Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Инвестициски БУМ да, ама овој бум направи да останат наоколу само рушевини и ништо повеќе.Повеќе личи на бум од некаква експлозија со уништувачка моќ.Осум години се овие на власт (исто како што беа претходните) и ништо, само „мачкање очи“, некоја прдеж-инвестиција и толку, Македонецот е овца, кај него сè поминува
Само слушаш на вести, Бранко, Бранко, Бранко, а всушност она што не го разбираме е дека не одговараат на вистинското прашање, го заобиколуваат некако....
 
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

Германски Маркарт ќе произведува делови за Мерцедес, Ауди и БМВ во Велес

Германската компанија „Маркарт“ (Marquardt GmbH), познат добавувач во автомобилската индустрија влегува на македонскиот пазар со инвестиција од 35 милиони евра во погон за производство на делови за врвните германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ
Во овој погон ќе се отворат нови 500 работни места, од кои една третина инженери, а останатите ќе бидат дополнително обучувани.
Погонот ќе биде сместен во Велес на површина од околу 15.000 метри квадратни, а изградбата се очекува да почне во март 2014 година. Фабриката ќе започне со производство во првиот квартал на 2015 година.
Договорот за новата инвестиција беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија од страна на министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставникот од компанијата Лудгер Шонекер, во присуство на премиерот Никола Груевски.
Првиот контакт меѓу македонската Влада и германската компанија е воспоставен во септември 2008 година по што, по повеќемесечни преговори, во март годинава е донесена одлуката за инвестирање во Македонија.
„Пред две години ги убедивме да дојдат и да ја посетат Македонија. Тогаш се уште кај нив преовалдуваше скепса за Македонија, но по посетата на земјава видоа дека во Македонија има огромна перспектива за позитивна заедничка иднина“, рече Самак, по потпишувањето на договорот.
Според него, новата инвестиција покрај тоа што ќе обезбеди отворање нови работни места, ќе го стави и градот Велес на мапата на врвни компании од Германија и други држави кои соработуваат со „Маркарт“.
„Особено важно е што оваа инвестиција во машини и капитал обезбедуваат ново знаење и учење на висок квалитет и продуктивност. Со годишен извоз од над 75 милиони евра, Велес ќе влезе во мапата не само на „Маркарт“, туку и на нивните бројни купувачи од Германија како што се БМВ, Ауди, Мерцедес и многу други. Само во првите пет години, според иницијалната проценка и првата фаза на оваа инвестиција, ќе се обезбедат над 150 милиони евра нето додадена вредност за Македонија. Тоа е дополнителното значење на ваквите инвестиции“, потенцира Самак.
Причините поради кои германската компанија се одлучила да инвестира во Македонија се квалификуваната работна сила, мотивираноста и трудољубивоста на луѓето, како и сигурната политика на Владата.
„Во разговорите со претставниците на Владата видовме јасна стопанска линија која ги поврзува очекувањата со интересите на инвеститорите. Се одлучивме за Велес како локација затоа што градот има индустриска историја која ни е од помош при регрутирање на вработените за индустриско производство. Велес има висок потенцијал на квалификувани работници и неговата положба до аеродромот и автопатот е логистички интересен“, рече Шонекер.
Компанијата „Маркарт“ е основана во 1925 година од страна на двајца пријатели. Има над 7.000 вработени. Имаат свои претставништва во Европа, Азија и Африка, јави МИА.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonom...duva-delovi-za-mercedes-audi-i-bmv-vo-veles#2
 
Причините поради кои германската компанија се одлучила да инвестира во Македонија се квалификуваната работна сила, мотивираноста и трудољубивоста на луѓето, како и сигурната политика на Владата.

-

Barem neka ne lazat. Edinstvena pricina, ili potocno, glavnata pricina e namaluvajne na davckite za plati.
http://www.stuttgarter-nachrichten....uer.94acde14-b845-45e8-a36c-ab2604c228ce.html

Marquardt iako e poznat po visokokvalitetni proizvodi, dobiva redovno kritiki za odnosot prema nivnite rabotnici. 15% od nivnite vraboteni se "privremeni rabotnici" odnosno rabotnici pozajmeni, koj primaat pomala plata i imaat pomalce prava od nivnite tuka vraboteni kolegi. Za da ne mora da gi prezeme tie pozajmeni rabotnici, otvaraat pogon vo Makedonija, barem taka izjavata od sindikatot.

Sekako deka investicijata e za pozdravuvajne, se nadevam samo deka vrabotenite ke dobijat soodvetna plata a ne plati od 8000-9000 MKD kako kaj drugi "stranski investitori".
 
Новата инвестиција, вредна пет милиони евра, која ќе отвори 100 нови работни места, ја најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, а беше иницирана од страна на македонскиот промотор во Турција, Алев Сулејман.

Претставниците од турската групација истакнаа дека една од главните причини поради кои се одлучиле да инвестираат во Македонија е нивната визија за развивање на компанијата во Европа.

- Како групација „Менсан“ од Маниса произведуваме дискови за сопирачки и сме една од најголемите компании во Турција. Најголема причина за нашето доаѓање во Македонија е тоа што оваа земја е доста динамична. Нашата инвестиција ја гледаме како една врата за отворање кон Европа. Тука сметаме дека ќе го развиеме нашето производство на дискови за сопирачки, со што ќе имаме поблизок пристап до европските земји - рече претставник од компанијата.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Виктор Мизо, истакна дека во првиот квартал од наредната година десетина компании ја скенираат земјата и се пред носење одлуки за инвестирање. Најголем дел од нив е од автомобилскиот сектор. Се работи за компани од САД, Германија, Франција, Италија и од Турција.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122713733461&id=10&prilog=0&setIzdanie=23063
 
Наводно сите инвестиции во 2013 година, (според канал 5) 244 милиони евра

tabela.jpg
 
Наводно сите инвестиции во 2013 година, (според канал 5) 244 милиони евра

tabela.jpg
Јаз не знам што се чудите и пишуваш наводно како да не постојат инвестицииве .... Овие фабрики постојат и изрази се како треба ....
Уше еден пинкл на членовиве на форумов :( :/
 
Јаз не знам што се чудите и пишуваш наводно како да не постојат инвестицииве .... Овие фабрики постојат и изрази се како треба ....
Уше еден пинкл на членовиве на форумов :( :/

Не си разбрал ко што треба... или коа ќе го прочитам постот можда лошо е склопена реченицата, како и да е... поентата не беше дека не постојат фабрикиве, него тоа "наводно" стои пошто бројкава ја кажува само канал5, а официјални податоци, од НБРМ и Државен завод за статистика, сеа за сеа има само за 10 месеци (200 милиони евра). Така да не сум сигурен за бројката за цела 2013 (244мил. еур.), може ќе бидат повеќе, може помалку.
 
Во белградска Политика сретнав вест дека Кина планира да инвестира 10 000 милијади евра во земјите на источна и централна Европа
На Баканот планира да инвестира 100 милијарди евра
http://www.politika.rs/rubrike/Ekonomija/Bacevic-Kina-bi-da-ulaze-10-hiljada-milijardi-evra.sr.html
Ако ова се случи ќе биде - чао сиромаштијо!
 
Во белградска Политика сретнав вест дека Кина планира да инвестира 10 000 милијади евра во земјите на источна и централна Европа
На Баканот планира да инвестира 100 милијарди евра
http://www.politika.rs/rubrike/Ekonomija/Bacevic-Kina-bi-da-ulaze-10-hiljada-milijardi-evra.sr.html
Ако ова се случи ќе биде - чао сиромаштијо!



Ако успееме да земе дел од тој колач
 
Да и успеавме,зш последниве 3 години имаме дури 7 посети со Кинезиве на високо ниво ..... обезбедивме 350 милиони пари засега,планирано е чиста кинеска економска зона во Македонија итн работи ....гуглајте .... Босна обезбеди само мизерни 4 милиони :))
 
обезбедивме?мислиш на кинеските кредити што ги земаат за автопатите?
кинески кредити за кинески фирми да ги градат автопатите...како е тоа инвестиција?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom