Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И еве уште еднаш да искористам прилика кога сме кај фудбалски документарци: The Two Escobars

Форест, го изгледа?

Не можам да тагнам никого. Се распаѓа форумов...
:) mode - off
:( mode - on


Го изглеав. Со таа приказна уствари и пораснав. Јебеш ти Баџо и промашениот пенал! На мојот 8-ми пат како обиколев околу сонцето ја средија Мо со нож. На моето 9-то обиколење околу сонцето се деси Сена, се деси и ова.

Сена ме потресе многу. Ама многу!:place: Поголеми се шансите Фифи да добие менструација, отколку да не заплачиш на филмот за Сена. Каков човек, која аура, која грандиозност...:(

Првиот дел од Ескобарите ко Блоу на Дип да го глеав. Во вториот дел се ужаснав од гревот кој го сторе таа човечка олуја од бездушни џелати. Чудно, и мене некако ме печеше тој нивни животински нагон за плукање и убивање. Ко да се препознав или ко да го препознав и ова наше поднебје, посебно таа бесконечна реинкарнација херој-издаица-херој...

Велат најголемата кажана лага е кога зборите на телефон и велите:"И она те тебе поздравува".

Тоа, едноставно није тачно.

Најголемата лага е ако некој ви каже дека ова се спортски документарци.

Ова се лекции од животот и тоа со неговите најсурови сегменти. Стај под графата, задолжително за гледање.

После овие два филма од Јо, пиев козјо млеко, јадев овча пастрма и слушав јужњачки метал за да се вратам у нормала. :(
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
Форест, од сега да пишуваш во темите за рецензии. Најдобри рецензии пишуваш. Морална поддршка! :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Го заборавив Сена кое филмиште беше:cuc:
Треба пак да го изгледам, шо вика Форест, ако не се потресеш од таа приказна ти си емоционално заостанат.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Од спојлери да не куртули.така да му кажеш.
Отидовме оф топик. Нема веќе спојлери за него ги прочита книгите (некои делови по неколку пати) може ќе те интересира да знаеш дека ја гледа пак Лост во некоја блу реј верзија 5гб една епизода ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
Форестиште, еве ти уште еден што ќе те раздрма до коска: Bus 174 (2002). Ќе речев дека е на тема заложничка криза, но и тоа би било лага. Филмот е за сите нас, за нашите предрасуди, стравови и гневови. Уствари, ќе те оставам тебе да ја напишеш рецензијата.

Потребни додатоци:

- Англиски превод
- Сок
- Џиџи-миџи
- Палома

Непотребни додатоци:

- Читање содржина
- Гледање трејлери

Ете.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Инаку X-Men ми стана омилен серијал, барем во однос на Хулк, Капн Америка, Тор - Авенџерс или Супермен/Бетмен франшизата.
И јас го имав истото мислење за X-Men, дека трилогијата не се мери со другите суперхеројски филмови, додуша Кептен Америка, Тор и Ајрон Мен не сум ги гледал (не ни планирам), но летово маратонски ја репризирав Бетмен трилогијата на Нолан и мислам дека е неколку класи подобра, со The Dark Knight на врвот. Не верувам во наредниве сто години Икс мените да се доближат до такво совршенство од филм.
@Iceboy шо чекаше досега со икс мен? :(
Под број 4 http://www.cracked.com/article_20497_5-great-movies-with-mind-blowing-symbolism-you-didnt-notice.html :icon_mrgr:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Никогаш не сум бил фан на Икс Мен, не знам зошто.
Треба и нив и Ајрон Мен да ги изгледам веќе конечно, ама како шо викаш ти тешко Бетмен на Нолан да ми ги надмине некој.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
додуша Кептен Америка, Тор и Ајрон Мен не сум ги гледал (не ни планирам),
+1
Само првиот дел од Човекот со пеглата го гледав, ама полека го бришам од меморијата.

Патем, Kick Ass 2 подобар од 1 пошо Кољо Кафез го нема, ако не се смета глупата слика.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
И јас го имав истото мислење за X-Men, дека трилогијата не се мери со другите суперхеројски филмови, додуша Кептен Америка, Тор и Ајрон Мен не сум ги гледал (не ни планирам), но летово маратонски ја репризирав Бетмен трилогијата на Нолан и мислам дека е неколку класи подобра, со The Dark Knight на врвот. Не верувам во наредниве сто години Икс мените да се доближат до такво совршенство од филм.
@Iceboy шо чекаше досега со икс мен? :(
Под број 4 http://www.cracked.com/article_20497_5-great-movies-with-mind-blowing-symbolism-you-didnt-notice.html :icon_mrgr:

Верувај, долго.. ок, не толку долго, ама исто мерев дали Бетмен или Иксмен повеќе ми се допаѓаат.
Јас сум diehard Dark Knight фан, од дијалози до глума до ефекти и забава до поента. Совршен филм. Ама како филм.
Како серијал, не би го запамтил толку без Леџер. Иксмен ми е покомплексен серија, поразработен. Како за суперхерои серијал, за мене е Иксмен.

+1
Само првиот дел од Човекот со пеглата го гледав, ама полека го бришам од меморијата.

Патем, Kick Ass 2 подобар од 1 пошо Кољо Кафез го нема, ако не се смета глупата слика.
Инаку, како на негледано оценувате? :D Океј, стварно беа лоши Америка, Тор и Ајронмен.. донекаде и Хулк, ама вреди да се ѕирнат, како за пред Avengers и целата замисла околу арков.

пс. Kick Ass 1 > Kick Ass 2... ne se ni diskutira, realno.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
+1
Само првиот дел од Човекот со пеглата го гледав, ама полека го бришам од меморијата.

Патем, Kick Ass 2 подобар од 1 пошо Кољо Кафез го нема, ако не се смета глупата слика.
Еден другар го гледаше Кикес 2 истата вечер кога го гледав и јас и другиот ден на кафе му викам - абе шо бараше Џим Кери во филмон, ми вели - кај беше бе тој не го видов? :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Пошто првиот дел ептен ми се допадна, и одма после гледањето на филмот си купив и неколку од новелите за ричер баш возбудливи вести ми се овие :vozbud:
http://kajgana.com/tom-kruz-kje-ja-reprizira-ulogata-na-dzek-richer

Ма да во новелите не е подпросечно висок белец ама за Том Круз се работи ако треба да глуми live action филм за Сунѓерот Боб со задоволство би го гледал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom