нашиот афион бил неколку пати поквалитетен од авганистанскиот.
Какво хероинче излагаше од тој гевгелиски афион мх мх.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom