- Член од
- 30 септември 2011
- Мислења
- 2.714
- Поени од реакции
- 2.599
“Нешто за фудбалот“ - Фидан Коминовски
Фудбалот носи со себе подолга историја, бидејќи на зелениот терен по топката се трча веќе 170 години. Секако, ни интелектуалците не се имуни кон овој спорт. Мнозина се изненадени, што и уметниците, творците од било која определеност, манифестираат страст кон фудбалот. Се појавуваат многубројни книги, романи, раскази, монографии и репортажи, за најважната споредна работа на светот.
Францускиот нобеловец Албер Ками, воопшто не бил и во дилема, да ги изнесе своите спомени како фудбалер во алжирскиот универзитет во клубот “Расинг“. Тој во своите белешки тврдел: “Фудбалот ме научи на се она што треба да знам за моралот“. Потоа, Жан Пол Сартр во критиката на дијалектичкиот ум, како илустрација на својата теорија, како пример зема фудбалска екипа, како “група која зближува меѓусебе“.
Говорејќи за голманите во фудбалските тимови, рускиот автор Владимир Набоков ја бележи улогата, што многу е наметната. Го објаснува голманот како осамен орел, ас на авијацијата, човек на тајноста, тој дури е т.н. последен бранител на самата фудбалска екипа. Исто така, Едуардо Галеано, автор од Уругвај, истакнал: “Како и сите Уругвајци и јас сакам да бидам фудбалер“. Овој толкувач на Марадона и Пеле во својата книга “Фудбалот - сјај и темнина“ е осмислен од сториите за дриблинзите и мајсторските додавања на топката, кои значат пукот во мрежата. За Пеле, кажува дека минуваше низ противничките редови како нож.
Интересно е да се спомене, дека весникот “Монд“ објавува посебен додаток со седум фудбалски стории, под наслов “Седум писатели на стадионите“, во рамки на книга, се разбира со корици во зелена боја. Во Париз се појави и книгата насловена како “Жолт картон“ од Ник Хернби, кој имаше три љубови во животот - фудбалската топка, музичките плочи и жените, а токму на ним, на самите жени, е упатена оваа книга. Кога ќе го прочита романот, жената ќе нема ништо повеќе да разбира од фудбалот, но ќе ги засака оние што го сакаат.