НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Никси имаат таков тим, ЗАТОА ШТО го имаат "Карамелата" во тимот. Додуша и газдата има огромна вина заради тотално идиотските трејдови...

Порано беше посебичен, сега е таков оти им е најдобар играч , ако не се неговите над 28 поени скеој натпревар , Никси ќе беа на делба со Јута.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Леле бе од сите екипи во лига најверојатно имаат најлош скор со Бобкетс.. ај да видиме сега кој ќе биде клач во продужетциве.. Геј кога го дадоа.. ај ин Дерозан ај траст.
незнам колку ги имаш гледано, ама Геј ништо не играше у Торонто

Следниот драфт се очекува да биде еден од најдобрите во историјата на НБА, слично како оној во 1984 и во 2003. Не е само Wiggins, тука е и Jabari Parker кој според многумина би можел да биде и прв пик, потоа Embiid, Exum, Randle, LaVine, играчи кои сите имаат шанси да се најдат што повисоко на драфтот, и кои сигурно ќе станат добри играчи.

Е сега ти кажи ми колку екипи од истокот имаат шанси да ги победат Мајами или Индијана во плеј-оф каде се игра до 4 добиени? Освен Њу Јорк и Бруклин кои не смеат да тенкираат бидејки немаат пикови на следниот драфт, друга екипа на истокот која би се спротивставила на Хит и Пејсерс моментално нема!

Иако и јас не се согласувам со начинот на кој се врши драфтот, каде екипите намерно губат за да имаат повисок пик, тоа е што е, па затоа подобро е да се најдеш во лотаријата за еден од најдобрите драфтови (каде мислам дека НБА ќе намести Вигинс да заврши во Торонто, како што беше случајот со Леброн и Роуз :) ), отколку да играш 4 натпревари во плеј-оф против Мајами, каде ќе се посрамотиш пред светот (види Милвоки минатата сезона).
Милвоки поштено се обрука и тоа со Редик, Јенгинс, Монта Елис итн. а имаше изјави ќе го добијат Мајами у 6 партии :)

затоа оваа сезона Бобкетс у плејоф и да покаже кој е кој. :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
незнам колку ги имаш гледано, ама Геј ништо не играше у Торонто



Милвоки поштено се обрука и тоа со Редик, Јенгинс, Монта Елис итн. а имаше изјави ќе го добијат Мајами у 6 партии :)

затоа оваа сезона Бобкетс у плејоф и да покаже кој е кој. :)
А бе ништо посебно не беше али имаше едно 3 клач шутеви :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.936
Поени од реакции
116.415
Абе види и мене не ми се допаѓа системот кој индиректно мотивира танкање на по неколку екипи секоја сезона (особено на пролет), ама системот е таков каков што е. Тимовите треба да го искорстат колку што е можно во своја корист.

А на овие твои коментари би ти одоговорил едноставно: Која е последната екипа која освоила титула без ѕвезда? Која е последната екипа која освоила титула без топ 5 пик во своите редови?

Поминаа тие денови кога беше возможно да се драфтува топ играч со понизок пик. Сега тие примери (во последните 4-5 години) се многу ретки - подобрен е скаутингот. Освен Пол Џорџ, а и тој не беше баш низок пик (10ти) нема ниту еден. Индијана ако освои титула ќе биде донекаде исклучок, затоа што имаа многу среќа во драфтот, ама не и правило.

Плус не мора да значи дека пикот треба да стане ѕвезда кој ќе го води тимот до титула самиот по себе. Пиковите се трејдаат за други ѕвезди постојано. Поентата е како да си ја дадеш најдобрата шанса за да станиш тим кој ќе се бори за титула. А најдобрата шанса моментално, особено оваа сезона, е висок пик на драфтот. Гаранција за успех, во ској случај со ниедна стратегија немаш.
Абе види, најбитната работа на драфтот е да имаш среќа. Може да си и убедливо најслаб тим во лигата а да не го добиеш пикот што го посакуваш. Е сеа друга многу битна работа е паметна управа, т.е. добар ГМ и добар скаутинг тим. Еве гледаме сезони наназад тимови ко Шарлот не може да мрднат од дното, а се тоа е поради лошото менаџирање на тимот. Не танкаат ваљда 10 сезони по ред :icon_lol:

Јас мислам дека Торонто веќе премногу очигледно го прави танкањето, се живо продаваат и губат некои добиени текми. :)

на смрдежите не им е угодено пошто второ полувреме не свиреа у нивна корист...пацери
Ја тек сабајлево на хајлајтсот видов дека ова било чист фаул над Џорџ. Ај бе жити мене поштеди ја темава од твоите ретардирани коментари, таман периодов добро тргна дискусијава тука. Сега и Индијана ли ти се смрдежи? Ајде од Лејкерс и Коби знаеме дека имаш комплекси, ама сеа и Индијана ли почнаа да ти сметаат?
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
@MkDon Е тоа е финтата што не ми се верува НБА да и помогне на екипа од Торонто. Сезонава пола лига танка, и во лигава сигурно има минимум 5 екипи што се бетер од нас и најверојатно би имале поголеми шанси да добијат подобар пик од нас. Што би се рекло се танка во надеж дека на пикот ќе се добие добар играч за еден да се игра во Плејоф нешто што може да го направиме и сега.
Јас напротив мислам дека Репторси конечно почнаа да работат како озбилен клуб. Го отпуштија Коланџело кој фрлаше пикови во трејдови и поради егото не сакаше да го шутне Барњани кого тој го избра како прв пик на драфтот. Од летово претседател на клубот е Tim Leiweke, поранешен претседател на Лејкерси во време на најголемите успеси на Ел Еј. Новиот менаџер, Масаи Уџури со кого никој не треба да си има работа бидејќи знаеш дека ќе те заебе при трејд (прашај ги Никси :)). Во врска со Руди, човекот заработуваше околу 18 милиони долари годишно, од кои Уџури се ослободи за следната сезона, плус колку и да сакав да успее во Торонто, никако не функционираше.​
Исто така по стапките на Бруклин со Џеј Зи, Торонто го именуваше раперот Дрејк кој е голем фан, за амбасадор на тимот.​
(горе споменатата тројка)​
А за Вигинс, чудото од дете, родено во Торонто, моментално зборува цела Канада. Кога се случија промените летово во Торонто, градот конечно доби и Ол Стар натпревар во 2016 кој ќе биде прв надвор од границите на САД. Торонто спрема и ново лого, бои и дресови за 2 години, тотален ребрендинг, за кои ќе им треба главна ѕвезда како Вигинс.​
А причината поради која мислам дека Вигинс ќе заврши токму во Торонто е драфтот во 2008 година, кога Чикаго заврши со 9-ти најлош скор во лигата, но на лотаријата за драфтот го доби првиот пик иако имаше 17 „топчиња“ наспроти 250-те на Мајами кој заврши со најслаб скор.​
А Дерик Роуз е роден во...тадаам ЧИКАГО :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.936
Поени од реакции
116.415
Се слагам со МкДон, Репторси паметно прават што разменуваат некои играчи, затоа што се спремаат на големо за следниот драфт. Башка, и да немаше јак драфт сепак Руди Геј со 18 милиони плата??? Wait the second...
За претседателот не сум знаел, еве тек сега дознавам дека им е поранешниот претседател на Лејкерси што е страшно добар потег за нив.

П.с. :D:D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Јас напротив мислам дека Репторси конечно почнаа да работат како озбилен клуб. Го отпуштија Коланџело кој фрлаше пикови во трејдови и поради егото не сакаше да го шутне Барњани кого тој го избра како прв пик на драфтот. Од летово претседател на клубот е Tim Leiweke, поранешен претседател на Лејкерси во време на најголемите успеси на Ел Еј. Новиот менаџер, Масаи Уџури со кого никој не треба да си има работа бидејќи знаеш дека ќе те заебе при трејд (прашај ги Никси :)). Во врска со Руди, човекот заработуваше околу 18 милиони долари годишно, од кои Уџури се ослободи за следната сезона, плус колку и да сакав да успее во Торонто, никако не функционираше.​
Исто така по стапките на Бруклин со Џеј Зи, Торонто го именуваше раперот Дрејк кој е голем фан, за амбасадор на тимот.​
(горе споменатата тројка)​
А за Вигинс, чудото од дете, родено во Торонто, моментално зборува цела Канада. Кога се случија промените летово во Торонто, градот конечно доби и Ол Стар натпревар во 2016 кој ќе биде прв надвор од границите на САД. Торонто спрема и ново лого, бои и дресови за 2 години, тотален ребрендинг, за кои ќе им треба главна ѕвезда како Вигинс.​
А причината поради која мислам дека Вигинс ќе заврши токму во Торонто е драфтот во 2008 година, кога Чикаго заврши со 9-ти најлош скор во лигата, но на лотаријата за драфтот го доби првиот пик иако имаше 17 „топчиња“ наспроти 250-те на Мајами кој заврши со најслаб скор.​
А Дерик Роуз е роден во...тадаам ЧИКАГО :D
мислам дека е роден во Онтарио, а навива за Торонто пошто нема друг Канадски тим у НБА. Не ме фаќај за збор...
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380

LeBron James ‏@KingJames 6 h

I love @mchalmers15 like a blood brother! I was wrong and apologized to him! We good and will always be good. I ride wit him any & every day
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Навикнат е Чалмерс на вакви работи :icon_mrgr:
Против некаде изјава на Вејд дека дечкото бил умислен дека бил најдобар играч во тимот :vozbud:. Има цела компилација на јутуб како му се дерат :pos:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Член од
23 август 2010
Мислења
39.936
Поени од реакции
116.415
Навикнат е Чалмерс на вакви работи :icon_mrgr:
Против некаде изјава на Вејд дека дечкото бил умислен дека бил најдобар играч во тимот :vozbud:. Има цела компилација на јутуб како му се дерат :pos:
Не само тоа, има кажано и дека е најдобар плеј во цела лига. Мислам океј е понекогаш да се биде и малце субјективен, али ова неговово е хаос. :D

А оној Барњани каков глупак е :facepalm: Најдебилниот прв пик во историјата на НБА, заедно со Квеми Браун. Али Барњани е неприкосновен, затоа што е и дрво и дебил. Реакцијата на Фелтон беше...:eek::eek: :pos:
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Ја тек сабајлево на хајлајтсот видов дека ова било чист фаул над Џорџ. Ај бе жити мене поштеди ја темава од твоите ретардирани коментари, таман периодов добро тргна дискусијава тука. Сега и Индијана ли ти се смрдежи? Ајде од Лејкерс и Коби знаеме дека имаш комплекси, ама сеа и Индијана ли почнаа да ти сметаат?

koa si sitnaa 15 razlika nema faul ne faul....Wade se vrajka u forma
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom