Јас напротив мислам дека Репторси конечно почнаа да работат како озбилен клуб. Го отпуштија Коланџело кој фрлаше пикови во трејдови и поради егото не сакаше да го шутне Барњани кого тој го избра како прв пик на драфтот. Од летово претседател на клубот е Tim Leiweke, поранешен претседател на Лејкерси во време на најголемите успеси на Ел Еј. Новиот менаџер, Масаи Уџури со кого никој не треба да си има работа бидејќи знаеш дека ќе те заебе при трејд (прашај ги Никси

). Во врска со Руди, човекот заработуваше околу 18 милиони долари годишно, од кои Уџури се ослободи за следната сезона, плус колку и да сакав да успее во Торонто, никако не функционираше.
Исто така по стапките на Бруклин со Џеј Зи, Торонто го именуваше раперот Дрејк кој е голем фан, за амбасадор на тимот.
(горе споменатата тројка)
А за Вигинс, чудото од дете, родено во Торонто, моментално зборува цела Канада. Кога се случија промените летово во Торонто, градот конечно доби и Ол Стар натпревар во 2016 кој ќе биде прв надвор од границите на САД. Торонто спрема и ново лого, бои и дресови за 2 години, тотален ребрендинг, за кои ќе им треба главна ѕвезда како Вигинс.
А причината поради која мислам дека Вигинс ќе заврши токму во Торонто е драфтот во 2008 година, кога Чикаго заврши со 9-ти најлош скор во лигата, но на лотаријата за драфтот го доби првиот пик иако имаше 17 „топчиња“ наспроти 250-те на Мајами кој заврши со најслаб скор.
А Дерик Роуз е роден во...тадаам ЧИКАГО
