Јас вчера искоментирав дека Надал не игра ништо посебно и дека не е во форма, ама денес Рафа изигра добар меч и ме демантираше во потполност... Добро, до душа немав изгледано ниту еден меч на Рафа сезонава освен еден сет против Ферер во Абу Даби.
Не изгледа толку лошо Рафа, солиден е, нормално може многу подобро ама не е очаен како во завршницата на прошлата сезона. Муабетот за чување гориво и слични работи мислам дека не важи затоа што денес се палеше како да нема утре за него, а и гледав малку реприза од мечот со Камке пред да почне дуелот со Гулбис и може да кажам дека Рафа е сериозен на турниров како да е Грен Слем, што впрочем е и работа на професионалните спортисти.
Инаку да се надоврзам за Монфилс, он може многу проблеми да му направи на Надал, но само ако биде на високо ниво, ако осцилира ќе изгуби лесно... По мене они двајца се 99% финалисти.