Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да сподели искуство so Cape Cod ако бил какво е местото , може ли да се заработи , опции за втора работа ?
 
Дечки ај некој летово шо бил и е задоволен, да ми каже шо како, преку која агенција? Почнав да разгледувам веќе, ама да си знам за агенцииве. Од кои до кои датуми да трчкам по агенцииве, и дали сте задоволни од Викинг травел? Читав тука ама да си прашам пак. Фала.
 
Знае ли некој од тие што имаат такво искуство што би било доколку јас кога ќе отидам на работно место (смештај си обезбедувам сама, со асистенција на работодавецот), ми текне да ја оставам работата што сум ја пријавила од агенцијата и се вработам на некое друго место, во истата околина? Има ли некој искуство со откажување на договор едно друго?
 
Додека не го земеш социјалниот број, не си играј.
 
Аплицирав преку Наром Травел за работа во Ocean house, Westerly, Rhode Island. Некој ако има да сподели искуство од ова место, ми рекоа за смештајот 100$ неделно има еден оброк и плус еден оброк на работно место, а работата е платена 9.50$. Од агенцијата ми рекоа дека од учесниците лани што биле 80% нашле и втора работа, бидејќи многу лесно се наоѓало најчесто по баровите на плажа.
Не го бива Вестерли брат, не дека сум работел таму, ама сум бил а и имам другари шо беа таму, нема баш втора работа. Мало е местото и нема туристи и летни работи. Не верувај ништо на агенциите, посебно не на Викинг. :D
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 19:57 ---
Некој да сподели искуство so Cape Cod ако бил какво е местото , може ли да се заработи , опции за втора работа ?
Зависи каде на Кејп, ама генерално може да се заработи солидно, глеј само да не не некое запустено место. :)
 
Да не знае некој кога имаат саеми на работодавци Наром Травел?
 
Додека не го земеш социјалниот број, не си играј.
Не не, ама општо еве отпосле ми текнува дека не сакам да работам веќе таму и дека сакам да одам на друга работа. Ме интересира каква е процедурата за давање отказ.
 
Не не, ама општо еве отпосле ми текнува дека не сакам да работам веќе таму и дека сакам да одам на друга работа. Ме интересира каква е процедурата за давање отказ.
Си го пакуваш куферот и си одиш.
Ама немој во истиот град, оди некаде понастрана. Ти кажувам од примери јас што сум ги гледал. Стариот работодавец да не те гледа, оти сигурно се познава со тој новиот и може да му рече да те отпушти.
И затоа што таму ќе зимаш плата еднаш неделно, рачунај дека ако напуштиш, последната недела што ќе работиш ќе ти остане неплатена, и депозит од 200 долари што ти го запира на почетокот нема да ти ги даде.
 
А има некој искуство за Provincetown, MA? Има една понуда за Sandcastle, не е лоша, ама изгледа нема интернет во хотелот. Има некој искуство со интернетот во САД кај што не е обезбедено? Стикови или?
 
Не не, ама општо еве отпосле ми текнува дека не сакам да работам веќе таму и дека сакам да одам на друга работа. Ме интересира каква е процедурата за давање отказ.

Кога одиш преку work&travel си имаш спонзор што гарантира за тебе и твојата работа во Америка. Кај нив можеш да се жалиш дека не ти се допаѓа работата и сакаш да одиш на друго место па тие ако можат ќе побараат од работодавецот да ти го раскинат договорот и да ти најдат нова работа. Јас кога бев имаше едно девојче што ја напушти работата, среќа газдата беше многу добар човек и не покрена ништо, иначе може да те казнат дека си ја напуштила работата без никаква причина. Ако се погоди некој добар работодавец ако сака може без проблем да ти го раскине договорот и да си одиш на друга работа.
 
Или пак обратна верзија, он да ти даде отказ.
Другар што направи е остави пиво во соба намерно, го виделе, го пријавиле и му дадоа отказ...

cige
исто и мене ме интересира, ако може некој да сподели какви опции има за интернет
 
Бев летото во 2012 , најлошото искуство во мојот живот.

Ова вреди да се оди единствено ако планирате да останувате таму , и ако останувате да има некој да ве прифати додека застанете на нозе. А да одите таму 4-5 месеци да им робувате на директорчињата на забавните паркови за бедни 8 долари на саат , е исто како да ве осудиле на робовладетелство од 10ти век.

Јас бев во Cedar Point во Охајо , мислам дека никојпат нема да го заборавам тој ужас таму. Зградата кај што беа сместени вработените ти е нешто слично како кај нас домовите за студентите , не ги ни исполнуваа основните услови за живот , а камоли да се надевате на нешто подобро. Работата ја работев од сабајле од 8 до вечер до 7 , имав работни саатови али подобро да ги немав. Се пржев цел ден на сонцето на 40+ степени и бркав деца да не се удават , и морав капата што ја носам да ја натопувам со вода на секои 20 минути за да не ми се испржи мозокот , додека нивните дебели родители си го ладеа со сладолед под чадор.

Зимав во просек по 450-500 долари неделно , 130 ми зимаа за смештај неделно , 70-80 долари трошев по автобуски превози месечно , и за јадене 200. И на крај ми останаа само 120-130 долари за да можам после првиот месец да си купам карта за Кливленд и да одам кај роднини што за среќа ме прифатија да поседам 2 месеци кај нив , додека не ми дојде датумот на авионската карта. Да не зборувам дека секое утро мора и химната да ја пеете во 8 саатот сабајле , кога и официјално се отвара паркот , а ако не ја знаеш ти даваат лист да ја научиш за следниот ден.

Нека се ебат сеа у газот , и ова лето ќе биде полно бугари , срби , македонци романци за да им служаат на дебелите капиталистички американски газови.

Ова е моето искуство , го споделив само и само зошто многу луѓе сонуваат дека кога ќе стапнат во америката уште на влезот ќе им биде дадена добра работа и добри услови. Ако би бирал сеа овој живот таму , и овој сеа моментално што го живеам во Македонија , би испаднало дека јас сум единствениот што несака да ја напушти државата , али верувајте ако размислувате да се селите низ светот било каде не само во америка, рачунајте дека првата генерација го јаде немиен , за после втората да има достоинствен живот со добро образование и добро работно место.
 
Од тие што остануваат што работат претежно ? (освен камион)
 
Или пак обратна верзија, он да ти даде отказ.
Другар што направи е остави пиво во соба намерно, го виделе, го пријавиле и му дадоа отказ...

cige
исто и мене ме интересира, ако може некој да сподели какви опции има за интернет
Не ти треба интернет на работа, ќе си имаш во куќата каде што ќе бидеш сместен. Па и таму ако немаш во starbucks и mcdonalds имаш супер брз интернет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom