За последниве 36 часа, од сабота на пладне до недела на полноќ, 11,6kWh. Fujitsu ASYG12LE, грее дневна со кујна, дваесет и кусур квадрати.
синот има во станот (се всели пред месец дена и купи инвертор Фујитсу, може да е и истиот, 45-6 илјади го плати мислам), се убаво, но сега со огромната влага замрзнува целата надворешна единица и доста време и струја губи инверторот во одмрзнување ; инверторот е во дневна соба, а во спалната има маслени радијатор од 3кв, детската е измеѓу и не се грее, затворена е вратата, а во купатило има регистер од од 450в (номинално, а вграден е грејач од 900в, ама на 50% го држат нон стоп). Проблем е што под дневната има деловен простор што не е продаден а не му е направена никаква изолација на таванот, ниту спуштен плафон, па во дневната е ладно долу на подот.....
можеби е добро инверторот цело време да работи а на помала температура, наместо сега што му е на 25 да биде на 23 ама да работи 24х на ден ??
.. а размислуваме и за додатно греење во дневната (панел или греач во радијаторот) која има со кујната околу 25м2, но има и ходник до спалната од 5,6м2 ...