Дејан Ангов од Сушица преку Словенија до Барселона во Шпанија?
Oд Сушица, преку Словенија до вратите на Барселона во Шпанија. Ова е патот на 16 годишниот Дејан Ангов, кој идниот месец треба да го помине последниот тест за евентуален трансфер во шпанскиот гигант.
Од околу илјада деца, момчето од Сушица кое со семејството живее во Словенија, поминувајки ги трите кампа на Барселона, успеа да обезбеди билет за Шпанија каде треба да ги презентира своите квалитети пред да го облече дресот на Барса.
Игра во одбраната. Никогаш не сонувал дека може да стаса на чекор до Барселона бидејки од секогаш бил навивач и лубител на кралскиот тим Реал Мадрид
Со својата игра Дејан веке го сврте вниманието на Словенците. Го побарале да заигра за тамошната младинска репрезентација но паралелно стаса поканата и од селекторот на македонската селекција до 19 години -Вујовиќ
Идниот месец момчето од Сушица треба да се докаже, не само за дресот на репрезентацијата туку и за неговиот сон, да биде дел од младинските погони на Барселона. По браката Попови, Горан и Роберт кои потекнуваат од ова село Дејан би можел да биде новото фудбалско изненадување од Сушица
Видеото пожете да го погледнете на следниот линк: