Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, би сакал да прашам некој од тие што биле до сега во Америка да работат какво искуство имаат... Јас размилувам да одам годинава, само што имам неколку работи што ме мачат, т.е не сум баш добро информиран. Прво, не знам многу англиски, т.е ептен слабо, онака само основни работи, второ некој што знае сигурно би сакал да ми каже колку пари треба да се даде т.е колку пари ќе фати се пред идење (одприлика) виза, за агенција и слично... Трето, за виза мислам дека би добил, пошто сум 2 ра година на факултет, од прва година имам 8 од 10 положено, сега малце ми е проблем што годинава се префрлив вонредно бидејќи работам, исто така можам да земам препорака од УСАИД Македонија (иако не знам дали и колку би ми помогнала) и за крај сакам да прашам колку од прилика се платите таму, т.е колку од прилика би заработил со не многу шетање (т.е колку сте заработиле вие што сте биле и сте се вратиле)... Се надевам некој ќе ми одговори, и фала :)
 
Штом си вонреден не можеш воопшто да аплицираш, освен ако имаш некои врски на факултет па да ти издадат потврда дека си редовен и ако во индекс никаде не ти пишува дека си вонреден. :)
 
Аооо... Значи единствен спас да си се префрлам пак редовен?
 
Знае ли некој за апсолвентите како оди работата?
 
Се пријавивме преку Наром, уплативме се, само уште работа да најдеме, ама за парови изборот е многу мал. Има една опција, Ocean House - Rhode Island, само таму 100 долари е смештај неделно, што мислам дека е премногу и еден оброк на ден е овозможено. Дајте совети, споделете искуства или информации, дали ова е во ред или мислите дека можеме подобро? Бил некој тука? Знае како е?
 
Јас напишав неколку страни назад, бев Mackinac Island, солидно се заработува и лесно се наоѓа плата, плус ако сте пар повеќето од раб отодавците нидат сместување кое е ефтино а има можност како пар да живеете.
Разгледај на интернет во хотелите и ресторани таму пиши им е-маил и се надевам ќе најдиш нешто.
 
http://www.j1jobs.com/
За сите што барате работа... регистрирајте се и погледнете има доста добри понуди низ цела Америка. Можите да го контактирате работодавачот и да пларите дупло помалку во агенција овде. Наместо Premium че одите на Self ;)
 
Интересно. Сподели некоја информација ако си бил или познаваш некој што отишол на овој начин. :)
 
Знае ли некој за апсолвентите како оди работата?

http://forum.kajgana.com/threads/work-and-travel-usa.24584/page-134#post-6287339

Читајќи ги искуствата на повеќе членови, најмногу нешто што ти треба за да ти дадат виза е среќа, има многу различни искуства но главно среќа...
Јас сум апсолвент исто, имам 6 предмети неположени, ќе аплицирам па ако се склопат коцките и дадат виза супер ќе биде.

Иначе има ли некој што планира таму да остане и да продолжи да работи ?
бидејќи според агенцииве, се жалат дека премногу студенти им имаат останато на црно , не се вратиле...
 
Ако може некој да сподели искуство што одел преку агенцијата Intrax, конкретно ме интересира за програмите што ги нудат за Hard Rock cafe :) Фала однапред
 
Дај предложете некое casual место, појма немам за каде да аплицирам.
 
Да ве прашам нешто..,дали е подобро да работам работа што е пр.3.5 $ до 5$+tips или да работам некоја што е подобро платена,накај 8-10$ но без tips..Значи во суштина ме интересира колку се бакшишите, во глобала :)
 
Зависи што ќе работиш, ако си келнер во добар ресторан околу 18-20 % е бакшиш од сметката, ако си басер, food runner, хост/хостеса, најчесто се зема процент од бакшишот на келнерите . Така да ако имаш понуда за добар ресторан дефинитивно нешто со бакшиш. Ако е лош ресторан тогаш подобро на фиксна плата.
 
имате ли искуство за работа на брод ?
--- надополнето: 20 декември 2013 во 00:27 ---
нешто ми кажаа ferry rabbit ?
 
Да ве прашам нешто..,дали е подобро да работам работа што е пр.3.5 $ до 5$+tips или да работам некоја што е подобро платена,накај 8-10$ но без tips..Значи во суштина ме интересира колку се бакшишите, во глобала :)

8 не ти е кој знае колкава плата, освен ако имаш мали трошкови за смештај и храна. Со една работа и 40 саати неделно е лошо. Ако имаш 2ра или прекувремена работа, тогаш е ок. Ако имаш избор, оди со позиции што се на бакшиш, повеќе пари можеш да направиш.
За тие што прв пат одат, разгледајте многу опции. Платата не е се. 8 долари на саат е супер ако не плаќаш смештај и добиваш 3 оброка дневно, а 10 долари е малку ако правиш по 35 саати и плаќаш 100 долари смештај без храна. Дај му предност на местото што ти дозволува лесно да си најдеш втора работа, ако одиш за пари. Пред да прифатите понуда (некој претходно спомна да не одите на саем, туку барајте конкретни понуди од агенцијата, се согласувам со тоа), прашајте ја агенцијата да ви даде контакти од луѓе што претходно биле, скоро сите работни понуди им се повторуваат од година во година. Тие најдобро ќе ви кажат што е добро, а што лошо за работата и местото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom