Ја работам у кладилница, си дојдов сабајле на работа отварам компјутер ОП нови правила, ни ги разбирам ни бутур, се деси сабајлево да исплаќам неколку крупни тикети и настана каша и катанга. Сите ми урлаат и ми се бесат на куров, ко ја да им ги зимам парите, ни можеш ни да се објасниш ни да се разбереш. Законов педерски се погрижија да се мушне на мала врата, без никој да знае што е и да нема галама многу.
Иначе, да, ова е тотален ужас и промашај највеќе за играчите на големи пари. пошто они реално губат највеќе со ова, а после за кладилниците до негде што ќе мора да појачаат на персонал пошто цела таа процедура со куцањето на матичен, број на лична карта, курци - палци зема ужасно многу време, еве денес додека внесував податоци за еден играч, други 5 души си отидоа зошто им почнаа утакмиците во меѓувреме.
Малите играчи не се засегнати пошто они играат колку да се рече и кај нив муабетот е “ ја ќешки да фатам па нека земат’’ така да не верувам да пострадаат кладилниците од намален број на играчи, по мене дали 10% може ова да се одрази.
Остануваат и некои нерегулирани работи, како на пример кладењето во живо во кое ја треба да се претворам во супермен да завршам се, кладењето на странски државјани што немаат лична карта, а за да ги исплатиш мора да им внесеш информации и според мене најодвратното е личните информации на луѓето што мора да ги внесам, што има да го боли курот Станко ако Петко Митков фатил 50 бона а му знае и адреса и матичен и све.
Се на се, мислам дека ова ќе се истера, какви се закони не поминаа па за ова било проблем. Не верувам дека е ова крај на кладилниците како што се лае наоколу, “ја ќешки да фатам’’ ќе ги одржи во живот, ама голем залак од ќарот на нивна сметка ќе лапне државна лотарија со интернет-кладењето ради кое уствари се прави цела оваа пиздарија. Крајна цел не е да се затворат кладилниците туку да се подели пазарот меѓу нив и државата.
пс. и уште нешто зошто кладилниците не треба да ги жалите. Со ова за очекување е да се намали бројот на крупни играчи и уплати, а да се зголеми бројот на ситни фантезерски “за дваефче-што биде нека биде тикетчиња’’ кои во 99.9% од случаите не испаѓаат, а ја пунат касата највеќе од се. Така да врти сучи секогаш сиромавиот два пати плаќа. Наместо да пробуваме да го дупнеме пандурот и да бараме дупки и заобиколни патишта- бет 365фино лепо и чао пријатно.