Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Не го пратам шоуто од кога беа со тоа менторите пред настапите во живо , некој да каже дали девојчето е уште во игра? :) ... Кое кукле , би и ставил прстен уште утре. :love:

Tamara-Milanovic-Kiki-Lesendric.jpg
 
Ова со коментарите на менторите е се со договор од продукцијата. Минатата беше во тој стил да се критикува без разлика на се. Исто и во идол македонскиот имаше исто така цела емисија негативни коментари. Минатата доктори беа далеку подобри а ги критикуваа, оваа “послаби“ а ги пофалија. Тоа е се до продукцијата.
За пеачите:
Отиде фифи конечно, не ми сметаше толку што сака да е женско туку што стварно не ги биваше како дует. Фифи средни тонови ок ги пее ама кога менува од ниски високи и обично нема некако константност и завибрируа. Другата ко да не е присатна. И да Фифи во нервозата на крај српски прозборе затоа што гледам некој се замараа дека им го плескал со македонскиот (не дека ми смета некој ако збори подруго од македонски). Повеќе ми смета некој да збори српски а тресе глупости т.е. збори смешно.
Уште Харис да замине и таман ќе е за мене кој сака нека победи после, едино Маид некако многу самобеднисано ми изгледа и ако не се смени (што не вреувам) за брзо ќе ми биде омразен, како што кажаа премногу се однесува ко да е веќе ѕвезда.
Онја Харис Чато (гол), прво некако сакав да пројде пееше интересно ама сепак мислам дека е лимитиран затоа што сеуште не е созреан доволно за пеач. По 2-3 години (можеби и повеќе) ќе се види дали навистина го бива или не. Сега кажува она како што ќе му наметнат дете е сеуште за повеќе.
Даниел доста солиден и додека играше со онаа малку деконцентрирано, ми изгледаше споро почна некако. Откако се тргна таа растури според мене, некако премногу мислеше на играњето и кореографијата да не згреши. Но после тоа се внесе 100% и ме воодушеви со на негов начин интерпретација. Сепак едина мана според мене (која не е пресудна за неговиот квалитет) е тоа што го има изгубено македонскиот акцент и кога пее на македонски м уе малк проблем, но бидејќи балканците имаат проблем со нашиот акцент не е проблем тие неможад да го приметат тоа и им звучи нормално, што пак ние го приметуваме тоа.

Илма има супер глас само ќе треба да се работи од сега на неа за да се доизгради како пеачка. За возраста се светлосни години само да не летне во облаци па да се изгуби затоа што од тоа зависи дали ќе биде успешна или не.

4U некако не м исе компатибилни посебно денес. Некако не можеа да се синхронизираат со висините на гласот. Минатата беа стварно добри дури и многу подобри од последново. После Харис, а можеби за брзо и Маид ми се фаворити за отпаѓање. Нема нешто кај нив што би се рекло WoW.

Тамара: Хм на два памети сум. Во некој моменти ми е WoW, во некој моменти што се губи. Има нешто што ја одржава но никако да го истакне тоа.

Алекса: Супер дечко ми изгледа скромен убав со харизма за пеач во стил на Енрике, Рики мартин и слично. Едини ме нервира Емина што со лигавењето нејзино луѓето ќе го замразат и него и Лукјан.

Лукјан; и за него сум на два памета како и за Тамара. Има нешто во него но како да незнае да го искаже. Се надевам ќе успее во тоа.

Брковиќ: Страшен вокал според мене. Многу специфичен и свој. Многумина не ја сакаат заради изгледот но кога е пеење во прашање тоа не е битно. Има своја харизма што ја дели од другите некако на нејзин начин. Може да има песни кој во иднина би сакале многумина да ги пеат истите и би се губеле во тоа доколку ги споредуваат. Неможе да се емитира своја си е.

Другите се ОК, новата ОК не е топ али има некоја позитивна харизма, а докторите баш ми е пријатно да ги слушам доста се усогласени кога пеат заедно за разлика од женските.
 
Фала Богу, Х2О беа болка за моите уши и очи. Конечно. Следен Чато нека лета, Емина малце да цмиздри зашто некој од нејзина група излегол. Лигава е многу, ме нервира, а коментарите и се очајни. Секулич е топ, не смее да испадне. Даниел вчера супер беше, на мајка ми не и се свиѓаше изборот, она се надеваше на Сонце за три света. Лукијан ме изненади, ми се допадна песната. Тие Тропико ми се одвратни, грчки песни пеат и имаат турбофолк елементи, дали гласовите им се такви не знам ама не можам да ги слушам, ама Лукијан ја пренесе на сосема друг начин песната. Урош од Доктори не ни знаев дека е наш, мајка ми ми тврдеше и се додека не почна македонски да збори, не верував. Дечкото е класа над Армин со педерското гласче. Кристина треба да престане да го форсира Армин и да ги остави и другите да пеат. Тамара ми изгледа на девојче што многу пропатило, што не се нашло во животот, што нема најдено вистински пријатели и затоа изгледа така злобна, а уствари тоа и е една маска под која се крие само добрина и тоа и се гледа од насмевката, колку и е искрена и широка. Вчера песната и беше супер, ми се допадна. Алекса си е супер, немам за него замерки. Илма ме нервира страшно, одвај чекам да испадне, ама не го гледам тој филм за брзо. Нема она глас како Јелена, по груб и е и не може да пее од нејзе песни. Особено не може да го донесе чувството што го носи Јелена со своите песни. Брковиќ пее, само пирсот не ми се свиѓа, боде очи.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 10:21 ---
И да, Лукијан вчера супер ја донесе песната, ама тоа земањето воздух не можам, ушите ми ги оштетува.
 
Илма, Лукијан или Алекса до победа.

Првата затоа што пее најдобро, другиве двајца затоа што имаат икс фактор. И Александра С е добра, но сепак просечна како пејачка.
 
Се плаши дека ќе му ја опне Каролина коа ќе заврши шоуво

Добро е кога секој си има фаворит и си го подржува и тоа е сосема во ред. Почитувам туѓ вкус, како што барам некој да почитува тоа што мене ми се допаѓа. Јас со никој овде (а и поголем дел кои пишуваат тука) не сум се фатил да се инаетам зошто тој му е фаворит и да барам разни начини, ситници за да му ставам дамка или не со цел да го разубедам или слично. А некој кој изгледа вооптшо не е пораснат во главата сеуште, тоа што не му се допаѓа бара начин и најмала ситнаца, невистина за да се стави некој лош белег и тоа иритира искрено, а најмногу ме иритира тоа што баш на нашиот се фатија кој е тотално најокеј во сите аспекти, а на шоуво има неколку души што се уфилмани до даске ама тие океј што се така. Сега за крстојте му се фатија, утре можда зошто патиките нема да му се врзани пошто на некој настап одамна од Тоше му биле одврзани или пак со скинатите фармерки од концертот што ги имаше, па и тогаш ќе го копира. Никој не бара овде од нас Македонците Даниел да им е фаворит (што е најнормално пошто секој си има свој вкус), но кога дечкото е најокеј, се однесува коректно и нас Македонците не претставува на добар начин без некои скандали, лошо однесување или лошо пеење, во најмала рака треба да се има почит кон него, а не хејт зошто не им е фаворит (а притоа за останатите што не им се фаворити нема ни 1% таков хејт, ама ајде)...Е сега гледаш како го избегнува тоа прашање што го поставив 2 пати, ама тоа се прави во недостиг на аргументи и тоа искрено не е мој проблем.
 
Илма, Лукијан или Алекса до победа.

Првата затоа што пее најдобро, другиве двајца затоа што имаат икс фактор. И Александра С е добра, но сепак просечна како пејачка.
Разбирам за Лукијан и Илма имаат и глас и се ,а Алекса зашто е убав или ?
 
Разбирам за Лукијан и Илма имаат и глас и се ,а Алекса зашто е убав или ?
Има некоја ѕвезда, не дека пее нешто којзнае како, просечно. Вонсериски глас и не е пресуден, ова е Икс фактор.
 
Иначе не знам што толку имате против Сонце не ме грее. За мене таа е една од најдобрите песни што излегле во последниве 5 години, а би дискутирала и за последните 10. Зборам нели за поп музика сега.

Иначе и оригиналот на Sve moje zore ја слушнав уште еднаш. Лукијан дефинитивно поубаво ја изведе. Предобро.
Кој оригинал? Се надевам на ова мислиш:


Еднаш некаде спомнав дека не постои песна од Тропико бенд која е оригинално нивна - сите се украдени грчки песни.

Инаку - за Сонце не ме грее комплетно се согласувам со тебе. Ако почнеме со тролање дури и на една од најдобрите песни што се појавиле во Македонија во последниве десетина години, значи навистина во нас е грешката. Ние сме створени со генетски код во кој е намерно впрограмиран и некој glitch, за да не тера ништо што е наше, па колку и да било тоа добро, да не ни се допаѓа. Колку за информација - песната за која сите велите дека толку не чини има освоено второ место на Славјански Базар во Витебск и има доживеано две легални преработки во други држави (под „легални“ мислам - со откупени авторски права), португалска и грузиска. Ај кажете барем една друга македонска песна која вие мислите дека е добра што успеала да биде толку популарна надвор од Македонија и Балканот!
 
Има некоја ѕвезда, не дека пее нешто којзнае како, просечно. Вонсериски глас и не е пресуден, ова е Икс фактор.

Сем Бејли од Британскиот Икс Фактор ти ја побива теоријата. :)
 
Има некоја ѕвезда, не дека пее нешто којзнае како, просечно. Вонсериски глас и не е пресуден, ова е Икс фактор.
Ај да не постирам да слушнеш што е пеење не е од балкански икс фактор , да не идам оф топик :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom