Да не се заборави и да се задржи традицијата. Рома води 2-0, така да пак ќе е на 5 бода и затоа мотив плус за победа. Не дека и така немаме, ама на домашен терен против Сампдорија не смее да се случи нешто непредвидено, затоа што преголем луксуз е тоа. Наредните три натпревари ни се онака малку потешки против Лацио, Интер и Верона па затоа да не си создаваме непотребни главоболки и слични работи, вечер треба да победиме. Нема да можам многу да го гледам натпреварот, па затоа очекувам добра игра и уште подобар резултат по можност без примен гол.