Мислам дека си ја преплатил оваа клима, ако земеш дека имаш 24-ки многу поефтини, оваа например
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09120855/hisense-as-24hr4sfjvg со исто одличен цоп од 3.6 за 24 бту.
Кај мене тошиба 13-ка точно мерено за 15 дена во 25кв.од 27.11 до 10.01 на температура во собата од 20-22, нон-стоп уклучена дење-ноќе, потроши 110 кв, дневно просек 7.3, на саат просек околу 300 вати, користење без економичен модел, нормално проветрување одвреме навреме по 15-20 минути без да се гаси. Нема многу ниски температури во овој период. Можеби не е ништо посебно, некој има можеби и подобри заштеди, но не ми е целта да се натпреварувам со некој туку да дадам објективна слика на работите. Во овој период сигурно добро функционираат и обичните клими и даваат добра заштеда и тие во однос на било кој друг тип на греење.