Кладилница (Генерална дискусија)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.220
Незнам како да изреагирам на твојот обид за трол. :confused: У темава испаднав будала со тоа што го искажав моето мислење во врска со местење утакмици. На 20 будали коа ќе пробаш да им објасниш нешто и не им влага у црпката пошо толку им "сече", ти испаѓаш будала. :(
Да не ме сфатиш погрешно, немам таква намера, но само една работа не ми е јасна.
Ако си толку уверен дека се мести на големо , која ти е поентата во кладењето? Се обидуваш како прво да сфатиш која ке биди наместена па да не ја одиграш, и после евентуално на ненаместената да имаш точна прогноза на резултатот или се обидуваш да сфатиш која и како ке биди наместена?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.925
Поени од реакции
116.349

ЛОООООООООООООООООООЛ, па ако 20 души ти реплицираат едно, а ти нон стоп збориш друго тогаш кој е во право? :D 20 глави се попаметни од една. :)
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Дечки не ви ја сфаќам полемикава околу местењето. Сакате да кажете дека има некој што верува дека не се мести а некој верува дека сите се наместени ? Пошо поинкау не ја гледам поентата на муабетов. Сите знаеме дека се мести, нормално не сите утакмици. Ама местење постои и секад ќе го има. Нормално има и киксови на фаворити кои си се најнормални киксови и ништо друго.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708

Нема полемика , тука има некои членови кои тврдат дека секој ден на големо се мести и тие не можат да фатат и во повеќето случаи баш таа "местената" ги руши на тикет.Најнормален муабет меѓу пензионери во кладилница.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188

Се мести на големо, точно, ама не може се да биде наместено. Се обидувам да ги најдам тие утакмици каде што според мене постои многу мала веројатност за местење. olaf даде добра поента: Секој ден во секој спорт постојат 1-2-3 изразити фаворити кои не оствариле победа минатото (и предминатото) коло, и тука веројатноста да падне местенка е многу мала.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Да не ме сфатиш погрешно, немам таква намера, но само една работа не ми е јасна.
Ако си толку уверен дека се мести на големо , која ти е поентата во кладењето? Се обидуваш како прво да сфатиш која ке биди наместена па да не ја одиграш, и после евентуално на ненаместената да имаш точна прогноза на резултатот или се обидуваш да сфатиш која и како ке биди наместена?
Комплицирано е за Дарко , тој за разлика од другите нормални обложувачи има дупла работа, да ги избегне "наместените" а потоа да ги погоди ненаместените.Сфати го и помогни му ако можеш.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.220
Дечки не ви ја сфаќам полемикава околу местењето. Сакате да кажете дека има некој што верува дека не се мести а некој верува дека сите се наместени ? Пошо поинкау не ја гледам поентата на муабетов. Сите знаеме дека се мести, нормално не сите утакмици. Ама местење постои и секад ќе го има. Нормално има и киксови на фаворити кои си се најнормални киксови и ништо друго.
Не бе таман работа дека не се мести, ама знаеш како велат.
И манекенките излегуваат, имаат друштвен живот, и тие се ебаваат. Само не со нас:(.
Така и со местените утакмици. Има , не велам дека не. Не се толку чести како што некој мисли, но ни тоа не е битно. Битното е дека нема шанси ние да ги знаеме предвреме. Е тоа е факт.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Нема полемика , тука има некои членови кои тврдат дека секој ден на големо се мести и тие не можат да фатат и во повеќето случаи баш таа "местената" ги руши на тикет.Најнормален муабет меѓу пензионери во кладилница.

Не ок за муабетот, ама у задње време глеам често се тера тука, па еднаш и не заклучија :D Иначе за местењето бар до тие што мислат дека многу се мести, и ако фатите да тепаат фаворитите и си речете Ех еве коа не се мести како се фаќа, може баш и тогаш има местење, ама местење у број на корни, у број на картони и сл. Тоа потешко се докажува и затоа големиве екипи си местат паметно. А не у Турција и слично апла прелази е како никој не казнуваат тоа не ми е јасно.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
ЛОООООООООООООООООООЛ, па ако 20 души ти реплицираат едно, а ти нон стоп збориш друго тогаш кој е во право? :D 20 глави се попаметни од една. :)
Ако 20 луѓе кажуваат едно, а ти друго, по default тие се у право? Еве до сеа погледав вести на неколку телевизии и неколку новинари и политичари пробаа да ме убедат у нешто и не им поверував. Дали и тие беа у право?
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Не бе таман работа дека не се мести, ама знаеш како велат.
И манекенките излегуваат, имаат друштвен живот, и тие се ебаваат. Само не со нас:(.
Така и со местените утакмици. Има , не велам дека не. Не се толку чести како што некој мисли, но ни тоа не е битно. Битното е дека нема шанси ние да ги знаеме предвреме. Е тоа е факт.

Многу јасно дека нема шанси да ги знаеме... Или евентулано ако сме нешто ептен блиски со некој у клубот, ама работата е што не мора ни тие у клубот да знаат дека утакмицата ќе биде наместена. Доволно е да се неколку играчи и судија да се во шемата за паметна местенка. Ко шо реков големи пари може да се сврата и у банални кладења како број на корни и слично. Скоро никој не е глуп да мести апла отворено. Мене реално киск на фаворит ми е најмала веројатност на местенка. Туку едноставно не им е денот некад а од друга страна послабите екипи секогаш се дупло помотивирани против јаки екипи. Да и нашето 2 - 2 со Англија у гости беше наместено :D
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.220
Комплицирано е за Дарко , тој за разлика од другите нормални обложувачи има дупла работа, да ги избегне "наместените" а потоа да ги погоди ненаместените.Сфати го и помогни му ако можеш.
Нека почни зарој да игра. Нема тука многу мудрување. Или ке паднат коцките или нема;).
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.925
Поени од реакции
116.349
Нема полемика , тука има некои членови кои тврдат дека секој ден на големо се мести и тие не можат да фатат и во повеќето случаи баш таа "местената" ги руши на тикет.Најнормален муабет меѓу пензионери во кладилница.
Како прееска еден во кладилница, одам да видам накај 8 саат дали има нешто да уплатам за од 20:30 па натака и седнав да го разлистам билтенот. Овој се клади у живо и таков целиот возбуден дека ништо не може да фати ми вика глеј Галата како ја местат... Прво мислев дека е нешто 2 у 1 или таква некоја слична дубара оно коа глеам 2-2 само што завршила. Викам како ја наместиле извини? Ми вика па глеј водеа 2-0 и 2-2 им напраија. Ајде океј пројде тоа, јас таков разлистувам по билтенот и зема почна да вика: Леле овие не здрави, 7+ ќе ја праат, е тоа ти е местење. И тоа у Спорт Лајф мониторот нон стоп трепка кога ќе падне гол, и на секоја 30та секунда трепка и овој: Види, видиии ги бе, 6-6 направија, овие не се здрави. Среќа се појави еден човек и го приземји кажувајќи му дека се тоа пенали. :D
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Киево-Реџина 1 & T1 од мене за утре со коеф. 2.2. Киево е во добра форма, а Реџина не е ништо посебно во втора лига и реално би било да загуби примајќи два гола.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.220
Многу јасно дека нема шанси да ги знаеме... Или евентулано ако сме нешто ептен блиски со некој у клубот, ама работата е што не мора ни тие у клубот да знаат дека утакмицата ќе биде наместена. Доволно е да се неколку играчи и судија да се во шемата за паметна местенка. Ко шо реков големи пари може да се сврата и у банални кладења како број на корни и слично. Скоро никој не е глуп да мести апла отворено. Мене реално киск на фаворит ми е најмала веројатност на местенка. Туку едноставно не им е денот некад а од друга страна послабите екипи секогаш се дупло помотивирани против јаки екипи. Да и нашето 2 - 2 со Англија у гости беше наместено :D
За се ти држи вода муабетот. Но друга е маката. Ако како што вика некој дека сите или скоро сите се местат, тогаш која е поентата во тоа што се кладиме. Значи прашањето не е дали знаеме кој ке бидат наместени пошто очигледно знаат една рака луѓе, туку дали се мести толку на големо или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom