Зошто му дозволуваш на Јонзе да ти го користи акаунтот?
TDKR имаше неколку глупости од кршењето кичма и најглупавата смрт на Бејн, но сепак фактот дека Нолан имаше поинаков пристап кон суперхероите одземајќи им ги надреалните моќите (Скеркроу, Рас Ал Гул, Џокер и Бејн беа обични луѓе и ништо повеќе) мене ми го направи серијалот уникатен.
Не ме сфаќај погрешно, многу ги сакам X-Men, (освен Вулверин со Хју Џекмен и Лив Шрајбер кога му беше брат
), и уште сум на истото мислење дека трилогијата е одлична. Ама TDK дека е најдобар филм, не филм туку филмиште, Begins е визуелно одличен, а TDKR го има најдобриот негативец, јас сметам дека нема подобар серијал со суперхерои од овој.
Зошто.. па, и бараше и бараше, па му даде. Get it get it?
Иначе, си играат расипан телефон, Мара ако сака да дискутира - нека се регистрира.
Љуљзим сеуште не е зафатено.
Или нешто посуптилно, како.. Varys.
TDK е филмиште, и не само што ниеден од X-Men нe смее воопшто да се спореди со, туку се носи и со многу повкалитетни филмови, ради неверојатната глума при портретирањето на Џокерот, од фантастичните дијалози и цитати што ќе се цитираат долго, до кулминација до све. Совршен филм. Што не би рекол и за другиве. Лично, не се поврзав како серијал за филмовите. Сите ми се некако stand alone. A со напуштањето на проектов Бејл, целиот new take on Batman немаше и реална шанса за идење нагоре, но ете, се извадија со фузијата со Супермен, јас едвај чекам да ја видам насоката и атмосферата од тој проект. Зборот ми е, како серијал, X-Men ми е поразработен, покомплексен и затоа одтаму поинтересен како серијал. Иако некои филмови (како двата за Волверин) ги оценив со 3/10, сепак се подлога и разработување на приказната и целиот тој универзум. First Class ме изненади многу и го раздвижи серијалот и насочи во насока во која го изгуби детскиот шмек и го спрема серијалов како и за веќе возрасните фанови така и за.. well, возрасните. А притоа избегнувајќи го скоро-неизбешниот дарк-иш момент потребен за постигање тој ефект.
Брајан Сингер има зацртано што со серијалов и си тера, затоа направи разлика и види колку се примеќа неговото отсуство (Wolverine Origins и новиот). Days of out future lives повеќе го чекам од TDKR, а среќа негов е и Apocalypse. Кој сака да се спојлне малку може да прочита за Apocalypse меѓутоа одзимајќи си дел од задоволството за Days
тука. Јас неможев да оддолеам, ме заинтересира дека е центриран околу првиот мутант стар неколку илјада години, плус морав да дознаам за враќањето назад во следниот филм ионака.. Го сфаќам моментот на реализам, суперхерои како Бетмен и негативци како Џокер, Бејн.. без супермоќи и се тоа, ама суперхероите, во духот на детството, за мене мора да бидат бедес, not just talk the talk туку малку и од walk the walk, and we have the technology! (Оти сепак, просто гледано останува гледање на Кик Ес филмови, само сериозни). Разновидноста кај мутантиве и денешниве ефекти, Сингер зад проектот и со малку среќа средени дијалози серијалов заслужува поголем хајп од суперменов и/или авенџерите дефинитивно.
Kaко и да е, ми се допаѓа своевидното мерење курови меѓу dc - marvel. Оти ни одговара, нам, публиката. Последниве години се изнагледавме филмови за суперхерои.
Мојот глас иде за X-Men, како серијал, да, тоа сакав да кажам уште од старт.
Не ти личеше на Михаил, русинот што го уби Чарли во ЛОСТ, мамата негова...?
--- надополнето: 11 декември 2013 во 16:31 ---
The Gangs of New York
The Beach
The Aviator
и од оправдани причини да не навлегуваме подлабоко.
Ди Каприо ти е маестрален и неповторлив колку Бонера што е солиден и мудар.
Се согласувам за Дикаприо и другото, освен за Gangs of New York.
Ми се допадна колку што памтам.
Добар филм е
Pioneer, трилер по вистинска приказна за модерен патритизам во Норвешка. Од мене 7ца
Одамна чекам форумско мислење..
Инди сајфај беше така? Топ. Ќе го биде за вечер.