eternum
-- 21 incoming ? --
- Член од
- 27 јуни 2007
- Мислења
- 1.030
- Поени од реакции
- 1.167
Искрено очекував ваков развој на ситуацијата, дури и имаше утакмици на претходните првенства кога и сакав да се случуваат вакви работи - без разлика што ми е криво, нервозен сум .... Едноставно сакав да ја видам искреноста кон клубот. Серам и јас по утакмици, ама има постови што сеМногу ми е криво за Мојс, сакам да успее. Има најтешка работа во историја на фудбалот.
Реално нема и среќа, не дека Манчестер овие два натпревари ги играше феноменално, но далеку од тоа и дека заслужи да ги изгуби. Под Ферги и полошо кога играа знаеа да ги добијат ваквите натпревари.
Сите чекаат да не успее, уште од првиот натпревар се вртат песимистички, па и лешинарски муабети, медиумите се тука да креваат галама со површни вести/анализи, плитка сензација. Тој е под притисок, тимот е под притисок (а што е најлошо и нема доволен квалитет). Лошо е кога тимот не верува во себе, се плаши од гол, затоа што се сомнева дека нема да се врати, секоја грешка значи уште повеќе губење на самодоверба, а уште и кога нема да се реализираат шансите...
Но, ако би морал да се кладам, јас би се кладел дека Манчестер ќе стигне до место кое што води во ЛШ.

Убаво кажа дечкото што ја коментираше утакмицава на Спорт Клуб - последната изјава на Ферги по подигањето на трофејот беше Имајте верба во клубот и дајте максимална подршка, без разлика на резултатите. Ова го кажа кога камерите почнаа да ги даваат "лојалните" фанови кои го напуштаа Трафорд. Одеднаш годинава значењето на еден транспарент сите го заборавија -- BELIEVE!