- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.747
- Поени од реакции
- 2.562
И јас немам најдено никаква поврзаност помеѓу принципот на работа и минималната работна температура. Единствено може да е причина различниот фреон, доколку навистина е различен.Но сепак кога веќе сум тука дали има директна поврзаност на тоа што климата е инвертер со можноста да грее и на ниски температури. Колку што пробуричкав на нет и по други форуми јас таква врска не најдов. Разликата со обичната клима е во потрошувачката на електрична енергија поради можноста на компресорот да работи без да исклучи за разлика од оваа другата каде компресорот или работи или не. Заштедата наводно била и до 30% во потрошувачка на електрична енергија но исто така налетав и на податок дека ако климата се користи помалце од 3 сати непрекинато не се исплаќа да биди инвертер поради разликата во цена.
А кога го споделив размислувањето дали воопшто се исплати толку голема разлика во цена од обична клима до инвертер, во однос на заштеда на струја, ме разапнаа на темава како богохулник, а никој освен сопствено мислење не понуди аргумент.
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 11:15 ---
Значи сепак е можно името инвертери да го имаат поради уредот со исто име кој ја претвора наиз. струја во права (и обратно) а не поради тоа што прават размена на топлинаГенералната разлика е тоа што кај "инвертер" климите има DC мотори на кои иаат PWM контрола а со тоа и можност за регулација на брзината, односно вртежите. Кај обичните клими моторите се АС и работат на фиксен напон. Тука нема можност за регулација на вртежите.