Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
обезбедивме?мислиш на кинеските кредити што ги земаат за автопатите?
кинески кредити за кинески фирми да ги градат автопатите...како е тоа инвестиција?



Na kraj kinezite asfaltot doma da ne si go zimaat?
 
Na kraj kinezite asfaltot doma da ne si go zimaat?
Samo 50% od rabotata ke ja rabotat kinezi, sto so ogled na povolnosta na kreditot e odlicno.za kreditite sto prethotno bea zimani od evropska unija, nasi firmi nemozea ni da konkuriraat,posto uslovite bea mnogu strogi, da ne zboram za kamatite koi bea duplo povisoki.
 
Леле дај ако има некој нека им каже на владава за ова со кинезиве. Ке има за сите! Ефтина работна рака имаме, поволна географска положба- магацини само за онлајн нарачки за Европа да отворат ке пркнеме.
 
Na kraj kinezite asfaltot doma da ne si go zimaat?

за асфалтот се ми се чини дека ќе речат дека мора да се даде под концесија. народот ќе го враќа кредитот и каматите,'само пола' од работата ќе ја праат кинезите и на крај некој друг ќе ја добие концесијата.
баш добра инвестиција,само не за македонскиот народ
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
за асфалтот се ми се чини дека ќе речат дека мора да се даде под концесија. народот ќе го враќа кредитот и каматите,'само пола' од работата ќе ја праат кинезите и на крај некој друг ќе ја добие концесијата.
баш добра инвестиција,само не за македонскиот народ



Македонскиот народ добива нов модерен автопат. Кој и да го гради кредитот мора да се врати, значи или од буџетот или од патарина. Кога бараш поволен кредит НОРМАЛНО е да има одредени услови од другата страна, сепак ова е БИЗНИС ЗДЕЛКА. Јас порадо би кинески фирми да го градат него грчки ко што беше практика до сега. Ем поевтино, ем поволен кредит, ем шанса они да се запознаат подобро со МКД ем ќе се изгради за рекордно време ако е до нив. Она што ние ќе го градевме 20 год они ќе го спичкаат за година дена и тоа највеќе баш затоа што за 50% од работите ќе треба да се ослонат на наши „градежници“.
 
Свечено пуштена во употреба новата фабрика на Џонсон контролс во Штип

» понеделник, 20 јануари 2014 17:08 » Викторија Димитрова - Јованова

m-donson-kontrol.jpg
Џонсон контролс и официјално ја отвори својата фабрика во Технолошко индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата е вредна околу 20 милиони евра. Премиерот Никола Груевски истакна дека со отворањето на првата фабрика во Технолошко индустриската развојна зона во Штип, веќе се вработени околу 1000 работници од регионот.
Генералниот директор на ТРИМ групацијата „Џонсон контролс“ рече дека новата фабрика во Штип е важен дел од нивната европска производна мрежа, што обезбедува високо квалитетни производи за нивните клиенти од автомобилската индустрија.
Наскоро се очекува да бидат завршени преговорите и со други странски инвеститори, што значително треба да ја намалат невработеноста. Џонсон контрол се простира на површина од 4,9 хектари, објектот се простира на површина од 13.235 м2, од кои дел за производство е 12.600 м2
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9142-2014-01-20-16-15-58
 
Прва инвестиција во тетовската индустриска зона


tetovo%20investicii%202.PNG


Италијанската компанија „Итек“ која произведува композитни материјали се очекува наскоро да започне со изградба на нов објект во индустриската зона во Тетово, информираа од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

„Ова е прва инвестиција во тетовската технолошко индустриска развојна зона. Ќе чини 5 милиони евра и се очекува на почетокот да бидат отворени 150 нови работни места“.
Покрај за директните странски инвестиции, поголема поддршка за инвестициите од македонската дијаспора беше побарана од иницијативата „Дијаспора инвест“.
Од стопанската комора на северозападна Македонија велат дека повеќето бизниси во регионот се од исселениците, со кои се раздвижува локалната економија.
„Тие власта треба да ја чуствуваат како кооперативен партнер, нешто што сега не е актуелно. Затоа сметам дека заедно со Владата, заедно со локалната самоуправа, со една конкретна стратегија ќе можеме да ги придобиеме овие важни инвестиции“, изјави Мендерес Кучи – Претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија.
Според министерот за економија Сарачини, Владата создава поволна бизнис клима за сите заинтересирани да инвестираат во земјава.
„Најважно е што Република Македонија го има најдобриот даночен пакет не само во југоисточна Европа, туку и генерално во Европа, за што имаме признание од повеќе релевантни меѓународни финансиски институции“, вели Ваљон Сарачини – Министер за економија.
Од министерството за економија велат дека ќе продолжат со поддршка на сите релевантни институции кои работат на привлекувањето странски инвестиции, со цел отворање нови работни места и економски развој.
Автор: Зоран Јованоски
--- надополнето: 21 јануари 2014 во 18:42 ---
Американската корпорација „Амфенол“ е новиот странски инвеститор во Македонија кој ќе вложи во првата фаза шест милиони евра и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години. Фабриката ќе биде лоцирана во Кочани.
Инвестицијата ја најавија денеска премиерот Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Тренор.
Корпорацијата има веќе ангажирано 70 лица производство на автомобилски делови. Годинава планира да бидат вработени 250 до 350 лица.
Тренор, потпретседателот на Корпорацијата, меѓу другото, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис клима.
kocani.jpg

Премиерот Никола Груевски изрази огромно задоволство од одлуката на американската корпорација „Амфенол“ да инвестира токму во Македонија од каде што ќе се врши и извоз и снабдување на европскиот пазар, а сето тоа е резултат од владините роуд шоуа.
Груевски потенцира дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.
Извор:Kurir.mk
 
Луѓето веќе од кога со години работат таму, они сега отишле лента да сечат.
Избори се ближат.
 
Луѓето веќе од кога со години работат таму, они сега отишле лента да сечат.
Избори се ближат.

Дај и за италијанциве во ТИРЗ Тетово најди некоја замерка...вака некако половично.
Ако пред секои избори се отвараат фабрки, дај боже секоја година да има нови...
 
Дај и за италијанциве во ТИРЗ Тетово најди некоја замерка...вака некако половично.
Ако пред секои избори се отвараат фабрки, дај боже секоја година да има нови...
Не сум запознаен со нив, а со оваа глупост на сечење лента во Штип пред избори, години откако е отворена фабриката сум и затоа давам "замерка".
 
Се е добро со инвестициите ама мене ми е криво што не се изгради фабрика за Ауди А3 кога за малку ќе имавме ушто од 1994 год. ама Бранко корумпираниот ни заеба ццц
 
Не сум запознаен со нив, а со оваа глупост на сечење лента во Штип пред избори, години откако е отворена фабриката сум и затоа давам "замерка".

Еве на Алфа го спомнале и тоа.

Американската корпорација Амфенол е новиот странски инвеститор во Македонија. Компанијата за автомобилски делови која веќе три ипол месеци пробно работи во изнајмен погон во Кочани, денес ја официјализира одлуката за конкретна инвестиција.

Во првата фаза со изградба на сопствена фабрика, американците ќе инвестираат 6 милиони евра, а во наредните пет години ќе вработат 1.500 лица. Големо задоволство од одлуката на американската компанија да инвестира токму во Македонија, изрази и премиерот Никола Груевски, кој потенцираше дека ваквиот потег е од огромно значење за домашната економија.
Компанијата Амфенол веќе има ангажирано околу 70 вработени за производтсво на автомобилски делови, а годинава ќе се остварат уште 250 до 350 вработувања. Од корпорацијата велат дека во план се дополнителни две производни линии, а погоните во Кочани планираат да ги користат како база за извоз на производите во Европа.
 
Шест милиони евра и нови 1.500 вработувања е бенефитот кој ќе го добие општина Кочани во следните неколку години благодарение на инвестицијата од американската компанија „Амфенол“ која отвори погон за производство на делови за автомобили.

kabli-500.jpg

Оваа голема инвестиција за кочанското стопанство беше тема на денешната средба меѓу градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски и генералниот директор Џон Тренор.
- Новата инвестиција за кочанското стопанство значи многу. Додека компанијата изгради сопствени простории ќе ги користи просториите на „Атом“ кои долги години стојат неискористени. Оваа браунфилд инвестиција ќе значи и вработување на невработени лица од Кочани и соседните градови, нешто за кое се залага и општината и Владата, истакна на средбата градоначалникот Ратко Димитровски.
Џон Тренор,директор на компанијата „Амфенол, информира дека во компанијата ангажирале 70 лица, а годинава е планирано да се вработат од 250 до 350 лица.
- Производството на конектори и кабли за автомобилската индустрија ќе значи многу за компанијата,бидејки одовде од Македонија ќе се врши извозот и снабдувањето на европскиот пазар,истакна Тренор.
Одлуката за инвестирање во Македонија според Тренор е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции, но најмногу врз основа на погодната бизнис клима. Анфенол е компанија лидер во производството на интерконекциски производи за автомобилската индустрија.
http://kurir.mk/republika/opstini/1...-proizveduvaat-konektori-i-kabli-za-stranstvo
 
@ arheolog

Гледам дека си поупатен околу инвестицииве.
Дали знаеш како може да ги контактирам фирмите што веќе инвестирале и работат во индустриските зони?

Имам побарано на официјалните страни но за во Македонија нема контакт информации за нивните сектори.
 
Шест милиони евра и нови 1.500 вработувања


Едно вработување чини минумум 10.000 евра, со 6 милиона евра може да се отворат до кај 600 работни места.
Сепак за Кочани и 600 се добра бројка, да не испадне дека само нешто мрчам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom