Не сум љубител на драми заради популарноста ја истерав до крај серијата.Добра глума лошо средени моменти каде од нигде никаде се се средува,и нормално гледам научна фантастика но пореални се тие жанрови наспроти овие акциони драми. Сепак се работи за вкусови,како критика кон филмот би се издвоиле неколку ликови:
Саул Гудман - Најпозитивниот лик во целата серија.Човекот со голема енергија во себе и целосно пресликувајќи го ликот на адвокатската фела,корумпираноста,начинот на вадење криминалци и наоѓањето муштерии. 5ка за ликот и човекот кој го глуми.
Густаво Фринг - Најперфектниот човек појавен во филм.Забележав дека му се оддава толкава важност на перфекционизмот што го има во секоја сцена,што дури кога повраќаше алкохолот во кој ставија отров,лагано откопча палто,постави пешкир на подот да не ги извалка панталоните па почна да повраќа над шолја.Што би се рекло,ако умрам,барем чист да сум.Исто,сцената каде умира веќе ја заврзува вратоврската па паѓа на земја. Крајот дефинитивно Гил му го утнал,толку сезони,епизоди е главен играч одличен карактер а на крај онака, паф! Го снемува и како ништо да не е. Дефинитивно сценариот бара доработување на тој дел, затоа што неколку епизоди се дава огромна важност на него, и неговиот лик за после убивањето да престани едноставно да постои. Тоа или се должи на преголемиот шок што го добива режисерот заради популарноста на серијата или стандардното снимање серии - одолговлекуање на настаните.Сценариото кратко но вишакот меморија во камерите дава да се одолговлекува. Несовпадливо е во секој случај да се заврши карактер кој имал големо значење во повеќе епизоди.
Хајзенберг,Волтер Вајт. Човекот папучар кој иде до крајности,се спортиставува на цела мафија уништува нарко картели,но едно не можи. Да и се спротивстави на жена му. Неговото гмечење,влечкање од сезона до сезона и непоставување на фамилијарните односи како што треба,ја прави лигава оваа серија и некогаш огромни прашалници излегуваат токму заради овој лик.Нема да го анализирам ликот на хајзенберг,туку ликот на волтер вајт.Нели тоа се два различни ликови.Во вториот имаме фамилијарен човек кој не само што сака да има богата фамилија,туку и самиот незнае кога му е богата.Претходно беше оддадено значење на волтер како поавторитетен човек во семејството но режисерот изгледа повќее сакал да го претстави како папучар. И нормално,лошо осмислен кра и за овој лик.Умира откако уништува на смешен начин една локална банда. Дали заврши погоден од неговото оружје или некој го повреди- самиот режисер знае. Пораката не беше воопшто јасно пренесена. Ликот на хајзенберг- Човекот кој не знае да лажи,човекот кој само во главата ја има формулата за метамфетамин.Очигледно сценариото се засновало на човек кој произвеува одлична дрога,затоа што тука не беше дадено никакво значење туку доаѓа сцената со директна порака - Човекот знае да прави дрога. Од каде тие знаења и познавања за таа супстанца - не се покажаа во серијалот.Очигледно имаше и неколку несфатливи случки,откако жена му наоѓа љубовник и му ги дава пола милион долари и пак останува хајзенберг шворц- овој се појавува во ликот на лигав сопруг кој пак почнува да произведува дрога за пак да собери пари. Крајот,последната сезона е лошо претставена.Собираат премногу пари но никакво внимание не се скрена на тоа како доаѓаат,ниту синџирите.Ниту пак лабораторијата која треаше да биди подвижна не се претстави која е и каде е.Дефинитивно многу детаљи недостасуваат,едноставно добиваме порака - да,собра пари.И толку.
Скајлер - жената која е претставена како збир од денешните патетични госпоѓи каде ако мажот хрчи на спиење поднесува развод. Иако добра милфица,ликот не ми се допадна воопшто.Патетична и невротична жена која најпрво со глава туркаше ѕид за семејството и немаше разбирање за сопругот, одеднаш има разбирање но не сака да е во негова близина.Патетиките продолжуваат низ целата епизода,пораката што можеме да ја добиеме е - Никогаш не верувај на жена,освен ако е глувонема.Голема уста,голем задник, и чудно,повеќе сака да работи и живее сиромашно наместо да живее раскошен живот.Неколку пати низ серијалот беше претставена како жена со разбирање но најчесто беше патетика која ја одбегнував низ епизодите. Ликот беше антипатичен,и премногу драматичен.Барем не за мој вкус.
Волтер Џуниор - Ликот кој не требаше да биди воопшто во овој серијал,или пак дефинитивно промашена улога.Со него или без него не би направило никаква разлика во оваа серија.Освен што е претставен со маана,воопшто нема никаква улога за него смислено.Како да е со врски влезен во серијата.Од се што може да се забележи е дека фактички и нема свое јас,за разлика од годините,го прифаќа мислењето на сите наоколу не памтам во кои епизоди беа само дека што мислат сите и тој е со нив. Типичен гзолижач.Очигледно порака - како не треба да ги воспитате децата.
Џеси ПинкМен - Ликот за кој режисерот рачунал кога се ќе тргни во добар правец,да го искористи да зафркни се. Претставен како џанкер кој нема два грама семки во главата одеднаш станува главен “кувар“ на метамфетаминот без никакво познавање ги надминува и дипломираните хемичари.Од друга страна пак нелојален,оди онаму каде го викаат како човек без свое јас.Премногу нагласено и тупење е неговата заштита кон децата,што дури станува и досаден потенцијален педофил. Исто така режисерот го утнал крајот на овој лик,иако не се бара крај од шпанска серија каде сите среќно живеат и се средуваат работите, сепак, после повеќемесечното држење во заробеништво и наеднаш го ослободува неговиот партнер и? Заминува со кола во непознат правец.Толку. Парите кои беа украдени,заработени,едноставно се забораваат? Или што со расфрлањето пари по улици? Колку сцени потрошени на криење од DEA јадење ќотек заработување пари за на крај одеднаш парите се расфрлени од него низ улици и оди во полиција да ја предаде приказната. Дефинитивно лошо завршен карактер,и самиот режисер изјави дека го сменил ликот - требало да умри но му даде баш луд крај - заминува со кола и чао.
Неколку сцени се позалудно истрошени.На пример целата приказна се базира за заработка на пари,а подоцна парите стануваат небитен фактор. Откако мисијата е успешна - нарко картелите уништени,хајзенберг пун пари, сепак потребата да се пролонгира крајот дава смешно продолжение особено 5-та сезона - продолжуваат да готват. Ликовите користат едни исти телефони - на преклоп.Дали се во мода или такви им одобриле како донација за филмот кој знае. Одредени ситуации се премногу напнати а кога има некој криминал најчесто се забораваше низ епизодите што во реалноста го прави и незамисливо.Форсиран е ликот на хајзенберг како премногу паметен но сепак останува на фалење во филмот не видовме премногу “паметни дела“. Исто како да се претставеше дека е вонземјанин но никаде да нема вселенски брод нити спомнато нити снимено.Завршетокот базиран да се одземат украдените пари односно целата поента на уништувањето на бандата завршува лесно.Сите умираат парите не се спомнати никаде.Фамилијарните односи расипани каде цел серијал се работеше дека ќе се поправат.
Но сепак се работи за еден драматичен серијал,фантазијата на режисерот проработила толку,што ја прави оваа серија поинтересна во денешно време за разлика од секојдневните неуспешни серии или плагијати,ова е едно од пооригиналните дела.