The Edge^
the force
- Член од
- 11 јуни 2011
- Мислења
- 2.882
- Поени од реакции
- 2.397
Реално, ова е максимумот на оваа генерација. Истрошена генерација, што ги има кренато сите трофеи. Секако дека се професионалци и дека сеуште би дале се за клубот, но оние жедните за трофеи треба да бидат моторот на тимот. Еден таков играч на грб не однесе лани до шампионската титула РОБИН ВАН ПЕРСИ. И да не беше тој ништо немаше да освоиме.
Среќен сум што Мојс не потпаѓа под притисокот и не се расфрла со трансфери. Знае како треба да го изгради тимот. Знае дека потребно е време и нерви. За жал не сите го гледаат тоа. Сер Алекс го гледа. Се надевам и бордот. (А исто се надевам и дека не грешам дека знае што прави
)
И нема да ми биде чудно да прокоцкаме и уште една сезона без трофеј, но затоа следните да се повампириме. Затоа што имаме млади играчи кои за некоја година можат да бидат тој мотор. Јанузај, Пауел, Џонс, Лингард, Кинови, Переира, затоа и за Дели кукам да се врати.
Трансфер ќе се направи. Не се сомневам во тоа. Ќе пристигне вистинскиот играч. Можеби ќе купиме еден и вие пак ќе пцуете се живо и диво, но тој ќе биде вистинскиот. До душа нема да биде тоа еден играч затоа што ни треба засилување на неколку позиции. Важно е дека можеме да обезбедиме континуитет и квалитет на тимот неколку сезони по ред. И мислам дека тоа ќе биде тим за паметење.
Му треба време на Манчестер Јунајтед. Не сме ние инстант тим.
Горди сме на традицијата? Горди сме на она што е Манчестер Јунајтед? Горди сме на Базби, на светото тројство, на издигањето од пепелта после трагедијата? Горди сме на Ферги ерата? Горди сме што сме најтрофеен клуб?
Е за да ја одбраниме гордоста на традицијата ќе бидеме трпеливи и ќе го правиме она што отсекогаш сме го правеле. Ќе веруваме.